TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Стружани не го најдоа светиот крст во надојдениот Дрим

Утрински - 23.01.2003

СТРУГА - Струшките нуркачи и голем број граѓани во вторникот не успеаја да го најдат светиот крст кој за време на водичарската православна процесија беше фрлен во водите на надојдениот Дрим. Во вторникот раководството на ХЕЦ "Глобочица" ја затвори браната на устието на Црн Дрим и коритото беше суво ...

Стружани не го најдоа светиот крст

Дневник - 22.01.2003

И По три дена По четири часа детална потрага во коритото на реката Дрим, петнаесетте трагачи вчера не успеаја да го најдат светиот крст, што во неделата на празникот Водици го фрли митрополитот Тимотеј. По неуспешното трагање вработените во ХЕЦ "Глобочица" ги пуштија водите на реката Дрим да течат ...

Дримот се испразни, а од крстот ниту трага

Вест - 22.01.2003

СТРУГА ПО ВОДИЦИ Вчераутро во Струга, повеќе од два часа вработените во ХЕЦ "Глобочица", со затворањето на главната брана кај утоката, го испразнија Дрим, со цел да се пронајде изгубениот крст што за празникот Водици беше фрлен во надојдената река.

Затворен испустот од Дрим заради пронаоѓање на светиот крст

А1 - 21.01.2003

Испустот на вода од реката Дрим во Охридското Езеро денеска целосно ќе биде затворен, со цел да се олесни барањето на светиот крст што за време на водичарската свеченост остана во реката. „Затворањето на испустот ќе трае два часа, за кое време видно ќе се намали нивото на водата во Дрим и ќе се ...

Дрим се празни да се најде крстот

Вест - 21.01.2003

ВОДИЦИ ВО СТРУГА Потрагата по осветениот крст што стружани на Водици го изгубија продожлува, нуркачите метар по метар го пребаруваат дното на Дрим Цела Струга е на нозе откако завчера на Водици во водите на Дрим беше загубен светиот крст.

Охридските рибари крстот го фрлаа и кога беше забрането

Утрински - 21.01.2003

Дел од охриѓани негодуваат бидејќи крстот го фаќаат само тајфите ОХРИД - На вториот ден од Богојавление - Водици, односно на денот на свети Јован Крстител, охридските рибари вчера традиционално скокнаа во водите на Охридското Езеро со молитва за здравје и добар лов.

Апстиненцијата во фаќањето на крстот -бојкот на владиката Наум

Утрински - 21.01.2003

СЛУЧАЈ СТРУМИЦА - На големиот христијански празник Водици за прв пат во Струмица немаше кој да го фати светиот крст. Крај базенот на Домот на АРМ имаше околу илјада струмичани, и тие останаа вчудоневидени откако забележаа дека нема кој да го фати православниот симбол.

Тимотеј: Бог одлучува за се

Вест - 21.01.2003

"Тоа се бабини фантазии", вели митрополитот Тимотеј, кој го фрли крстот во Дрим, за стравувањата на стружани дека годинава ќе им биде несреќана зашто го изгубија осветениот крст Владиката Тимотеј, кој на Водици во Дрим го фрли осветениот крст, верува дека крстот ќе биде пронајден и, според него, ...

Се опијаниле со греана ракија и заборавиле на крстот

Вест - 21.01.2003

СТРУМИЦА Завчера во Струмица никој не скокнал да го фати осветениот крст по повод празникот Водици, бидејќи луѓето што тој ден се подготвувале за фаќање на крстот, се запиле греана ракија во една од просториите на Домот на АРМ каде што била службата и заборавиле на крстот.

Крстот за Војо Ѓорѓиевски

Вест - 20.01.2003

ОДБЕЛЕЖАН ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК ВОДИЦИ Осветениот крст, кој во чест на православниот празник Богојавление или Водици, вчера во водите на реката Вардар од Камениот мост го фрли архиепископот охридскии и македонски г.г. Стефан, годинава го фати скопајнецот Војо Ѓорѓиевски.

Војо Ѓорѓиевски го фати крстот и доби телевизор

Утрински - 20.01.2003

Вчера свечено одбележано крштевањето на Исус Христос, Богојавление или Водици ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Одбележувајќи го празникот Богојавление или Водици, Македонската православна црква вчера симболично го прослави крштевањето на спасителот Исус Христос.

Струга го изгуби крстот

Вест - 20.01.2003

Наместо верниците, нуркачи го бараа изгубениот крст во Дрим Светиот крст, кој вчера за Водици во Струга, во надојдениот Дрим го фрли митрополитот Тимотеј, пропадна во длабоката река, а педесеттина млади стружани кои се фрлија да го фатат и по неколку часовно нуркање не успеаја да го пронајдат.