TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

"Пружи отпор - кажи не!" со нови протести против поскапиот телефон

Вест - 07.08.2004

Граѓанската акција "Пружи отпор - кажи НЕ!" го повикува јавниот обвинител во следните седум дена да се огласи со соодветна акција против самоволието на "Македонски телекомуникаци" и зголемувањето на цените на услугите. Заради арогантното и неодговорно однесување на Владата, пак, бараат оставка од ...

Се бараат оставки на тројца министри

Дневник - 07.08.2004

"ПРУЖИ ОТПОР, КАЖИ НЕ" Поради неодговорното и арогантно однесување на Владата околу дивеењето на цените на фиксната телефонија, граѓанската акција "Пружи отпор, кажи не" ќе бара оставки од министрите за економија, за финансии и за транспорт и врски и од директорот на Монополската управа.

Телекомот бесправно ќе заработи милиони евра од поскапувањето

Време - 07.08.2004

ВМРО-ДПМНЕ Новиот тарифен модел во фиксната телефонија што телекомот го воведе на први минатиот месец бесправно ќе им собере на граѓаните 22,8 милиони евра, велат од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Според Зоран Трајчевски, претседател на Комисијата за телекомуникации во партијата, ...

Владата може да му ја одземе концесијата на телеком

Дневник - 07.08.2004

ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПОСКАПУВАЊЕТО НА ТЕЛЕФОНОТ Тарифниот модел е спротивен на Законот за телекомуникации и договорот за концесија на телеком, а Владата имала неколку начини да ја спречи неговата примена, смета партијата Владата може да му ја одземе концесијата на телеком поради промената на цените на ...

Според ВМРО-ДПМНЕ, „Телеком" ги зголемил цените спротивно на Договорот за концесија

Утрински - 07.08.2004

ПРЕС Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива до Антикорупциската комисија за испитување на можна сторена злоупотреба на службено овластување, како и за можна корупција од страна на Владата, министерот за транспорт и врски, директорот на Управата за телекомуникации и одговорното лице во АД ...

ВМРО-ДПМНЕ: Телекомот ќе ќари 23 милиони евра со новите тарифи

Вест - 07.08.2004

Владата не презеде ништо да го спречи Телекомот во зголемувањето на цените во фиксната телефонија, а антикорупциската комисија се уште не се произнела иако воведувањето нови тарифни модели во фиксната телефонија се спротивни на договорот за концесија, рече вчера поранешниот директор на Управата за ...

Телекомот пред јавниот обвинител и Хелсиншкиот комитет

Време - 07.08.2004

„ПРУЖИ ОТПОР - КАЖИ НЕ“ Акцијата „Пружи отпор - кажи НЕ“ ќе побара јавниот обвинител и Уставниот суд да интервенираат во врска со новиот ценовник на „Македонски телекомуникации“. Координативното тело на оваа граѓанската акција ќе испрати писмо до Хелсиншкиот комитет за човекови права за да се ...

ВМРО-ДПМНЕ бара да се испита можната корупција за Телеком

А1 - 06.08.2004

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара од Антикорупциската комисија да ја испита можната корупција на државните институции и функционери, бидејќи не сториле ништо за да го спречат Телекомот да ги поскапи цените. „Поднесовме иницијатива до Антикорупциската комисија за испитување на можна сторена злоупотреба на службена ...

НВО одржаа јавна трибина за самоволието на Телеком

А1 - 06.08.2004

По двомесечно укажување до Владата на РМ и А.Д. Македонски Телекомуникации, Координативното тело на граѓанската акција „Пружи отпор, кажи не“ со седиште во Штип, денес одржа јавна трибина на која учествуваа експерти од адвокатска комора, антикорупциска канцеларија и од економската област.

Телекомци лути на министерот Поповски

Дневник - 06.08.2004

ПО ОСПОРЕНОТО ПРАВО НА АКЦИИ Владата има обврска со акционерскиот договор да им пренесе на вработените два отсто од државниот капитал, вели синдикалецот Јордан Сандев Синдикатот во "Македонски телекомуникации" нема да се откаже од барањето вработените да добијат два отсто од државните акции во ...

Вработените во телеком немаат акции во фирмата

Дневник - 05.08.2004

МИНИСТЕРОТ ПОПОВСКИ КАТЕГОРИЧЕН Одлуката на минатата Влада за распределба на 2 отсто од акциите во "Македонски телекомуникации" е ништовна зашто е донесена во време кога се подготвувал Законот за борба против корупцијата, а и во пресрет на избори, изјави министерот за финансии Никола Поповски.

Владата не ги повлече своите претставници од Телеком

А1 - 02.08.2004

Владата не ги повлече своите претставници од Управниот одбор на Телеком, а компанијата не го објави концесискиот договор, како што бараше кординативното тело на Граѓанската акција „Пружи отпор, кажи не“ во протестното писмо што им го достави.