TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

На Детската клиника нема нови случаи на инфицирани бебиња

А1 - 08.08.2004

На Детската клиника нема нови случаи на новороденчиња инфицирани со стафилококна бактерија. Последните две се примени во текот на вчерашниот ден. Во моментот на Одделението за меонатологија се наоѓаат 16 инфицирани бебиња, кои се родиле во Гинеколошката болница во Чаир.

ВО СКОПСКАТА ГИНЕКОЛОШКА БОЛНИЦА ВО ЧАИР, НЕМА НОВИ СЛУЧАИ НА ИНФИЦИРАНИ БЕБИЊА

Канал5 - 08.08.2004

На детската клиника во моментов се хоспитализирани вкупно 16 новороденчиња, кои имаат кожна инфекција. Сите се надвор од животна опасност, но според лекарите нема гаранција дека сите ќе завршат без последици по нивното здравје.

Нови четири бебиња со стафилокна бактерија

А1 - 07.08.2004

Нови четири бебиња инфицирани со стафилокна бактерија, примени се на Детската клиника во последните дванаесет часа. Дел од нив се хоспитализирани доцна синоќа, а другите две утринава. Новопримените бебиња имаат поголеми гнојници по телото и веднаш се ставени на појако дозирана терапија, велат на ...

Болницата затворена, директорот на одмор

Вест - 07.08.2004

Инфекција кај новороденчињата во "Чаир" Опасно е тоа што инфекцијата ја открила друга институција - Клиничкиот центар во Скопје, што според лекарите упатува на заклучок дека болеста зела поголем замав Породувањата во Специјалната болница за гинекологија и акушерство "Чаир" во Скопје ќе бидат ...

Со сепса заразени пет бебиња?!

Дневник - 07.08.2004

НОВОРОДЕНЧИЊАТА ВО ОПАСНОСТ Новороденчињата ја имаат бактеријата во крвта, но немаат симптоми на сепса, смируваат лекарите Пет бебиња што се родиле во скопската Гинекологија "Чаир" во крвта ја имаат бактеријата што може да предизвика сепса, покажале резултатите од испитувањата.

Лекарите се најодговорни за бебињата

Време - 07.08.2004

Даниела Алексоска Животите на бебињата во најголемата гинеколошка болница во земјава се загрозени поради невнимание и нестручно работење на лекарите. Ништо пострашно, ништо понеодговорно, и ништо понепростливо во една земја што сака да каже дека има организирано здравство.

Вработена во болницата „Чаир“ ги заразила бебињата

Време - 07.08.2004

САНИТАРНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ГО ОТКРИ ПРЕНОСИТЕЛОТ НА ИНФЕКЦИЈАТА Кај една од вработените во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Чаир“, каде што пред три дена од стафилококна инфекција беа заразени 26 доенчиња, е констатирана кожна инфекција и таа е привремено отстранета од работа, тврди ...

Родилиштето "Чаир" се дезинфицира, родилките се упатуваат во Државна болница

Утрински - 07.08.2004

По затворањето на Специјалната болница за гинекологија и акушерство Во Специјалната болница за гинекологија и акушерство "Чаир" се врши дезинфекција и се преземаат сите потребни хигиено-епидемиолошки мерки што ги препорача Министерството за здравство.

На Гинекологија Чаир има 30 мајки и бебиња

А1 - 06.08.2004

На Гинекологија Чаир сега има триесетина мајки и бебиња, кои се родени во последните неколку дена. Кај нив нема симптоми на инфекција, и доколку не се појават во наредните неколку дена, ќе бидат пуштени дома. Во болницата овие два дена се примаат само најитните случаи.

Родителите на инфицираните бебиња во Чаир очајни

А1 - 06.08.2004

Веднаш по обелоденувањето на скандалот за 26-те бебиња инфицирани со стафилококна бактерија, кои во последните дваесетина дена се родиле во родилишето во Чаир, директорот Кадри Жута го прекина годишниот одмор и се врати на работа.

КЛИНИКАТА ЧАИР НЕ ПРИМА НОВИ РОДИЛКИ, НО НЕ Е ЗАТВОРЕНА. СЕ ИСПИТУВА ОД КАДЕ ДОШЛА СТАФИЛОКОКАТА КАЈ НОВОРОДЕНЧИЊАТА

Канал5 - 06.08.2004

,,Гинеколошката болница Чаир не е затворена и нема никаква епидемија. Точно е дека неколку новороденчиња имаат кожна инфекција, но санитарниот инспекторат ќе каже дали ја добиле во болницата,, - вели првиот човек на најголемото родилиште во земјава, Кадри ,,Гинеколошката болница Чаир не е затворена ...

Родилиштето "Чаир" привремено затворено

Утрински - 06.08.2004

Поради позитивните наоди за интрахоспитална инфекција кај новороденчињата Родилиштето ќе биде отворено само за итни случаи кои не може да бидат транспортирани Ристе Недановски Родилиштето во Специјалната болница за гинекологија и акушерство "Чаир" вчера доби привремена здравствено-санитарна пломба.

Затворена болницата за гинекологија „Чаир“

Време - 06.08.2004

ПОРАДИ КОЖНА ИНФЕКЦИЈА Специјалната болницата за гинекологија и акушерство „Чаир“ ќе биде затворена најмалку една недела поради појава на кожна инфекција од која биле заразени 25 бебиња. Дел од новороденчињата што имале коњунктивитис и рани по кожата прво биле пуштени дома, а дел од нив веднаш биле ...

Бебиња заразени со кожна инфекција, "Чаир" под клуч

Дневник - 06.08.2004

ИНФЕКЦИЈА ЈА ТРЕСЕ ГИНЕКОЛОГИЈА "ЧАИР" Родилките се упатуваат во Клиничкиот центар Гинекологија "Чаир" од вчера е затворена бидејќи повеќе од 20 новороденчиња за неколку дена се заразиле со кожна инфекција. Бебињата биле префрлени на Клиниката за детски болести, каде што се под засилен лекарски ...

Времено затворено родилиштето во Чаир

А1 - 05.08.2004

Министерството за здравство доцна попладнево времено го затвори родилиштето во Чаир, поради кожна инфекција кај 27 бебиња, кои во последните две недели биле родени во специјалната болница за гинекологија. За да се спречи понатамошното ширење на епидемијата, Санитарниот и здравствен инспекторат ...

Во Родилиштето Чаир се јавила стафилококна болничка инфекција

Утрински - 05.08.2004

Здравствено-санитарните инспектори под вонреден надзор на Специјалната болница за гинекологија Во Специјалната болница за гинекологија и акушерство "Чаир" во Скопје вчера е извршен вонреден санитарен и здравствен надзор. Поради индиции за зголемн број инфекции кај новороденчињата, ...