TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

"Кале" благословено литургиско вино

Вест - 11.06.2004

ВЧЕРА НА СКОПСКИ САЕМ ДЕГУСТАЦИЈА НА ШАМПИОНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ НА "СКОВИН" Црвеното вино на винарницата "Сковин" "кале", како победник во конкуренција на црвените вина, оваа година е благословено литургиско вино кое ќе се користи за светата причест во сите храмови на Македонската православна црква.

Награди за најдобри вина и тутун добија 90 производители

Дневник - 09.06.2004

СКОПСКИ САЕМ По дегустацијата на вина и јаки алкохолни пијалаци и на тутунски преработки и ферментиран тутун вчера, на саемската манифестација "Агрофуд 2004", им беа доделени награди на 90 производители. Саемот, што ќе трае од 8 до 13 овој месец, завчеравечер го отвори премиерот Хари Костов.

Вината на "Тиквеш" и на "Сковин" апсолутни победници на АГРОФУД

Утрински - 09.06.2004

САЕМ Скопски саем од вчера е домаќин на три саемски манифестации, АГРОФУД, кој првпат ги обединува Меѓународниот скопски саем-ИТФ и агроиндустрискиот саем АГРОЕКСПО, на Балканската туристичка берза (БТБ) и саемот за алтернативна медицина АЛТРАВИТА.

Избрани шампионите на виното и тутунот

Вест - 09.06.2004

АГРОФУД 2004 Винарниците "Сковин" од Скопје и "Бовин" и "Повардарје" од Неготино вчера ги освоија шампионските титули од дегустацијата на вино и јаки алкохолни пијалаци на саемската манифестација Агрофуд 2004. "Сковин" беше прогласен за шампион на белите вина со виното "мускат", "Бовин" за шампион ...

АГРОФУД 2004 со над 400 излагачи

Утрински - 08.06.2004

Од денеска до 13 овој месец На Скопски саем вчера вечер свечено беше отворена саемската манифестација АГРОФУД 2004, што ќе трае од 8 до 13 овој месец. Оваа манифестација за прв пат ги обединува најстариот Меѓународен скопски саем - ИТФ и Меѓународниот агроиндустриски саем АГРОЕКСПО.