TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Изборите низ Македонија не поминаа без инциденти

А1 - 13.03.2005

Локалните избори завршија, се затвараат гласачките места. На овие избори едно лице од скопското село Елово е потешко повредено во тепачка на гласачкото место, а полицијата уапсила двајца напаѓачи на претседателот на избирачкиот одбор во тетовско Горно Орашје.

Денеска се избираат новите локални власти

А1 - 13.03.2005

Државната изборна комисија утрово информираше дека сите 2.976 избирачки места на кои денеска се гласа за избор на градоначалници и советници се навремено отворени и оти досега нема информации за какви било проблеми. Во Република Македонија денеска се одржуваат локални избори на кои 1.711.293 ...

МП воведува дежурства за проверка на избирачкото право

А1 - 13.03.2005

Министерството за правда во рамки на законски предвидените активности за спроведување на локалните избори, денеска воведе дежурства во Министерството и неговите подрачни одделенија. Граѓаните ќе можат да го проверат своето избирачко право од 7 до 19 часот на телефоните 3 226-849 и 3 106 - 548.

Инциденти во Долна Бањица, гостиварско

А1 - 13.03.2005

Избирачките места 0510 и 0511 во Долна Бањица Гостиварско, тука во 9 часот утрово како што изјавуваат членови на избирачкиот одбор на едно од овие места непознати и вооружени лица го прекинале гласањето околу 5 минути. Кога е побарано асистенција на полицијата гласањето продолжило.

Избирачките места во Куманово отворени навреме

А1 - 13.03.2005

Сите 128 избирачки места во Куманово утрово беа отворени на време- известија во општинската изборна комисија. Оттаму велат дека гласањето се одвива без инциденти, иако на неколку избирачки места било интервенирано за да се спречи агитирање.

ДИК: „Одзивот на гласачите до 15 часот 33,11%“

А1 - 13.03.2005

Допрва се очекуваат нови информации од ДИК. Засега, како актуелни остануваат оние од последната прес-конференција во 16 часот, според кои, до 15 часот гласале 33,11%, а во Скопје тој процент е 28,42%. „Со оглед на тоа дека во овие моменти се затвораат гласачките места, потоа ќе почне пребројувањето ...

362 набљудувачи од ОДИХР се распоредени во сите општини

А1 - 13.03.2005

Изолирани инциденти, бојкот на раселените луѓе и пропусти во избирачкиот список. Ова ќе бидат некои од забелешките на набљудувачите од ОДИХР во утрешниот прелиминарен извештај за локалните избори во Македонија. Сепак, оценката за изборите ќе биде позитивна, бидејќи ОДИХР смета дека не се случија ...

МОСТ: „До 17 часот во Скопје излегле 42,33% од гласачите“

А1 - 13.03.2005

До 17 часот 42,33% од граѓаните на Скопје излегле на гласање, информираат од граѓанската асоцијација МОСТ. На повеќе гласачки места набљудувачите на МОСТ забележале неправилности во текот на гласањето. Граѓанската асоцијација МОСТ денеска ги следеше изборите со најмногу набљудувачи.

Право и начин на гласање

А1 - 13.03.2005

Право на глас на денешните локални избори имаат 1.711.293 граѓани запишани во Единствениот избирачки список. Можат да гласаат лица државјани на Република Македонија, кои имаат наполнето 18 години и постојано живеалиште во општината каде што се одржуваат изборите.

Без поголеми инциденти при гласањето низ Македонија

А1 - 13.03.2005

Гласачкиот процес во првиот круг од локалните избори 2005 година во Штип, Свети Николе, Кочани, Берово, Делчево, Виница помина релативно мирно. Ова е глобалната констатација на општинските изборни единици. Со задоцнување од 2 часа беше отворено гласачкото место во радовишки Раклиш, во Подареш ...

МОСТ Прес конференција 14ч

Канал5 - 13.03.2005

Врз основа на извештаите добиени од 3630 набљудувачи на МОСТ регистрирани се следните нарушувања на изборниот процес: обиди за прокси гласање, инциденти на неколку гласачки места и кршење на избирачки кутии, прекини на гласањето, агитирање и растурање на Врз основа на извештаите добиени од 3630 ...

Набљудувачите на МОСТ ќе имаат нови обележја

А1 - 12.03.2005

Името и ознаките на граѓанската асоцијација МОСТ во текот на предизборната кампања во неколку наврати биле злоупотребени. За да се избегнат можните злоупотреби на денот на изборите, набљудувачите на МОСТ ќе имаат нови обележја, вели претседателот на оваа невладина организација Дарко Алексов.

Слаб одзив на раселените лица

А1 - 12.03.2005

Припадниците на АРМ вообичаено гласаа еден ден пред одржувањето на локалните избори. Секој од војниците гласаше за градоначалник на својата општина. „Од секоја изборна комисија, па и тие кои се од Скопје, се испраќаат тука до изборната комисија до Карпош.

Денеска гласаат војниците, затворениците и раселените

Време - 12.03.2005

ВО ПРЕСРЕТ НА ИЗБОРИТЕ Вкупно 1.434 затвореници и притвореници и 633 внатрешно раселени лица денеска, ден пред официјалниот изборен термин, ќе може да го искористат своето гласачко право. Денеска ќе гласаат и војниците и повеќе од илјада болни и немоќни граѓани.

Македонија избира градоначалници

Утрински - 12.03.2005

Дваесетдневната кампања на претендентите на локалната власт заврши, од синоќа на полноќ почна молкот За 84 општини и за Скопје се натпреваруваат 380 кандидати КАТИЦА ЧАНГОВА В недела, на Прочка, граѓаните на Македонија со право на глас излегуваат на избори за да изберат нови градоначалници и ...

Глас за локална власт

Дневник - 12.03.2005

УТРЕ ИЗБОРИ ВО МАКЕДОНИЈА Граѓаните на Македонија утре во 84 општини и во градот Скопје ќе ја избираат локалната власт, која со децентрализацијата ќе има значително поголеми надлежности и обврски. Вкупно 1.711.293 гласачи на 2.976 избирачки места ќе избираат меѓу 379 кандидати за градоначалници и ...

Се е подготвено за гласањето

Време - 12.03.2005

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА Портпаролот на Државната изборна комисија вчера соопшти дека се завршени подготовки за локалните избори и дека ДИК в недела постојано ќе информира за текот на гласањето. - Државната изборна комисија го достави изборниот материјал - гласачките ливчиња и изводите од ...

Локалните избори мора да бидат демократски

Утрински - 12.03.2005

Стево Пендаровски, претседател на Државната изборна комисија Од држава која претендира наскоро да добие статус на кандидат за членство во ЕУ сигурно ќе се очекува да го подобри процесот во целина ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Во една година граѓаните излегуваат на гласање три пати - вонредните претседателски ...

Казни до 10 години затвор

Дневник - 12.03.2005

На гласачките места е забрането да се внесува оружје или да се нарушува процесот на гласање. Лицето што врши насилство, сериозно се заканува или на друг начин го оневозможува или го спречува одржувањето на изборите или гласањето или спречува да се објават резултатите од гласањето ќе се казни со ...

Во трката 379 кандидати за 85 градоначалнички места

Време - 12.03.2005

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ Синоќа на полноќ заврши 20-дневната изборна кампања и почна молкот пред локалните избори. Ова се трети повеќепартиски избори за локалните власти, а први по спроведената нова територијална поделба и децентрализација на власта со која општините се стекнаа со нови надлежности.

Гласаат војниците,раселените и затворениците

Канал5 - 12.03.2005

Војниците на АРМ денеска гласаа за кандидатите за градоначалници и за советничките листи д општините од каде доаѓаат.. Во касарната Илинен во Скопје, според избирачкиот одбор, се се одвиваше законски.. Гласањето се одвива регуларно, гласаат с Војниците на АРМ денеска гласаа за кандидатите за ...

Од полноќ започнува изборниот молк

А1 - 11.03.2005

Изборниот молк пред неделните локални избори започнува ноќеска на полноќ , со што треба да престане агитирањето на партиите и независните кандидати кои се во трка за локалната власт. Право на глас на локалните избори имаат 1.711.293 граѓани, кои можат да гласаат на 2.976 избирачки места на ...

Малку подобро, ама доволно лошо

Макфакс - 09.03.2005

(Дневник) - вторник, 29 март 2005 Оценка на ОДИХР и на советот на европа ЗА ВТОРИОТ ИЗБОРЕН КРУГ во македониЈа Вториот круг од изборите беше добро спроведен во голем дел од земјата, но не ги исполни клучните изборни стандарди на ОБСЕ, кои гарантираат еднакво право на глас и тајност на гласањето, ...

Шлаканица и за вториот круг

Макфакс - 09.03.2005

(Вест) - вторник, 29 март 2005 ОСТРИ КРИТИКИ ЗА ВЛАСТА ОД ЕВРОПСКИТЕ МОНИТОРИ "Во периодот меѓу двата круга на локалните избори и на денот на изборите, надлежните органи во Македонија не успеаја соодветно да одговорат на недостатоците идентификувани во првиот круг, и покрај некои Меѓународните ...

Уапсени две лица во Отља, Тетово- мирно во повторениот круг гласање

Макфакс - 07.03.2005

Скопје Полицијата денеска потврди дека две лица се уапсени во селото Отља, кумановско, осомничени дека скршиле гласачка кутија на едно избирачко место во селото. „Полицијата уапси две лица осомничени за инцидентот на едно избирачко место во селото Отља каде беше скршена гласачка кутија.

“Мост“ - Неправилности на изборите на 14 гласачки места до 15 часот

Макфакс - 07.03.2005

Скопје Граѓанската асоцијација “Мост“ која ги набљудува изборите забележала нарушувања на изборниот процес на 14 гласачки места до 15 часот. Неколку лица влегле на четири избирачки места во општина Бутел, каде ги искинале гласачките ливчиња и ги одзеле избирачките списоци, соопштува “Мост“.

Гласањето прекинато на четири избирачки места во Бутел

Макфакс - 07.03.2005

Скопје Гласањето попладнево беше прекинати на четири избирачки места во скопската населба „Бутел“, откако група млади влегле на овие места и го одзеле изборниот материјал. „На четири избирачки места во скопската населба „Бутел“влегле група млади луѓе и одзеле дел од избирачкиот материјал.

Македонските државни претставници очекуваа избори без инциденти

Макфакс - 07.03.2005

Скопје Претставници на македонската политичка власт и опозиција, денеска, околу пладне, изразија различни ставови во врска со регуларноста на гласачкиот процес на локалните избори. “Вечерва, по завршување на гласањето и затворањето на избирачките места, нема да биде клучното прашање кој, туку ...

Локални избори-втор круг

Макфакс - 07.03.2005

Скопје Македонија денеска повторно излегува на избори во втор круг гласање за градоначалници во повеќето скопски општини и во 57 други општини низ државата. Во Скопје, првиот круг ќе се прегласува само за градоначалник на Скопје и тоа само на некои изборни места, додека за најголемиот број од ...

Власта и опозицијата со спротивни оценки за изборниот ден

Макфакс - 07.03.2005

Скопје Владејачките социјал-демократи како генерално „мирен и демократски“ го оценија вториот круг и прегласувањето на локалните избори, додека опозиционата ВМРО-ДПМНЕ днешниот круг гласање го оквалификува како „нова црна дамка за Македонија“.