Скопје Вработени во „Македонска банка“ и граѓани одржаа денеска протест пред Народната банка на Македонија (НБМ), поради одлуката на НБМ за ликвидација на „Македонска“. Вработените бараат гувернерот Петар Гошев да ја повлече одлуката и да дозволи „Македонска банка“ да продолжи со работа.
Скопје Вработените во „Македонска банка“ најавија за денеска протест пред Народната банка на Македонија (НБМ), поради одлуката за ликвидација. Вработените бараат гувернерот Петар Гошев да ја повлече одлуката и да дозволи „Македонска банка“ да продолжи со работа.
Јака најави кривични и за уште две одговорни лица од НБРМ и за екс директорот на Македонска банка, Спасе Лазаревски Јака 80, која до пред два дена беше доминантен сопственик на акциите во Македонска банка, вчера најави дека ќе поднесе кривична пријава против гувернерот, Петар Гошев поради ...
Новите акционери на Македонска банка бараат од гувернерот Петар Гошев веднаш да ги укине сите мерки и ограничувања што ги има изречено кон Банката, за да може таа нормално да продолжи со работа. Тие вчера доставија писмо до НБРМ и деновиве очекуваат одговор.
Скопје Народната банка на Македонија (НБМ) ќе ја разгледа промената на акционерската структура на Македонска банка АД Скопје и тогаш ќе го соопшти својот став и, евентуално, ќе преземе нови мерки. НБМ во јули годинава утврди дека АД Јака 80 – Радовиш не може да биде акционер со квалификувано ...
ЈАКА 80, фирма во сопственост на српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ - Нини, веќе нема ниту една акција во Македонска банка. Пакетот од 78 отсто од акциите, расцепкан на под пет отсто е продаден на 16 фирми, банки и физички лица од поранешна Југославија Српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ-Нини, ...
Скопје Ликвидацијата на Македонска банка нема да ги наруши перформансите во банкарскиот сектор во Македонија, кои во првото полугодие од 2007 се исклучително поволни. Ова денеска во Скопје го изјави гувернерот на Народната банка на Македонија (НБМ), Петар Гошев на прес конференција, на која го ...