TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Врховниот суд на Македонија ќе пресече за изборите во Скопје

Утрински - 19.03.2005

ДИК соопшти информации за бројот на пристигнатите приговори до општинските изборни комисии Централната комисија вчера доцна попладне објави дека локалните избори за градоначалници во прв круг се завршени во 13 општини Клучот на сите жалби за градоначалничките кандидатури во Скопје е во Врховниот ...

Пребројувањето во Чаир ќе го чека Врховниот суд

Време - 19.03.2005

ПО ОДЛУКАТА НА СКОПСКАТА ИК Неизвесно е дали ќе се пребројуваат гласовите во Чаир. Градската изборна комисија, одлучувајќи врз основа на приговор, донесе решение за пребројување, ама се уште не побарала од ИК во Чаир да ги преброи гласовите.

Неизвесно пребројувањето во Чаир

Дневник - 19.03.2005

КОМИСИИТЕ НЕУСОГЛАСЕНИ Неизвесно е дали ќе се пребројуваат гласовите во Општината Чаир, бидејќи Градската изборна комисија донесе такво решение, но се уште не го доставила до Општинската комисија. Од ГИК велат дека тоа ќе го сторат кога ќе заврши и второстепената жалбена постапка.

Павлина Црвенковска гласаше за приговорот на Костовски, тврди СДСМ

Утрински - 19.03.2005

Владејачката партија ги отфрли обвинувањата СДСМ вчера експресно реагираше на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ и ги отфрли наводите дека нивниот член во Градската изборна комисија, и шеф на Кабинетот на премиерот, Владо Бучковски, Павлина Црвенковска, ги лажира изборите и заговара фалсификат на ...

Опозицијата намерно поднесува дилетантски приговори

Време - 19.03.2005

КОАЛИЦИЈАТА „ЗА МАКЕДОНИЈА ЗАЕДНО“ ОБВИНУВА Коалицијата „За Македонија заедно“ ја обвини опозицијата дека поднела приговори во Градската изборна комисија само за да има уште еден доказ за обвинувањата дека се прави лажирање на изборите.

Опозицијата со дилетантски приговори

Дневник - 19.03.2005

СДСМ ОБВИНУВА Опозицијата или не знае да пишува приговори или намерно составува правно-дилетантски приговори како средство за манипулација за наводен фалсификат на изборите, обвини Коалицијата "За Македонија". Портпаролот на СДСМ, Борис Кондарко, тврди дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ не знае што бара ...

Ќе се прегласува во три избирачки места во Шутка и Чаир

Вест - 19.03.2005

Во 13 општини е избран градоначалник во првиот круг, а во 28 општини ќе се гласа за градоначалник во вториот круг. За останатите општини се поднесени приговори и жалби, и по истекот на сите предвидени рокови ќе се знае дали и каде ќе има избрани градоначалници во првиот круг, а каде ќе се оди во ...

Владата и Врховниот суд да ја заштитат законитоста на изборниот процес

Вест - 19.03.2005

ИЗБОРНИОТ ШТАБ НА ТРИФУН КОСТОВСКИ АПЕЛИРА Изборниот штаб на Трифун Костовски ги повика Владата и ДИК да ја заштитат законитоста на изборниот процес. Наедно го прозваа и Врховниот суд да докаже дека ДИК е одговорна за законитоста на изборите.

Продолжуваат реакциите за изборните нерегуларности во Скопје

А1 - 18.03.2005

Енигмата од изборите за градоначалник на Скопје во општина Чаир продолжува. И покрај бурните реакции на политичките партии, со лежерен став се и Градската изборна комисија на Скопје и Општинската на Чаир. Нејасно зошто 24 часа по донесената одлука, Градската комисија не испратила допис-наредба до ...

СДСМ со забелешки на однесувањето на опозицијата

А1 - 18.03.2005

Опозицијата продолжува да подгрева атмосфера на нерегуларности, во која сите губиме, велат од таборот на СДСМ. „Сметаме дека РМ, доколку продолжат вака, сите заедно ќе не доведат во една многу непријатна ситуација, од која сите заедно можеме да имаме само штета, а не корист“, изјави Борис Кондарко, ...

В понеделник чиста слика за изборите

Време - 18.03.2005

СПОРЕД ЗАКОНСКИТЕ РОКОВИ Дали ќе има прегласување или втор круг од изборите за градоначалник на Скопје ќе се знае в понеделник. Тогаш завршуваат законските рокови за решавање по приговорите на постапката за сумирање и утврдување резултати и за решавање за евентуални жалби во Врховниот суд.

Се бара прегласување во Шуто Оризари, Сарај и во Чаир

Утрински - 18.03.2005

Градската изборна комисија решава по три приговори Изборната комисија на Скопје најдоцна денеска попладне треба да се произнесе за три приговори поднесени од независниот кандидат Трифун Костовски за Општина Чаир, од коалицијата †За Македонија заедноои за Општина Шуто Оризари и од ...

Добри сме штом не критикуваат и власта и опозицијата

Време - 18.03.2005

ВО ДИК ИЗНЕНАДЕНИ ОД НАПАДИТЕ ОД СДСМ Тоа што за ДИК има критики и од власта и од опозицијата е добар знак дека работиме во согласност со законот и ослободени од партиски влијанија. Така вчера Стево Пендаровски, претседателот на ДИК, одговори на обвинувањата од СДСМ дека изборната комисија за време ...

Кој кого мести

Вест - 18.03.2005

ПРЕПУКУВАЊА МЕЃУ СКОПСКАТА И ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА Градската изборна комисија вчера ги негираше наводите на ДИК дека нередовно доставиле податоци за текот на гласањето, а ДИК остана на тврдењето дека скопската изборна комисија доставила, сепак, нецелосн Државната изборна комисија и скопската ...

Уште три дена за приговори и за жалби

Време - 18.03.2005

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА До понеделник би требало да завршат приговорите и жалбите за евентуални неправилности и да имаме чиста слика за резултатите од првиот круг од локалните избори, најави Стево Пендаровски, претседател на Државната изборна комисија.

Ќе се пребројуваат гласовите во Чаир

Дневник - 18.03.2005

СКОПСКА ИЗБОРНА КОМИСИЈА Градската изборна комисија го прифатила приговорот на кандидатот за градоначалник Трифун Костовски целиот избирачки материјал во Општината Чаир да се преброи. Според одлуката на ГИК, треба да се отвори избирачкиот материјал од 62 избирачки места, во кои се регистрирани ...

Ако се прегласува, вториот круг во Скопје ќе се одложи

Дневник - 18.03.2005

ДИК Вториот изборен круг за градоначалник на Скопје може да биде одложен за 14 дена ако општинските изборни комисии решат дека треба да се повтори гласањето на повеќе избирачки места, бидејќи тоа може да влијае на конечниот резултат.

Ќе се "чешлаат" три приговори

Вечер Прес - 18.03.2005

Три приговори се пристигнати до Градската изборна комисија во Скопје, по еден од независниот кандидат, Трифун Костовски за општина Чаир, коалицијата "За Македонија заедно" за општината Шуто Оризари и еден од Национално - демократска партија - информираше на вчерашната прес-конференција Анита ...

Три приговори до ГИК на Скопје за првиот круг од изборите

А1 - 17.03.2005

Само три приговори пристигнале до Градската изборна комисија на Скопје. Поднесени се од кандидатот Трифун Костовски за општина Чаир, од коалицијата За Македонија заедно за Шуто Оризари и од НДП повторно за Чаир. Приговорите се однесуваат на начинот на кој се пресметани резултатите и забелешки за ...

Андов бара да се смени составот на Градската изборна комисија

Утрински - 17.03.2005

Либерали Либералната партија оценува дека Градската изборна комисија со објавувањето на резултатите од гласањето за градоначалник на Скопје ја потврдила својата наклонетост кон владејачката коалиција, грубо преиначувајќи ја волјата на граѓаните.

Не е наше да утврдуваме неправилности

Време - 17.03.2005

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА Резултатите од локалните избори се тие што ги објавија општинските изборни комисии и ДИК не констатира неправилности во работата на изборната комисија за градот Скопје, рече Стево Пендаровски, претседател на ДИК, на вчерашната прес-конференција.

Грешниците бегаат низ дупките во законот

Време - 17.03.2005

КАЗНИ ЗА ИЗБОРНИТЕ НЕПРАВИЛНОСТИ Александра М. Митевска МВР поднело четири кривични и 10 прекршочни пријави за инцидентите што се случија за време на изборите во неделата. Две кривични пријави се за употреба на оружје во селото Лажани, Прилепско.

Да се смени скопската изборна комисија

Време - 17.03.2005

ЛИБЕРАЛНА ПАРТИЈА Градската изборна комисија (ГИК) треба да биде сменета бидејќи со објавувањето резултати од гласањето за градоначалник на Скопје ја потврди својата наклонетост кон владејачката коалиција и грубо ја преиначи волјата на граѓаните.

ДИК нема надлежност врз резултатите

Дневник - 17.03.2005

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ Државната изборна комисија нема надлежност и не може ништо да преземе за побрзо да се добијат резултатите од гласањето и е немоќна да спречи евентуални тактизирања на општинските изборни комисии во пласирањето на резултатите, вели претседателот на ДИК, Стево Пендаровски.

ДИК е одговорна за недемократската атмосфера

Време - 17.03.2005

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДСМ Со начинот на кој работи, Државната изборна комисија предизвика недемократска атмосфера по првиот круг од локалните избори, обвини СДСМ на вчерашната прес-конференција. - Неоправдана и недозволива е нетранспарентноста во работата на ДИК.

Пендаровски: Нема никакви неправилности во работата на ГИК

Утрински - 17.03.2005

СТАВ >†Државната изборна комисија нема констатирано никакви неправилности или некакви елементи на нарушувања на изборниот процес во работата на Градската изборна комисијааи. Ова е едногласниот став на ДИК што по нејзиното заседание го пренесе на вчерашната прес-конференција претседателот на ова ...

ДИК е нетранспарентен со резултатите

Утрински - 17.03.2005

КОНДАРКО Коалицијата "За Македонија заедно" смета дека Државната изборна комисија е недозволиво нетранспарентна во поглед на објавувањето на резултатите, информираше на вчерашната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Борис Кондарко.

ДИК без оценка за регуларноста на изборите

Вест - 17.03.2005

Претседателот на Државата изборна комисија Стево Пендаровски вчера немаше оценка дали првиот круг од локалните избори помина во фер и демократска атмосфера. "Сите имаме интерес да имаме демократски избори, но би почекал да видам како тоа ќе го решат во прва и втора инстатнца надлежните органи", ...

ДИК потврди дека ќе има втор круг во Скопје

А1 - 16.03.2005

Доцна синоќа Државната изборна комисија ја потврди одлуката на Градската во Скопје да има втор круг на изборите за градоначалник. Во ДИК велат дека денеска е рано да се каже каде ќе има прегласувања. „Денеска нема да може да се знае во оние општини каде што има приговори и евентуално жалби.

Пендаровски се огради од коментар за изборите

А1 - 16.03.2005

По три дена од изборите, во јавноста се појави и претседателот на ДИК, Стево Пендаровски. Тој во име на Комисијата се огради од коментар за изборите, иако опозицијата тврди, особено за Скопје, дека е направен фалсификат. Пендаровски ќе чека да види како ќе заврши разгледувањето на приговорите, ...

Процентот на Трифун врвна државна тајна

Вест - 16.03.2005

ИЗБОРНАТА УЈДУРМА ЗА СКОПЈЕ СТАНУВА КОМИЧНА Ниту Градската, ниту Државната изборна комисија не сакаат да го пресметат процентот на добиени гласови на кандидатите за градоначалник на Скопје, независниот Трифун Костовски и кандидатот на владината коа Никој од изборните органи надлежни за утврдување и ...

Постигнатите резултати не прават апсолутни победници

Време - 16.03.2005

КОАЛИЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА ЗАЕДНО Со освоени 11 градоначалнички и 379 советнички места коалицијата „За Македонија заедно“ може да се смета за апсолутен победник во првиот круг од локалните избори, изјави Борис Кондарко на вчерашната прес-конференција.

Јавноста оправдано се сомнева во веродостојноста на изборите

Време - 16.03.2005

ИЗБИРАЧКИТЕ ТЕЛА НЕ ГО ПОЧИТУВАА ЗАКОНОТ Изборната комисија за градот Скопје од необјасниви причини не ги соопшти целосно резултатите од изборот за градоначалник на Скопје. Според Законот за локални избори, јавноста требаше да ги дознае првичните резултати 24 часа откако беа затворени избирачките ...

Резултати од Општинските изборни комисии

А1 - 14.03.2005

Според првичните резултати на Општинските изборни комисии во првиот круг од локалните избори победија: Втор круг според првичните резултати на Општинските изборни комисии ќе има во следниве ...