TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ОКТА предлага фиксни цени на нафтените деривати

А1 - 26.01.2003

За да се избегне пораст на цената на нафтата, поради евентуалната војна во Ирак, ОКТА и предлага на Владата утврдување на фиксни цени за сите нафтени деривати на ниво од 28 долари за барел за период од три месеци. За овој предлог од ОКТА велат дека не бараат никакви предуслови.

ОКТА подготвена за фиксирање на цените за три месеци

Утрински - 25.01.2003

Рафинеријата гарантира резерви за снабдување на пазарот Од Рафинеријата ОКТА вчера соопштија дека гарантираат нафтени резерви за континуирано снабдување со сите нафтени производи потребни на пазарот и на стратегиските резерви во согласност со енергетскиот биланс на државата.

Цената на бензинот ќе се плафонира приближно на сегашно ниво

Утрински - 25.01.2003

Најави дека во идната недела Владата ќе донесе одлука за дериватите МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Плафонираната цена на дериватите, која најверојатно ќе се утврди веќе на наредната владина седница, ќе биде приближно како и сегашната, најави вчера министерот за економија, Илија Филиповски.

Државата ќе увезе бензин за 15 милиони долари

Дневник - 24.01.2003

МАКЕДОНИЈА ПРЕД НАФТЕНАТА КРИЗА Државата ќе увезе нафта и сама ќе ги утврди цените на бензините, им порачал министерот Филиповски на менаџерите од "Окта", кои одбиле да увезат нафта Владата наскоро ќе увезе нафтени деривати за да се задоволат потребите барем за идните 90 дена, за што ќе одвои околу ...

Македонија има резерви нафта само за десет дена

Дневник - 23.01.2003

НАФТЕН БИЗНИС Во "Окта" велат дека ирачката криза нема да влијае во снабдувањето со нафта и деривати, а бензин ќе има колку што Македонија ќе може да плати Наспроти тврдењето на министерот за финансии Петар Гошев дека Македонија нема доволно резерви на нафта и деривати, во скопската рафинерија ...

ОКТА ќе ја тужи државата ако ги замрзне цените на бензините

Утрински - 23.01.2003

Државата сў уште во ќор-сокак околу утврдување начини за надминување на нафтената криза ЗДЕНКА ПАВКОВИЌ Доколку Владата без консултации со ОКТА изврши замрзнување на цените на дериватите, тоа директно ќе значи прекршување на купопродажниот договор, а како последица на тоа нема да изненади да биде ...

Македонија ги замрзнува цените на нафтените деривати

Капитал - 23.01.2003

Пред војната во Ирак:Македонија ги замрзнува цените на нафтените дериватиАмериканската игра топло-студено околу евентуалниот напад врз Ирак го наруши светскиот пазар на нафта и нафтени деривати. Светската цена на нафтата расте, а светот е во паника.

Хаос во стоковите резерви

Вест - 22.01.2003

Министерот Гошев вчера потврди дека во стоковите резерви има хаос. Тој изјави дека било планирано пописот да трае 15-тина дена, колку што е вообичаено, но тој се оддолжил на два месеци, и се уште трае. Со какви стокови резерви располага државата не се знаело последниве три години, зашто толку време ...

Ќе се дополнуваат испразнетите стоковни резерви со горива?

Утрински - 22.01.2003

Владата подготвува стратегија за надминување на евентуалната нафтена криза ЗДЕНКА ПАВКОВИЌ "Резервите на нафтени деривати во државните стоковни резерви, за жал, се мали", рече вчера министерот за финансии, Петар Гошев, одговарајќи на прашањето дали и како државата се подготвува за евентуалниот ...

Интервентен увоз на бензин

Вест - 22.01.2003

ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ ИСПРАЗНЕТИ Увозот ќе го финансира државата, а во кој дел од државните пари ќе се чепне ќе одлучат Финансии и Народна банка. Малопродажната цена на бензините ќе скокне за неколку денари нагоре.

Резервите на нафта во Македонија речиси се празни

А1 - 21.01.2003

Министерот Гошев изјави дека Бирото за стокови резерви било злоупотребувано за нечесни зделки. А, во стоковите резерви залихите на нафта се минимални, но Владата подготвува стратегија како да го амортизира нафтениот ценовен шок доколку дојде до војна во Ирак.

Државата ќе ја моли ОКТА за нафтените резерви

Вест - 21.01.2003

ДАЛИ НА МАКЕДОНИЈА И СЕ ЗАКАНУВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА? Дирекцијата за стокови резерви не дава одговор дали државата има доволно резерви за да го амортизира евентуалниот нафтен шок во пресрет на најавениот напад на Ирак и потресите на светските нафтени берзи Министерот за економија Илија Филиповски ...