TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Црвенковски му рече „не“ на Георгиевски

А1 - 16.06.2002

„Ние не коалицираме со ВМРО-ДПМНЕ“, е одговорот на првиот социјалдемократ Бранко Црвенковски на повторната понуда на Љубчо Георгиевски за постизборно коалицирање. „На претстојните парламентарни избори треба да се порази неморалот и корупцијата.

Георгиевски ја повтори понудата за коалиција со СДСМ

А1 - 16.06.2002

„Македонија ја очекуваат сериозни национални и безбедносни искушенија во наредниот период. Дел од решенијата за националните интереси е во постизборната коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ“, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски во Охрид, каде се одржа годишното собрание на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува, но останува во власта со командантите на ОНА

Вест - 15.06.2002

НАЈГОЛЕМАТА ВЛАДЕЈАЧКА ПАРТИЈА И ОФИЦИЈАЛНО ЈА ПОКАНИ СДСМ ЗА КОАЛИЦИРАЊЕ ВО ШЕСТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА Коалицијата со ДПА има шанси да се раскине - ако СДСМ, стапи во пред и постизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ го осудува политичкиот ангажман на командантите на поранешната ОНА, како во ДПА, ...

ВМРО-ДПМНЕ му нуди на СДСМ голема коалиција по изборите

Утрински - 15.06.2002

Партијата на Георгиевски со нов предлог до опозицијата ВМРО-ДПМНЕ ќе му предложи на СДСМ по изборите голема коалиција, која ќе биде отворена и за другите македонски партии, соопшти вчера партискиот портпарол, Влатко Ѓорчев. Сепак, тој не сакаше да каже дали тоа ќе значи и крај на коалицијата со ...

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ на коалиција

А1 - 14.06.2002

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ од денеска најави дека по септемвриските избори ќе упати покана до социјалдемократите за коалицирање, бидејќи тоа е најдобро за Македонија. „Тоа не ја исклучува можноста за соработка со други политички партии од македонскиот блок во тој дел од Македонија“, изјави портпаролот ...

СДСМ: ОНА ќе партиципираат во идната влада на Георгиевски

А1 - 13.06.2002

Повик на социјалдемократите до ВМРО-ДПМНЕ и до премиерот Георгиевски веднаш да се оградат од политичкото делување на некогашните терористи на OНA во рамките на нивната коалиција со ДПА. Сегашните фунционери на ДПА, потсетува СДСМ, се диретно одговорни за масакрот во Вејце.

Георгиевски: СДСМ сака да нема избори

Вест - 13.06.2002

"СДСМ ништо друго не го интересира, освен делот како да се формираат изборните закони и се бланко прифаќа во другите закони. СДСМ практично не знае што сака во тој закон, зашто и странските посматрачи, а мислам и Црвенковски, се уверија дека тоа што бара комисиите да се формираат со дво третинско ...

ВМРО-Македонска предлага да се формира техничка влада

Утрински - 13.06.2002

ИНИЦИЈАТИВА Владината коалиција има рок од три дена да се распушти и да се формира техничка влада во која ќе нема место за терористите на ОВК. Таа техничка влада ќе треба да овозможи фер и демократски избори и во преден план да ги стави македонските национални интереси.

Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ го преферира стариот изборен закон

Утрински - 13.06.2002

Изјава на премиерот во Прилеп за изборната регулатива ДАНЧО ТРАЈКОВСКИ ПРИЛЕП - "СДСМ практично не знае што сака и странските посматрачи и другите учесници во разговорите, а и самиот Црвенковски, се уверија дека неговото барање изборните комисии да се формираат со двотретинско мнозинство не значи ...

Ако не се постигне договор за нов, на избори со стариот модел

Дневник - 13.06.2002

ГЕОРГИЕВСКИ ВО ПРИЛЕП ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против на следните парламентарни избори да се излезе со стариот изборен закон, рече вчера лидерот на таа партија и премиер, Љубчо Георгиевски, при посетата на Прилеп. "Ја понудивме и таа варијанта завчера", рече Георгиевски.

ВМРО Македонска: „Војната во Македонија беше фингирана“

А1 - 12.06.2002

Опозиционата ВМРО Македонска ја обвини денеска владеачката гарнитура дека активно воведува поранешни членови на ОНА во владата, што за нив е круцијален доказ дека војната во Македонија била фингирана. „Од вчера имаме круцијален доказ дека војната во Македонија беше фингирана од коалиционите ...

Георгиевски: „СДСМ не знае што сака во изборните закони“

А1 - 12.06.2002

„За Македонија нема ништо подобро од коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Меѓутоа, новите коалиции ќе ги дадат самата предизборна кампања и уште повеќе резултатите од изборите“, изјави денеска во Прилеп премиерот Љубчо Георгиевски.

Поповски: ВМРО-ДПМНЕ и формално е во коалиција со УЧК!

Утрински - 12.06.2002

ОЦЕНА Потпретседателот на СДСМ, Никола Поповски, изјави дека од вчера ВМРО-ДПМНЕ формално е во коалиција со УЧК. "Ако ништо друго, барем ќе престанеме да слушаме како тие никогаш нема да коалицираат со поранешните структури на ОНА, бидејќи сега се единствени кои коалицираат со УЧК", рече Поповски, ...

СДСМ не очекува ништо од средбата со Холмс

А1 - 11.06.2002

„Социјалдемократскиот сојуз не очекува ништо од вечерната средба со американскиот пратеник за Балканот, Џејмс Холмс“, изјави денеска во Скопје потпретседателот на СДСМ, Никола Поповски. „Ништо не очекуваме, затоа што минатиот пат Холмс наздрави со чаша шампањско, овој пат најверојатно доаѓа со ...