TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бурно враќање на домашниот фудбал по шокот во Андора

А1 - 17.10.2004

Бурно враќање на домашниот фудбал по шокот во Андора. Црвени картони речиси колку и голови во деветото коло во нашата прва лига. Значи дека гостите имаа свој ден. Напредок го направи најголемото изненадување освојувајки бод против Вардар во Скопје на дуелот со двојно повеќе црвени картони од голови.

Да се обложиме дека Елвис Присли е жив

Утрински - 16.10.2004

По тешкиот пораз на Македонија во квалификацискиот натпревар за СП од Андора со 0:1 Фарко Шакири Бернаус со голот против Македонија, дојде тивко и влезе во легендите, по една фудбалска епизода, а според ефектот, повпечатлива дури и од серијалите за ненадминатиот револверист и коцкар, човекот со ...

Изгубен образ

Вест - 15.10.2004

Селекторот на македонската репрезантација Канатларовски понуди оставка по срамниот пораз од Андора Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Хари Хаџи- Ристески тврди дека резултатот не е наместен Резултатот во Андора не беше наместен, тврди првиот човек на македонскиот фудбал Хари Хаџи ...

Хаџиристески: Ќе има казни - сигурно!

Време - 15.10.2004

ФУДБАЛ Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Харалампие Хаџиристески, вчера за „Време“ потврди дека усно добил понуда за оставка од селекторот Драги Канатларовски, веднаш откако завршил мечот со Андора. - Канатларовски навистина ми ја понуди оставката.

"Фришоп" во Андора

Дневник - 15.10.2004

Коментар - Милорад Стојмановски Македонскиот фудбал доживеа голем срам во малата Андора, на стадионот за 700 гледачи и на терен што е помал зашто на планина тешко се наоѓа ледина од 100 метри. Не знам со кое лице се вратија Пандев, Александар и Игор Митрески и другите репрезентативци во своите ...

Канатларовски понуди оставка

Време - 15.10.2004

ФУДБАЛ - ПО ПОРАЗОТ НА МАКЕДОНИЈА ОД АНДОРА Никола Богојевски Македонскиот селектор Драги Канатларовски ја прифати целосната одговорност за најголемиот срам на македонскиот фудбал, по завчерашниот пораз во Андора, и му понуди оставка на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Хари ...

Одете си, оти од репрезентацијата направивте репрезилтација!

Време - 15.10.2004

АКЦЕНТ Златко Крстевски Македонија од завчера е нова шега во Европа. Фудбалска. Македонските репрезентативци на мечот со Андора не изрепрезентатираа најлошо што може. Се потрудија цел свет да ни се смее и со прст да покажува по нашиот срам - резилот во Андора.

Канатларовски му понуди оставка на Хаџиристески

Утрински - 15.10.2004

По дебаклот на репрезентацијата на Македонија на квалификацискиот меч во Андора Јане Николоски: Паднавме поради нашата фудбалска незрелост. Солзи по натпреварот Емил Китановски Шефот на Стручниот штаб на фудбалската репрезентација на Македонија Драган Канатларовски му ја понудил својата оставка на ...

За срамот - оставки!

Вест - 15.10.2004

По дебаклот на македонската фудбалска репрезентација од аутсајдерот Андора Само три дена по блескавото реми против Холандија, македонската фудбалска репрезентација доживеа вистински бродолом во дуелот со Андора. Го претрпевме најсрамниот пораз во историјата на македонскиот фудбал и, што е најболно, ...

Прва победа на Андора во квалификациски циклус

Утрински - 15.10.2004

Откако и го нанесе најсрамниот пораз на македонската фудбалска селекција Извонредниот удар што го упати играчот од средниот ред Марк Бернаус и овозможи на Андора да дојде до првата победа во мечот против Македонија (1:0) во квалификациите од првата група за пласман на Светското првенство во ...

ФУДБАЛСКО СТРМОГЛАВУВАЊЕ

Вечер Прес - 15.10.2004

Токму помисливме дека го надминавме комплексот на помала фудбалска вредност, кога одново ни се вратија старите фрустрации. Само четири дена по еуфоријата од големото реми со Холандија, дома, доживеавме невиден срам. Поразени сме на гостување од аматерите на Андора, кои се наоѓаат во долниот дел на ...

Селекторот Канатлароски во оставка

А1 - 14.10.2004

Македонскиот репрезентативен фудбал во агонија, селекторот во оставка. Нацијата долго ќе се опорава од фри-шоп шлаканицата токму на стотиот јубилеен натпревар. За три дена и вторпат сме во насловите на агенциските вести. Сега како дарежливи партнери испишувачи на сиромашната фудбалска историја на ...

Јубилеј со горчлив вкус за "црвено-жолтите"

Дневник - 14.10.2004

ФУДБАЛ - КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2006 На својот стоти официјален меч, македонската репрезентација неочекувано загуби од аутсајдерот Андора, по големото реми со Холандија Македонската фудбалска репрезентација приреди уште едно големо изненадување по само четири дена.

Срамен пораз од Андора

Утрински - 14.10.2004

Фудбалски дебакл од вечниот европски аутсајдер, Андора - Македонија 1:0 (0:0) И покрај неколкуте обиди да се запише во листата на стрелците нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев остана без постигнат погодок во Андора Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа срамен пораз во рамките на ...

Аутсајдерот ни зема мерка

Вест - 14.10.2004

Квалификации за СП - Пораз на македонската фудбалска репрезентација од Андора АНДОРА - МАКЕДОНИЈА 1:0 (0:0) Ла Вела. Стадион "Комунал". Гледачи 300. Судија: Стефано Подески (Сан Марино). Стрелци: Бернаус 60' (А) Жолти картони Лима (А) Стојановски, Ставревски, Гроздановски (М) Андора: Колдо, Ескура, ...

БЛАМАЖА ВО АНДОРА!

Вечер Прес - 14.10.2004

Македонската репрезентација забележа неочекуван пораз во Андора, од аутсајдерот во Првата квалификациска група, со минимални 0:1, на својот јубилеен 100-ти на меѓународната сцена. Неочекувано за цела фудбалска Европа, само четири дена по историското реми со Холандија, Македонија загуби од една од ...

Дебакл на нашата фудбалска селекција од Андора

А1 - 13.10.2004

Дебакл на Македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во Андора. Поразот од 1:0 во квалификациите за Светското првенство од селекцијата што се наоѓа на 147-мото место на ранг листата на ФИФА не може никако поинаку да се протолкува.

Квалификации за СП 2006: Андора - Македонија

А1 - 13.10.2004

Македонската репрезентација со денешното гостување во Андора го завршува октомврискиот циклус од квалификациите за СП, кои со победа може да ги заврши со одлични четири бода. Иако без речиси половина од најдобриот состав, Македонија е изразит фаворит за освојување на трите бода, со кои ќе го задржи ...

Екстраофанзивно за задржување на третата позиција

Време - 13.10.2004

ФУДБАЛ - ДЕНЕСКА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП: АНДОРА - МАКЕДОНИЈА Со екстраофанзивна формација, 3-4-3, фудбалската репрезентација на Македонија денеска на гости ќе се обиде да го победи аутсајдерот Андора (15 часот, директен пренос на Македонското радио), од четвртото квалификациско коло за пласман на СП во ...

Јубилејот да се прослави со победа

Вест - 13.10.2004

Квалификации за СП- Македонската фудбалска репрезентација денеска против Андора го игра 100-тиот меч Нашите ќе играат во офанзивна формација 3-4-3. - Васко Божиновски ќе одмара на овој натпревар. Денешниот стоти натпревар што нашата фудбалска репрезентација, во рамките на квалификациите за ...

Само победа би го заокружила подвигот против Холанѓаните

Утрински - 13.10.2004

Фудбалската репрезентација на Македонија попладнево гостува во кнежевството Андора Поради отсуството на четворица, првотимци Стојаноски и Ставревски Емил Китановски Фудбалската репрезентација на Македонија попладнево со почеток во 15 часот во кнежевството Андора ќе го одигра четвртиот меч од ...

Андора има 30 порази од исто толку мечеви

Време - 13.10.2004

ФУДБАЛ - СКОР НА АНДОРА ВО КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП И ЗА ЕП Андора со искусен состав денеска ќе и се спротивстави на Македонија во квалификациите за СП 2006, во обид првпат да остане непоразена во официјален квалификациски меч. Андора пред само осум години почна да се натпреварува на меѓународна сцена и ...

Бодот од "лалињата" на верификација

Дневник - 13.10.2004

ФУДБАЛ - ДЕНЕСКА (15 Ч.) МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПРЕД НОВ ИСПИТ ПРОТИВ АУТСАЈДЕРОТ АНДОРА Македонската фудбалска репрезентација немаше време да му се израдува на саботното реми со фаворитот во 1. квалификациска група за СП 2006, Холандија, во Скопје (2-2). Денеска (15 ч.

ПРЕТПАЗЛИВО СО АУТСАЈДЕРОТ

Вечер Прес - 13.10.2004

"Ако денеска не победиме, џабе ни било ремито со Холандија", вели селекторот на македонската репрезентација Драган Канатларовски, пред денеш ниот четврти квалификациски натпревар за СП 2006, во рамки на Првата група, потив Андора на гости.

Андора е следниот противник на нашата фудбалска селекција

А1 - 12.10.2004

Малку време за радост и средување на впечатоците по големиот резултат со Холандија, имаше македонската фудбалска селекција. Веќе утре избраниците на Драган Канатларовски треба да ја потврдат добрата форма и прогресот во пристапот кон играта и противникот.

Ремито вредно по 1.500 евра

Дневник - 12.10.2004

За ремито против Холандија во Скопје (2-2), македонските фудбалски репрезентативци ќе бидат премирани со по 1.500 евра. Наградата од ФФМ, ќе им биде исплатена пред натпреварот со Чешка, на 17 ноември во Скопје. Македонската репрезентација сумата за исплата во ноември ќе ја зголеми за уште по 1.000 ...

Попов замена за пожолтените Крстев и Васоски

Дневник - 12.10.2004

Горан Попов е замената за пожолтените Миле Крстев и Александар Васоски, на кои селекторот Драги Канатларовски - Цапар нема да може да смета за утрешниот дуел со аутсајдерот Андора. Македонската фудбалска експедиција, преку Рим и Барселона, каде ноќеваше во неделата, замина за Андора.

Македонија повторно ја шокираше фудбалска Европа

Вест - 12.10.2004

Квалификации за СП во фудбал - По одличните 2:2 на нашата фудбалска репрезентација на мечот со Холандија За Канатларовски публиката беше најдобар фудбалер на натпреварот. - Марко ван Бастен смета дека резултатот беше реален По мечот во Саутемптон против Англија што се одигра пред две години, ...

Херојска игра против "лалињата"

Утрински - 12.10.2004

Голем успех на македонската репрезентација во дуелот со петтопласираната селекција на ранг-листата на ФИФА Нашата фудбалска репрезентација успеа на два пати да ја анулира предноста на гостите Емил Китановски Фудбалската репрезентација на Македонија постигна извонреден резултат играјќи нерешено 2:2 ...

Против Андора без Седлоски, Васовски и М. Крстев

Утрински - 12.10.2004

Фудбалската експедиција на Македонија преку Барселона пристигна во малото кнежество По одличната средба и освоениот бод на саботниот меч на Градскиот стадион во Скопје, фудбалската експедиција од Македонија вчера попладне пристигна во Андора, каде што утре во рамките на четвртото коло од првата ...

Cо Андора треба да се потврди нашата фудбалска зрелост

А1 - 11.10.2004

Спортски кај нас денеска празнично и пригодно, во најава за она што по саботните 2:2 на Градски, го исчекуваме уште повеќе. Квалификацискиот дуел со Андора треба да ја потврди нашата фудбалска зрелост и да ја одржи тензијата во пресрет на ноемврискиот циклус, кога во скопје ќе гостува вториот ...