TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Непрекинати индиско-пакистански престрелки

А1 - 19.01.2002

Пакистанските и индиските војници ноќеска повторно разменија оган во централната пакистанската провинција Пенџаб. За сега нема податоци за евентуални повредени или загинати. По нападот на индискиот парламент од минатиот деќември кога загинаа 14 лица, за што Индија го обвини Пакистан, меѓу двете ...

Пауел гледа излез од јужноазискиот спор

Утрински - 19.01.2002

По посетата на американскиот државен секретар на лутите ривали Индија и Пакистан ЊУ ДЕЛХИ / ИСЛАМАБАД - Американскиот државен секретар Колин Пауел, вчера изјави дека е охрабрен оти војната меѓу Индија и Пакистан би можела да биде спречена, по посетата на јужна Азија, каде што и двете страни ...

Пауел оптимист за индиско-пакистанското прашање

А1 - 18.01.2002

„Постои двострана заложба меѓу Индија и Пакистан дека ќе ја решат кризата без војна“, изјави американскиот државен секретар, Колин Пауел во Њу Делхи. Во мисија да ги намали тензиите меѓу двата нуклеарни ривала по последните конфликти, Пауел ги предупреди Индија и Пакистан заеднички да се борат ...

Пауел ќе се обиде да спречи војна меѓу Индија и Пакистан

Утрински - 17.01.2002

Американскиот државен секретар во мировна мисија во Јужна Азија ИСЛАМАБАД - Американскиот државен секретар Колин Пауел вчера пристигна во Јужна Азија со цел да ги насочи нуклеарните ривали Индија и Пакистан кон мирот и да се одбегне почнувањето на четврта војна.

Нови престрелки на индиско-пакистанската граница

А1 - 15.01.2002

На границата меѓу Индија и Пакистан ноќеска повторно дошло до престрелки, иако не во голем обем, јавуваат утрово агенциите. Индија и Пакистан и натаму се противат да ги повлечат воените трупи од пограничниот кашмирски регион.

Пакистан ќе ја повлече војската после Индија

Вест - 15.01.2002

ЊУ ДЕЛХИ, (РОЈТЕРС) - Индиската полиција ги апси тибетантски демонстранти кои излегоа на протестите во Њу Делхи организирани против посетата на кинескиот премиер Жу Ронгжи. Имено, Ронгжи од вчера е во шестднев ИСЛАМАБАД, 15 јануари (АП) - Заканата од војна меѓу двете нуклеарни сили во јужна Азија и ...

Пакистан притвори стотици милитанти

Утрински - 15.01.2002

По наредбите на Первез Мушараф ИСЛАМАБАД - Пакистан реагираше на наредбите од страна на воениот претседател да ги намали тензиите со стариот ривал Индија, притворајќи стотици милитанти од забранетите групи, во најголемото досега заострување на мерките врз исламските екстремисти.

Мушараф ја смирува Индија со апсење на 1.500 исламисти

Дневник - 15.01.2002

ИНДИЈА - ПАКИСТАН Пакистанските безбедносни сили викендов уапсија дури 1.500 припадници на пет исламистички организации, во обид да избегнат војна со Индија, јави Ројтерс. По крвавиот терористички напад врз индискиот Парламент што на 13 декември го извршија исламски групи од Пакистан, индиската ...

Шанси за мирна разврска на кашмирскиот конфликт

А1 - 14.01.2002

По забраната на пет екстремистички групи пакистанската полиција продолжува со рациите со цел да ја намали напнатоста во спорот со Индија. Досега се уапсени повеќе од 1100 исламисти, а затворени се околу 400 бироа на забранетите организации. Силите на безбедноста ја продолжуваат акцијата.

Индија очекува конкретни дела од Пакистан во борбата против тероризмот

Вест - 14.01.2002

ЊУ ДЕЛХИ, (Ројтерс) - Индискиот министер за надворешни работи Џашвант Синг вчера го поздрави ветувањето на Пакистан за разбивање на анти-индиските милитанти, но изјави дека Њу Делхи ќе мора да види најпрвин акција во врска со тоа, а дури потоа ќе ги намали силите на границата.

Њу Делхи и Исламабад да покажат максимално воздржување

Утрински - 14.01.2002

Кинескиот премиер Жу Ронџи во посета на Индија ЊУ ДЕЛХИ - Кинескиот премиер Жу Ронџи, вчера пристигна во Индија, додека Њу Делхи го одложи одговорот на потезите од Пакистан насочени кон спречување на војна. Ронџи, првиот кинески премиер кој ја посетува Индија од декември 1991 година, јавно побара ...

Индија бара Пакистан да ги реализира ветувањата

Утрински - 14.01.2002

По изјавата на Первез Мушараф дека Пакистан нема да биде база за исламските милитанти Пакистан притвори 130 лица и забрани пет групи, меѓу кои и двете обвинети за нападот врз индискиот парламент ЊУ ДЕЛХИ - Индија вчера побара од Пакистан да ги проследи ветувањата со акција и соопшти дека нема да ја ...

Индија и Пакистан велат дека се за мир, но чуваат милион војници покрај границата

Дневник - 14.01.2002

ПРЕДВОЕНА СИТУАЦИЈА ВО ЈУЖНА АЗИЈА Индиските власти вчера се заканија дека нема да ги повлечат војниците распоредени покрај границата со Пакистан се додека Исламабад не го исполни ветувањето оти ќе ги запре исламските милитанти да напаѓаат цели во Индија, јави Ројтерс.