TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Маскирани лица од "Встерн унион" украле над 500.000 денари

Вест - 12.09.2007

ВООРУЖЕНО РАЗБОЈНИШТВО ВО СОПСКАТА НАСЕЛБА ЧАИР Две маскирани и вооружени лица, завчера, од Мегународната агенција за трансфер на пари "Вестерн унион" лоцирана на улицата "Џон Кенеди" во скопската населба Чаир во украле над половина милион денари и избегале.

Однеле 9.500 вера од филијала на „Вестерн Јунион“

Време - 12.09.2007

РАЗБОЈНИШТВО ВО СКОПСКИ ЧАИР Двајца маскирани разбојници, вооружени со автоматски пушки, влегле во просториите на скопска фирма, му се заканиле на службеникот и однеле околу 9.500 евра, завчера во скопската населба Чаир. Според информациите на скопската полиција, разбојништвото се случило ...

Од „Вестерн унион“ ограбени 10.000 евра

Утрински - 12.09.2007

Околу 10.000 евра е вкупната штета што ја направиле двајца маскирани и оружени разбојници во завчерашниот грабеж во филијалата на „Вестерн унион“ во скопската населба Чаир. Разбојништвото било извршено во понеделникот претпладне кога напаѓачите со маски на главите и „калашникови“ во рацете го ...

Ограбена експозитура на „Вестерн унион“

Дневник - 12.09.2007

Двајца разбојници ограбиле експозитура на поштенската фирма „Вестерн унион“ завчераутро во скопската населба Чаир, соопшти МВР. Според полицијата, разбојништвото се случило околу 10 часот на улицата Џон Кенеди, кога две маскирани лица, вооружени со автоматски пушки и со пиштоли, влегле во ...

Украдени околу 600 илјади денари

Вечер Прес - 12.09.2007

Две маскирани и вооружени лица извршиле грабеш во експозитура на "Вестерн Унион", во скопската населба Чаир, одземајќи од вработените околу 600 илјади денари. Според скопската полиција, грабежот се случил вчераутро во експозитурата на фирмата, лоцирана на улицата Џон Кенедии.