TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата со предлози за надминување на проблемот со кусокот на струја

Канал5 - 29.10.2006

ТЕЦ Неготино деновиве на големо се подготвува да почне да произведува струја. Владата почувствувала нужност да ја пушти на почетокот на оваа недела, поради кусокот струја. Најкритичен е месец ноември кога се дотрошува количеството купено во април, а следно се очекува да се докупи во декември.

Гинтер Офнер: Не сакаме конфронтација со Владата

А1 - 28.10.2006

„За нас партнер е владата на Република Македонија без разлика на нејзиниот состав“, изјави во интервјуто за А1 Гинтер Офнер, претседател на управен одбор на ЕВН. Владата на Македонија упорно инсистира на ставот дека тендерот за ТЕЦ „Неготино“ најверојатно ќе биде поништен.

Зимава ќе не спасува ТЕЦ „Неготино“

Време - 28.10.2006

МАЛКУ ЌЕ НИ БИДЕ СТРУЈА ОД УВОЗ Мирче Котевски Владата ќе бара спас од енергетската криза со повторното пуштање во погон на термоцентралата „Неготино“. Речиси е сигурно оти државниот електропренос нема да биде во можност да набави од увоз 900 гигават-часа струја потребни за претстојните зимски ...

Нема струја од увоз

Дневник - 28.10.2006

За да избегне голема енергетска криза во земјава, Владата одлучи да ја вклучи Термоцентралата „Неготино“ Македонија не може да купи струја од странство. На конкурсот за увоз што пред две недели го распиша МЕПСО (Македонски електропреносен систем-оператор), на кој државата бара 950 мегавати, се ...

ЕВН упати последна порака до Владата за ТЕЦ „Неготино“

А1 - 27.10.2006

Австријците од ЕВН упатија последна порака до Владата на Груевски, не ги интересираат политичките пресметки на македонската сцена, бараат обврските од меѓународниот тендер за ТЕЦ „Неготино“ да бидат исполнети. Претседателот на управниот одбор на ЕВН, Гинтер Офнер, во ексклузивно интервју за А1 ...

ЕЛЕМ, МЕПСО и владата во грч бараат струја

Канал5 - 27.10.2006

Кусокот струја за зимава ги стави во грч владата и енергетските компании. Се бара решение ќе може ли да се надополни. Кусокот струја за зимава ги стави во грч владата и енергетските компании. Се бара решение ќе може ли да се надополни.

Владата се премислува за продажбата на ТЕЦ „Неготино“

Време - 26.10.2006

АВСТРИЈЦИТЕ ОСТАНУВААТ ВО ИГРА Мирче Котевски Владата може да се премисли и да и ја даде термоелектричната централа „Неготино“ на австриската компанија ЕВН. Иако беше извесно дека тендерот ќе биде поништен, кабинетот на Никола Груевски ја одложи конечната одлука за една недела.

Има преговори со ЕВН за ТЕЦ „Неготино“

Дневник - 26.10.2006

Владата ги разгледува сите аспекти за тендерот за ТЕЦ „Неготино“ и веќе има решенија, изјави вчера министерката за економија Вера Рафајловска. Таа не сакаше да ги каже решенијата за да не прејудицира, јави МИА. - Се преговара со австриска ЕВН, која имаше најповолна понуда на тендерот за ТЕЦ ...

Владата најавува решение за ТЕЦ „Неготино“

Утрински - 26.10.2006

Министерката за економија Вера Рафајловска вели дека Владата ги разгледува сите аспекти за ТЕЦ „Неготино“ и дека има решенија, но за нив во моментот не сака да прејудицира. На вчерашниот Форум за мали и за средни претпријатија, Рафајловска изјави дека се во тек преговори со австриската компанија ...

Владата преговара со австриски ЕВН

Вечер Прес - 26.10.2006

Владата преговора со австриската ЕВН за термоцентралата "Неготино", изјави вчера министерката за економија Вера Рафајловска, која не сакаше да ја прејудицира одлуката за централата. -Ние како Влада сме расположени да седнеме на маса и да разговараме за секое отворено прашање и тоа го правиме.

ЕВН ја повика Владата заеднички да газдуваат со ТЕЦ Неготино

А1 - 25.10.2006

Власта го омекнува ставот по првичните најави дека тендерот за продажба на ТЕЦ Неготино ќе биде поништен. Во игра се враќаат австријците од ЕВН, од каде деновиве ја повикаа Владата, заеднички да газдуваат со термоцентралата. „Имаме преговори, не би сакала да прејудицирам сега, ние секогаш сме ...

ТЕЦ „Осломеј" запира со работа поради немање јаглен

Утрински - 25.10.2006

Струја КИЧЕВО - ТЕЦ „Осломеј“ ќе биде во погон до крајот на месецов, кога ќе се потрошат залихите на јаглен. Машините во термоцентралата ќе мируваат додека не се обезбеди доволно јаглен од рудникот и термоцентралата да работи со максимален капацитет од 125 мегавати во претстојните зимски месеци, ...

Одложена расправата за судбината на ТЕЦ „Неготино”

Време - 25.10.2006

ВЛАДАТА СЕ УШТЕ ДРЖИ ТЕНЗИЈА Владата ја одложи расправата за продажбата на термоелектричната централа „Неготино” за наредната седница. Иако се очекуваше вчера да се одлучи дали ќе биде поништен тендерот на кој најдоброрангирана беше е австриската компанија ЕВН, кабинетот на Груевски оставил можност ...

Владата вчера не донесе одлука за ТЕЦ „Неготино“

Утрински - 25.10.2006

На вчерашната седница Владата не донесе одлука за судбината на ТЕЦ „Неготино“. Според соопштението до медиумите, оваа точка била повлечена од дневниот ред заради дополнителни консултации. Дознаваме дека на Владата и' биле потребни уште неколку дена за да се допрецизираат некои ставови.

Пак одложена продажбата на ТЕЦ „Неготино“

Дневник - 25.10.2006

Владата вчера ја одложи за една недела конечната одлука за продажбата на термоцентралата „Неготино“. Според образложението, потребно било уште време за да се преиспитаат техничките елементи од меѓународниот конкурс, кој го распиша претходната влада.

Рафајловска: За ТЕЦ Неготино се бара решение поволно и за Владата и за инвеститорот

Канал5 - 25.10.2006

Министерот за економија Вера Рафајловска денеска изјави дека Владата ги разгледува сите аспекти за ТЕЦ Неготино и дека се прави анализа за изнаоѓање најповолно решение. Скопје, 25 октомври (МИА) - Министерот за економија Вера Рафајловска денеска изјави дека Владата ги разгледува сите аспекти за ТЕЦ ...

Ќе биде ли ТЕЦ Неготино електрана или еколошка бомба?

Вечер Прес - 25.10.2006

Новиот сопственик, мора да приложи и соодветна програма за технолошки развој на електраната, како и програма за заштита на човековата околина и зголемување на профитноста на произведената енергија, за да може да биде интересна за пласман на македонскиот пазар Термоелектраната Неготино, според ...

Владата тактизира со продажбата на ТЕЦ Неготино

А1 - 24.10.2006

Владата тактизира со продажбата на ТЕЦ Неготино. Иако најави, на денешната седница не донесе одлука дали тендерот за термоцентралата ке биде поништен или пак австријците од ЕВН ке бидат новите газди. На владата и биле потребни дополнителни консултации.

Повеќе пари во Буџетот или поевтина струја!?

Утрински - 24.10.2006

(Повод: Најавите на Владата за поништување на тендерот за продажба на ТЕЦ „Неготино“); името на авторот и' е познато на Редакцијата Владата се премисли. Нема да ја продава ТЕЦ „Неготино“. И ова немаше да биде дискутабилно доколку Владата понудеше логично образложение за својата одлука, а не ...

Владата најавува тужба за „Утрински весник“

Утрински - 24.10.2006

Притисок За Владата се невистинити наводите во текстот „ЕВН ќе извиси за ’Неготино‘ поради друг владин фаворит“ Владата му се закани на „Утрински весник“ дека ќе поднесе тужба за клевета поради текстот објавен во весникот минатиот петок за можното поништување на тендерот за ТЕЦ „Неготино“.

Денеска ќе се реши иднината на ТЕЦ „Неготино“

Дневник - 24.10.2006

Владата денеска треба да пресече дали ќе го поништи конкурсот за продажба на термоцентралата „Неготино“ или ќе ја прифати понудата на австриската компанија ЕВН. Во Министерството за економија до вчера попладнето немаа прецизен став што ќе и' препорачаат на Владата.

Владата денеска ќе донесе одлука за ТЕЦ „Неготино“

Утрински - 24.10.2006

Извештајoт на комисијата пресуден за тоа дали ќе се поништи тендерот за продажба Денеска Владата треба да го изнесе конечниот став за ТЕЦ „Неготино“. На денешната редовна седница, всушност, ќе се донесе одлука за тендерската постапка, односно ќе се пресече – дали ТЕЦ „Неготино“ ќе биде продадена на ...

„Ладната резерва“ под закрила на државата?

Време - 24.10.2006

СЕ РЕШАВА СУДБИНАТА НА ТЕЦ „НЕГОТИНО“ Целосно поништување на постапката за продажба на термоцентралата ТЕЦ „Неготино“ е најверојатниот исход од денешната наменска седница на Владата. Неофицијално, во игра е и опција капацитетот да го добие и најдоброрангираната фирма на тендерот, австрискиот ...

Нема одлука за ТЕЦ Неготино, Владата се уште се мисли

Канал5 - 24.10.2006

Се приближуваат ставовите на владата и Австријците од ЕВН за ТЕЦ Неготино. Термоцентралата и натаму останува тема за размислување. Тимот на Груевски се премисли денеска да одлучува дали ќе оди во рацете на ЕВН или тендерот да биде поништен.

Ќе се крои судбината на ТЕЦ "Неготино"

Вечер Прес - 24.10.2006

Владините министри денеска на седница треба да одлучат дали ќе биде поништен тендерот за продажба на ТЕЦ "Неготино". Неофицијално, австриската компанија ЕВН која беше прворангирана компанија на тендерот на Владата и понудила заеднички да управуваат со термоелектраната.

ЕВН прави место Владата да влезе во ТЕЦ „Неготино“

Време - 23.10.2006

УТРЕ РАСПЛЕТ ЗА ТЕРМОЦЕНТРАЛАТА Александра К. Мишовска Австријците од ЕВН ќе ја прифатат Владата за партнер во ТЕЦ „Неготино“, со што тие би биле сопственици на три четвртини или на 75 отсто од капиталот, а Владата би задржала 25 отсто.

Продажбата на ТЕЦ „Неготино“ - разградување на електроенергетскиот систем

Утрински - 23.10.2006

Љубе Трпески, електроинженер, Скопје (Повод - објавениот напис во „Утрински весник“ - Владата бега од инвестиција тешка 750 милиони евра“) Читајќи го наведениот напис како потрошувач што ги следи состојбите во електростопанството, заклучувам дека кога станува збор за актуелните проблеми поврзани со ...