TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бугарските земјоделци стимулирани со големи субвенции

А1 - 25.11.2006

На само неколку километри од Македонија, но на чекор до Европа, расте новата реколта на бугарската пченица на површина од 930.000 хектари. Тамошните земјоделци лебното жито го произведуваат во услови за кои македонските можат само да се надеваат. На бугарската Влада пченицата и е стратешка култура.

Враќањето кон корените ја зголемува хранливоста

Време - 25.11.2006

ПЧЕНИЦА Тимот научници предводен од Џорџ Дабковски откриле начин како да ја зголемат количеството на протеини, цинк и железо во пченицата. Тие идентификувале ген кај дивата пченица одговорен за зголемување на количеството на хранливи материи во зрното.

Од идната недела почнува исплатата на субвенциите за земјоделците

А1 - 24.11.2006

Од идната недела почнува исплатата на субвенциите за земјоделците предвидени со ребалансот на буџетот за 2006 година. Пари ќе добијат околу 90.000 пријавени земјоделци. Со ребалaнсот за подршка на земјоделството, се предвидени дополнителни 10 милиони евра, или заедно со досегашните средства речиси ...

Пченица има, но ја откупуваат трговците, а не мелничарите

Утрински - 24.11.2006

Сојузот на земјоделци бара до Нова година да не се дозволи бесцарински увоз на лебно жито Во амбарите на земјоделците има околу 40 милиони килограми пченица, но расположливото лебно жито го откупуваат трговците, а не мелничарите, тврдат претставниците на Сојузот на земјоделци.

Трговци им препродаваат домашна пченица на мелничарите

Вест - 24.11.2006

ТАНТАРОВ ТВРДИ ДЕКА МЕЛНИЧАРИТЕ НАПРАВИЛЕ ВЕШТАЧКА КРИЗА СО ЛЕБНОТО ЖИТО Нема недостиг на пченица во Македонија. Мелничарите направија вештачка криза, тврди Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделци на Македонија. Според него, доказ дека амбарите се преполни со лебно жито е тоа што ...

Државата не знае колку пченица има

Дневник - 24.11.2006

Мелничарите не веруваат во податоците на Министерството за земјоделство за количествата на произведена и откупена пченица Мелничарите не веруваат во податоците на Министерството за земјоделство за количествата на произведена и откупена пченица.

Од идната недела субвенции за 90 илјади земјоделци

Утрински - 24.11.2006

Од идната недела ќе започне исплатата на директната државна помош на 90.000 земјоделци за реколтата 2005-2006 година. Станува збор за дополнителни 600 милиони денари, кои беа обезбедени со ребаланс на Буџетот. Како што образложи министерот за земјоделство, Ацо Спасеноски, со ова Владата се обидува ...

Купи ден, помини

Дневник - 24.11.2006

Нема попогубна политика од македонската за аграрот, за жал, тоа секојдневно боде очи и се поставува прашањето до каде може да оди уништувањето на домашното земјоделство Нема попогубна политика од македонската за аграрот. За жал, тоа секојдневно боде очи и се поставува прашањето до каде може да оди ...

Да нема бесцарински увоз

Време - 24.11.2006

СОЈУЗ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ ЗА ПЧЕНИЦАТА Во македонските амбари има околу 40 милиони килограми пченица и затоа до Нова година не треба да се дозволи бесцарински увоз на лебно жито, побараа вчера од Сојузот на земјоделците. - Тврдиме дека во амбарите има најмалку 4.000 вагони пченица.

За земјоделците годинава 20 милиони евра

Вечер Прес - 24.11.2006

Министерот за земјоделство Ацо Спасеновски вели дека тутунарите од регионите кои не добиле ниту денар од ветената премија од минатата Влада, ќе добијат 125 милиони денари за доисплата на субвенциите Околу 90.000 земјоделци од кои најмногу тутунари и производители на пченица веќе од наредната недела ...

Стоката го изеде лебот за граѓаните

Дневник - 23.11.2006

Поради ниската откупна цена, фармерите им продадоа на мелничарите половина од произведената пченица, а остатокот го користат како сточна храна Стоката ја изеде домашната пченица. Поради ниската откупна цена летово од шест денари за килограм, фармерите им продадоа на мелничарите половина од ...

Субвенции на рака, наредната недела

Канал5 - 23.11.2006

Земјоделците ќе ги добијат долгоочекуваните субвенции. Идната недела ќе почне исплатата на парите. Со ребалансот на Буџетот 20 милиони евра ќе добијат 90 илјади земјоделци Земјоделците ќе ги добијат долгоочекуваните субвенции. Идната недела ќе почне исплатата на парите.

Македонската пченица скапува во амбарите, а ја нема на пазарот

А1 - 22.11.2006

Сушата во Австралија и Јужна Америка, едни од најголемите светски производители на пченица и дождливиот период за време на жетвите на балканот што ги скрати вишоците во Србија и Унгарија, предизвикаа недостиг на пченицата и драстичен раст на цената.

Откупната цена на пченицата скокна на 10 денари

Вест - 22.11.2006

ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ВИШОКОТ ЖИТО Земјоделците вишокот пченица ќе може да го пријават до 29 ноември годинава. Владата го продолжи рокот оти до вчера беа пријавени за продажба само 411 тони кои се премалку да ги задоволат потребите на мелничарите Вишокот пченица за продажба земјоделците ...

Пченицата од денеска 10 денари за килограм

Утрински - 22.11.2006

ПОСКАПУВАЊЕ Цената е 40 отсто поголема од онаа што се плаќаше по завршување на жетвата АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Цената на пченицата на светските берзи, но и на домашниот пазар, незапирливо расте. На повикот на Владата за пријавување вишок домашна пченица, заради намирување на потребите на ...

Ако нема пченица, ќе има бесцарински увоз

Вечер Прес - 22.11.2006

Мелничарите и земјоделците се договорија пченицата да се откупува по цена од 10 денари за килограм Владата ќе дозволи бесцарински увоз на пченица ако утврди дека со пријавените залихи на земјоделците не може да се задоволат потребите на мелничарите.

Поради кризата за пченица ќе поскапат лебот и брашното

А1 - 21.11.2006

Леб и брашно ќе има доволно, но цената најверојатно ќе мора да расте поради недостигот на пченица во регионот. Граѓаните од џеб преку повисока цена на лебот ќе го платат цехот што Македонија има многу малку пченица годинава во период на недостиг во околните земји.

Македонија затечена од балканската криза за пченица

А1 - 20.11.2006

Предимензионираните бројки за вкупниот род пченица и немањето поддршка за земјоделците, заради што има пад на производството, ја оставија Македонија затечена од годинашнава балканска криза за пченица. Земјоделците тврдат дека годинава површините под пченицата се намалија, а и родот е помал, заради ...