TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Забаваче ги честело другарчињата со екстази, хероин и кокаин

Дневник - 05.11.2003

АМСТЕРДАМ Петгодишно девојче од Холандија вчера ги почестило своите другарчиња во градинка со "бонбончиња" - хероин, кокаин и екстази, јави Ројтерс. Учителката видела дека "бонбоните" се чудни и им ги зела на децата пред да ги лапнат.

Хероински бонбони за другарчињата

Дневник - 05.11.2003

ХОЛАНДИЈА Едно петгодишно девојче од Холандија им поделило на другарчињата во градинката бонбони, кои всушност биле апчиња екстази, кокаин и хероин. Дрогата била конфискувана од една сомнителна воспитувачка во градинката во Хилверсум, југоисточно од Амстердам, пред децата да ја консумираат.