TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Алави: „Преодната ирачка влада ќе понуди амнестија за Ирачаните“

А1 - 27.06.2004

Преодната ирачка влада ќе им понуди амнестија на сите Ирачани кои од „очајот во кој се нашле поради новата ситуација“ делувале против коалиционите сили, но кои притоа не сториле никакво злосторство, изјави ирачкиот премиер Ијад Алави за лондонскиот весник „Индепендент он Сандеј“.

Нападнато седиштето на партијата на ирачкиот премиер Алави

А1 - 26.06.2004

Експлозија на бомба одекна денеска во седиштето на партијата Национална слога на ирачкиот премиер Ијад Алави во северноирачкиот град Бакуба. „Третиот кат на зградата каде што се наоѓа седиштето на Национална слога е целосно разрушен во експлозијата“, изјави еден очевидец на настанот.

Ирак колку понезависен, толку поопасен

Време - 26.06.2004

ПРЕД ТРАНСФЕРОТ НА ВЛАСТА По завчерашните крвави судири, во сунитските делови на Ирак се водат помали престрелки, а билансот се искачи на околу 90 загинати и 320 повредени. Борбите во градовите Мосул, Бакуба, Рамади и Фалуџа беа најтежок напад врз американските сили и ирачката полиција во ...

САД признаваат дека го потценија отпорот на антикоалициските сили

Утрински - 26.06.2004

Државниот секретар на САД, Колин Пауел, за развојот на настаните во Ирак Соединетите Американски Држави признаа дека се соочуваат со сериозни проблеми со бунтовниците во Ирак, само неколку дена пред предавањето на власта закажано за 30 јуни.

Алави најави дека нема да има милост за терористите

Дневник - 26.06.2004

ЗАКАНИ ДО ИРАЧКИТЕ БУНТОВНИЦИ Ирачкиот министер за внатрешни работи Ијад Алави се закани дека полицијата ќе го скрши отпорот на баатистите и на странските платеници, кои ги обвини за завчерашниот масакр кога при самоубиствени бомбашки напади беа разнесени стотина луѓе, јави Ројтерс.

Околу сто лица убиени во вчерашните терористички напади во Ирак

А1 - 25.06.2004

Околу сто лица се убиени, а неколку стотини ранети во вчерашните терористички напади во пет ирачки градови. Портпаролот на коалицијата соопшти дека 62 лица се убиени во Мосул каде што нападите биле дело на атентатори-самоубијци, а меѓу 20 и 30 во Бакуба.

Продолжуваат судирите во Фалуџа, напади во Багдад и Бакуба

А1 - 25.06.2004

Двајца Ирачни загинаа, а седуммина се повредени во меѓусебна престрелка меѓу сунитските бунтовници и американските сили во Фалуџа. Престрелката почнала по полноќ и со мали прекини траела до утрово. „Американската авијација вчера во Фалуџа фрли десет бомби од по 250 килограми со ласерско ...

Крвав ден за пет ирчки града во кој се убиени 75 луѓе

Утрински - 25.06.2004

Бунтовниците во Ирак вчера извршија неколку координирани напади Во Мосул се случија повеќе напади со автомобили-бомби во кои загинаа најмалку 44 лица БАГДАД - Бунтовниците вчера направија пустош во пет ирачки града, со координирани напади со автомобили-бомби и напади врз локалните сили за ...

Џелатите на Заркави убија 75 луѓе

Дневник - 25.06.2004

КООРДИНИРАНИ НАПАДИ ВО ИРАК Нападите во Бакуба, Фалуџа, Рамади, Мосул и во Багдад се извршени само една недела пред планираниот крај на сојузничката окупација Најмалку 75 луѓе загинаа, а 260 се ранети во низа координирани напади од терористичката група на Абу Мусаб ал Заркави во пет ирачки града, ...

Ирачките бунтовници нападнаа во 4 градови, над 75 мртви

Вест - 25.06.2004

БАГДАД, 25 јуни, (Ројтерс) - Бунтовниците кои сакаат да го попречат предавањето на ирачката власт вчера предизвикаа крвопролевање во пет града со координирани напади врз локалните безбедносни сили во кои загинаа речиси 75 луѓе, меѓу кои и тројца американски војници.

Ирачкиотпремиер не се плаши одсмртните закани

Дневник - 25.06.2004

Претседателот на привремената ирачка Влада Ијад Алави, со омаловажување ја примил смртната закана од озлогласениот ирачки терористички лидер Абу Муаб ал Заркави, јави МИА. - Тој уби стотици Ирачани, донесе неред и страв. Научени сме на закани и знаеме како да излеземе на крај со нив - изјави Алави, ...

Алави ги омаловажи заканите на Абу Мусаб ел Заркави

А1 - 24.06.2004

Водачот на терористите Абу Мусаб ел Заркави се закани со ликвидација на претседателот на привремената ирачка Влада Иљад Алави, информира италијанскиот весник „Ил џорнале“, оценувајќи дека Алави со омаловажување ја примил оваа закана. Алави рече дека Заркави е криминалец кој ќе биде уапсен и осуден.

Најмалку 75 загинати во напади во Ирак

А1 - 24.06.2004

Најмалку 75 луѓе загинаа, меѓу кои тројца американски војници, а повредени се околу 260 лица во серијата координирани напади на ирачките бунтовници врз безбедносните сили во четири градови во северозападниот дел на Ирак. Најновите напади се случија само 6 дена пред коалиционите сили да им ја ...

Милитантите се заканија дека ќе го убијат ирачкиот премиер

Утрински - 24.06.2004

Ирак БАГДАД - Исламистички милитанти вчера се заканија дека ќе го убијат привремениот премиер на Ирак, неколку часа откако јавија дека му ја отсекле главата на јужнокорејскиот залложник, во насилничките припреми за предавањето на власта на Ирачаните.

Американските хеликоптери убија 22 наводни терористи во Фалуџа

Вест - 21.06.2004

ФАЛУЏА, 21 јуни (Ројтерс) - Вчера ирачкиот премиер застана во одбрана на американскиот воздушен напад во кој загинаа 22 луѓе во Фалуџа, но ирачки полицајци во градот велат дека загинатите се жени и деца, а не исламски милитанти. "Знаеме дека е погодена куќа која ја користеле терористи.

Ирачкиот премиер во одбрана на нападот во Фалуџа

Утрински - 21.06.2004

Воздушен напад во Ирак во кој загинаа 22 лица Според ирачки офицери, меѓу загинатите има жени и деца наместо странски муслимански милитанти, како што се тврдеше претходно ФАЛУЏА - Ирачкиот премиер вчера застана во одбрана на американскиот воздушен напад што се случи во Фалуџа, а во кој загинаа 22 ...