TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Семејствата ги бараат телата и одговорност од Црвенковски, Костов и од Бучковски

Време - 23.10.2004

ПО ОФИЦИЈАЛНАТА ПОТВРДА ЗА СМРТТА НА КУМАНОВЦИТЕ Ивана Серафимова Далибор Лазаревски, Зоран Насковски и Драган Марковиќ, тројцата киднапирани кумановци во Ирак, се убиени. Ова вчера и официјално го потврди македонскиот експертски тим по анализа на видеозаписот од телевизијата „Ал џезира“ во Катар.

Далибор, Зоран и Драган се погубени

Време - 23.10.2004

СНИМКИТЕ ГО ПОТВРДИЈА НАЈЛОШОТО Тројцата кумановци Далибор Лазаревски, Зоран Насковски и Драган Марковиќ, кои беа киднапирани во август во Ирак, најверојатно се убиени, соопшти Владата на вчерашната прес-конференција. Според Владата, експертскиот тим што завчера беше испратен во Катар да ги провери ...

Очај

Вест - 23.10.2004

ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДЕНО ДЕКА ТРОЈЦАТА КУМАНОВЦИ СЕ УБИЕНИ ВО ИРАК Таткото на Далибор Лазаревски, скршен од болка, со солзи во очите прашува како можеше Владата 60 дена да не стори ништо за откривање на вистината за тројцата киднапирани, а по објавувањето на снимките експрес Мојот син не го убија ...

Роднините не сакаат да се помират со трагичните вести

Утрински - 23.10.2004

Семејствата Лазаревски, Насковски и Марковиќ ги бараат телата на своите најблиски како доказ за ликвидирањето во Ирак Семејствата Лазаревски и Насковски ги обвинуваат Бранко Црвенковски, Хари Костов и Владо Бучковски за смртта на Далибор и Зоран Столе Божиновски Жаклина Ѓорѓевиќ Куманово - ...

Зоран, Далибор и Драган се убиени

Утрински - 23.10.2004

Владините експерти ја потврдија автентичноста на снимката на Ал Џезира за ликвидацијата на тројцата Македонци Кумановците Далибор Лазаревски, Зоран Насковски и Драган Марковиќ се убиени во Ирак, потврдија владините претставници откако експертскиот тим кој престојуваше во Катар ја потврдил ...

Убиени тројцата!

Дневник - 23.10.2004

СТИГНА ИЗВЕШТАЈ за кумановците во ирак За Далибор Лазаревски и Зоран Насковски се претпоставува дека се погубени, а за Драган Марковиќ дека бил застрелан уште при киднапирањето Убиени се тројцата кумановци, Далибор Лазаревски, Зоран Насковски и Драган Марковиќ, кои во Ирак беа киднапирани уште во ...

Смртоносни негрижата и ордените на Рамсфелд

Дневник - 23.10.2004

ТАГА И РЕВОЛТ ВО СЕМЕЈСТВАТА Одмаздата стигна по доделувањето ордени на наши војници што во Ирак спасувале Американци - вели таткото на Далибор Лазаревски Солзи, болка и тага од вчера живеат во домовите на тројцата кумановци чии животи згаснаа во Ирак.

ВРАТЕНИТЕ КУМАНОВЦИ СРЕКНИ ШТО СЕ ДОМА НО ТАЖНИ ШТО ДАЛИБОР ДРАГАН И ЗОРАН СЕ УБИЕНИ. ТОНСКИ ТАНГУМА ДЕНЕСКА НЕ СЕ ...

Канал5 - 23.10.2004

Среќен што е дома, но тажен што меѓу оние што се вратија не се и неговите сограѓани Далибор, Зоран и Драган. Веста на арапската телвизија дека тие се убиени го вознемирила 30-годишниот Љупчо Кузмановски и била причина за да се врати во Македонија.

МОЈОТ СИН БАРАШЕ ПОМОШ

Вечер Прес - 23.10.2004

КУМАНОВО, 23 ОКТОМВРИ. За мене не се убијци Ирачаните, туку македонските власти. Виновни се премиерот, претседателот и министерот за одбрана, изјави Љубе Лазаревски, татко на Далибор, еден од двајцата кумановци кои беа киднапирани, а потоа и убиени во Ирак.

ЛАЗАРЕВСКИ, НАСКОВСКИ И МАРКОВИЌ СЕ УБИЕНИ

Вечер Прес - 23.10.2004

Експертскиот тим на Владата ги идентификува телата на Далибор Лазаревски, Зоран Насковски и Драган Марковиќ на неемитуваната снимка на катарската телевизија "Ал Џезира". Според прелиминарниот извештај на видеоснимката се прикажани три усмртени тела.

Кобната вест на семејствата им била соопштена во 3 часот по полноќ

А1 - 22.10.2004

Кобната вест на семејствата Лазаревски, Насковски и Марковиќ им била соопштена во три часот по полноќ. Сите три семејства, собрани во домот на најмладиот, Далибор Лазаревски, го чекале премиерот Костов и министерот за внатрешни, Аврамовски, кој требал да им ја каже вистината.

ПОТВРДЕНО УБИСТВОТО НА ТРОЈЦАТА КУМАНОВЧАНИ ВО ИРАК

Канал5 - 22.10.2004

Прелиминарниот извештај на експертскиот тим, подготвен по визуелното прегледување на интегралниот снимен материјал потврдува дека на снимката на трите усмртени тела од Катарската телевизија Ал Џезеира се работи за Далибор Лазаревски, Зоран Насковски и Дра Прелиминарниот извештај на експертскиот ...

Семејствата се молат да заврши овој пекол

А1 - 21.10.2004

Изминува и овој ден, а семејствата Лазаревски и Насковски се уште немаат информации од македонските власти за тоа што тимот предводен од заменик министерот за МНР Фуад Хасановиќ го виде во телевизијата Ал Џезеира. Семејствата велат дека веќе ги издава силата, а неизвесноста ги убива.

Триесетина кумановци денеска ќе заминат за Ирак!?

Утрински - 21.10.2004

И покрај големата трагедија, во Куманово не спласнува интересирањето за работа на Блискиот Исток Вчера околу 13 часот од Службата за аналитика на СВР- Куманово известија дека имаат основани сознанија дека денеска за Кувајт ќе замине нова група од 30 работници, кои потоа требало да бидат ангажирани ...

"ПРВО ВАМ ЌЕ ВИ ЈА СООПШТАМ ИНФОРМАЦИЈАТА ШТО ЌЕ ЈА ДОБИЈАМ"

Вечер Прес - 21.10.2004

КУМАНОВО, 21 ОКТОМВРИ. - "Моето доаѓање кај вас е единствено од човеч- ки причини. Ви ветувам дека првата информација што ќе ја добијам за вашите Далибор и Зоран прво вам ќе ви ја соопштам", им рекол завчеравечер премиерот на РМ, Хари Костов, на семејствата Лазаревски и Насковски на средбата ...

Првите информации за Далибор и Зоран се очекуваат утре

А1 - 20.10.2004

Првите информации за судбината на Лазаревски и Насковски може да се очекуваат утре, откако експертскиот тим кој отпатува од Македонија за Катар ќе ја погледне снимката на која Ал Џезеира тврди дека се гледа егзекуцијата на македонските граѓани.

Семејствата на кумановците во очекување на вистината

А1 - 20.10.2004

Незнам како ќе го минеме овој ден, велат семејставата Лазаревски и Насковски кои утре очекуваат да ја слушната вистината за Далибор и Зоран. Дали тие се убиени како што објави телевизијата Ал Џезаира или снимката од егзекуцијата е монтажа.

Од мака ставија глава в торба, а сега се молиме да се живи!

Време - 20.10.2004

Ивана Серафимова „Дали“ и „зошто“, „вистина ли е“, „мораше ли“, „кој е виновен“ се прашањата што во солзи ги поставуваат членовите на семејствата на Зоран Насковски, Далибор Лазаревски и на Драган Марковиќ, киднапираните кумановски работници во Ирак. „Чекаме некој да ни каже што се случува.

Отидоа по пари за свадба

Вест - 20.10.2004

македонија во шок по ликвидацијата на кумановците во ирак Зоран и Далибор, идните дедо и зет, пред два и пол месеци заминале за Ирак за да спечалат пари и по враќањето да направат свадба, за да ја прослават долгогодишната љубов на Далибор и Билјана и да си ги ородат семејс Семејствата Лазаровски и ...

Далибор не ми беше само внук, туку и другар

Утрински - 20.10.2004

Дедото Славко не може да поверува дека неговиот внук е убиен Секое утро, пред да тргне на работа со таксито, спортски ќе се поздравевме Дивата населба во Куманово е претежно со граѓани од албанско етничко потекло, но нема човек што не го познава семејството Лазаревски, чиј син Далибор, убаво 24 ...

Наместо свадба, плач во куќите на Лазаревски и на Насковски

Утрински - 20.10.2004

Веста на катарската телевизија Ал Џезира ги скамени срцата на семејствата на настраданите Далибор заминал за Ирак со својот несуден дедо Зоран за да заработи за свадба Жаклина Ѓорѓевиќ На улицата ?Правда Спасовска" број 40 во кумановската дива населба, од завчера се слушаат лелеци и плач.

Зоран беше семеен човек и голем домаќин

Утрински - 20.10.2004

Очај на Верка Насковска и нејзините две ќерки Зоран Насковски беше професионален возач со над 20-годишно работно искуство Само голема мака може да го натера човек како кумановецот Зоран Насковски да остави семејство и да тргне на опасен пат во потрага по корка леб, на простори на кои моментално се ...

"Не направивте ништо да ги најдете"

Дневник - 20.10.2004

НЕИЗВЕСНОСТ И РЕВОЛТ ВО СЕМЕЈСТВАТА ЛАЗАРЕВСКИ И НАСКОСКИ Како можеше да не се покрене никаква истрага за нашите откако тие беа киднапирани, го прашаа семејствата заменик-министерот за надворешни работи Страв и неизвесност за судбината на своите најблиски од завчера владеат во семејствата на ...

Негрижа за киднапираните

Дневник - 20.10.2004

реакции Пратениците со болка реагираа на веста за убиството на кумановците Зоран Наскоски и Далибор Лазаревски во Ирак. Опозициските пратеници ја обвинија власта дека нема капацитет да ги заштити македонските граѓани и побараа одговорност, а пратениците од владејачкото мнозинство сметаат дека ...

Семејствата Лазаревски и Насковски и овој ден го минуваат во неизвесност и очекување на официјална информација што се ...

Канал5 - 20.10.2004

Семејствата Лазаревски и Насковски и овој ден го минуваат во неизвесност и очекување на официјална информација што се случило со Далибор и Зоран. Велат, ќе преживаат до утре кога македонската делегација во Катар ќе им ја каже вистината за нивните бли Семејствата Лазаревски и Насковски и овој ден го ...

СЕМЕЈСТВАТА ЧЕКААТ ОФИЦИЈАЛНА ИНФОРМАЦИЈА

Вечер Прес - 20.10.2004

КУМАНОВО, 20 ОКТОМВРИ.- Шокантната вест објавена на катарската телевизиска мрежа "Ал Џезира", уште повеќе внесе немир кај семејствата на тројцата кумановци, Далибор Лазаревски (24), Зоран Насковски (48) и Драган Марковиќ (45).

Семејствата Лазаревски и Насковски се уште во очекување

А1 - 19.10.2004

Дали Далибор и Зоран се живи или кобната вест, која ја објави телевизијата Ал Џезеира, дека тие се убиени, е точна? Во ваква неизвесност од вчера живеат семејствата на Далибор Лазаревски и Зоран Насковски. Во очекување на официјална потврда или демант од Владата, семејствата велат дека слушаат ...

Костов ги посети семејствата на киднапираните

А1 - 19.10.2004

По едночасовната вечерна посета на премиерот Костов роднините на киднапираните кумановци во Ирак не дознаа ништо ново. Посетата се одвиваше далеку од медиумите, обезбедувањето на Костов ја отстрани екипата на А1 од пред куќата на Љубе Лазаревски, таткото на 24-годишниот Далибор киднапиран во Ирак.

Семејствата Лазаревски и Насковски шокирани, Куманово во тага

Утрински - 19.10.2004

По дознавањето на веста за убиството на двајца Македонци во Ирак Жаклина Ѓорѓевиќ - Столе Божиновски Куманово - Шок, солзи и неверување на лицата на семејствата на киднапираните Далибор Лазаревски и Зоран Насковски, владееше сношти, неколку часа по дознавањето на веста од Ирак за егзекуцијата на ...

Далибор несуден зет на Зоран?

Дневник - 19.10.2004

Родителите на Далибор Лазаревски вчера ја виделе потресната снимка и го препознале својот син. Тие сега безнадежно чекаат само официјална потврда на информацијата. Далибор и Зоран Наскоски се поврзани на начин што уште повеќе ја зголемува трагедијата на двете семејства: Далибор бил момче на ќерката ...

Заклани двајца Македонци во Ирак

Дневник - 19.10.2004

СПОРЕД ТЕЛЕВИЗИЈАТА "АЛ ЏЕЗИРА" На снимката од егзекуцијата се прикажани кумановците Зоран Наскоски и Далибор Лазаревски Двајца македонски граѓани, кои, најверојатно, се кумановците Зоран Наскоски и Далибор Лазаревски, биле заклани од милитантната група Исламска армија во Ирак, која ги обвинила ...

Семејствата Лазаревски и Насковски во неизвесност

А1 - 18.10.2004

Се уште трае неизвесноста на семејството на киднапираниот Далибор Лазаревски. Неговите најблиски се во очекување на било каква официјална вест за нивниот син Далибор, еден од двајцата убиени, за кои јави арапската телевизија Ал Џазеира или се работи за некои други Македонци.

Егзекутирани двајца од киднапираните кумановци во Ирак

А1 - 18.10.2004

„Се објавува дека двајца Македонци се погубени. Објавено е дека пред 2-3 месеци, Мухамеданците виделе дека тие помагаат на американски локации. Ирачаните нападнале и заробиле двајца. Мухамеданците им порачуваат на Американците дека заробените се егзекутирани на тајно место.

Семејствата Лазаревски и Насковски минуваат низ вистински пекол

А1 - 18.10.2004

Откако ја слушнаа веста дека Далибор Лазаревски и Зоран Насковски се убиени, нивните семејства во отсуство на официјална потврда, минуваат низ вистински пекол. По првичниот шок, кога ја видоа фотографијата на нивниот син Далибор, објавена на медиумите, Љубе и Славица Лазаревски по 57 денови ...

Фуад Хасановиќ во Куманово кај семејството Лазаревски

Канал5 - 18.10.2004

Нема официјална потврда дека Далибор Лазаревски и Зоран Насковски се убиени. Како претставник на државната власт не можам да се повикам на веста што ја објавија медиумите. Ова го изјави заменик-министерот за надворешни работи, Фуад Хасанович по едноч Нема официјална потврда дека Далибор Лазаревски ...