TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ралстон во посета на Македонија

А1 - 09.09.2001

Текот на операцијата на НАТО, но и прашањето - што по неа, биле главните теми на денешните разговори меѓу врховниот командант на НАТО за Европа, Џозеф Ралстон, од една, и министерот за одбрана, Владо Бучковски и началникот на Генералштабот на македонската армија, Методи Стамболиски, од друга страна.

ЕУ за останување на НАТО во Македонија

А1 - 09.09.2001

Францускиот министер за надворешни работи Ибер Ведрин изјави дека НАТО би требало да остане задолжен за воените сили кои ќе ги заштитуваат странските посматрачи во Македонија, по завршување на собирањето на оружјето од албанските екстремисти.

Не се неопходни странски сили по завршувањето на мисијата на НАТО

Дневник - 08.09.2001

СТАВ НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ Советот на безбедност на Република Македонија го усвоил планот за повторното воспоставување на уставниот поредок на целата територија на земјава. Планот содржи безбедносни, инфраструктурни и економски мерки, вклучувајќи го и враќањето на македонските безбедносни сили ...

Собирањето оружје продолжува, ЕУ најави посебна парична помош

Дневник - 08.09.2001

ВТОРА ФАЗА НА "ЖЕТВАТА" По завршувањето на операцијата, во земјава ќе има меѓународно присуство, за чија форма веќе се зборува, рече советникот на Робертсон Наменските сили "Жетва" вчера продолжија да го собираат оружјето од терористите, откако Собранието го прифати предлогот за промени на Уставот.

Мандатот на НАТО завршува на 26-ти септември

А1 - 07.09.2001

"Ако нема барање од наша страна за промена или продолжување на мандатот на НАТО, тој ќе заврши според договорот", изјави синоќа министерот за одбрана Владо Бучковски по завршувањето на седницата на Советот за безбедност Бучковски истакна дека операцијата на НАТО за разоружување на албанските ...

Започна втората фаза од „Жетва“

А1 - 07.09.2001

Операцијата на НАТО за собирање на втората третина на оружјето од албанските терористички формации започна претпладнево со поставување на собирни центри во кризните региони, потврдија официјални извори на Алијансата. По вчерашната одлука на македонското Собрание за започнување на постапката за ...

Трајковски ќе побара ОН да испратат мировници во Македонија

Вест - 07.09.2001

СОВЕТ ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ - ПОЧНА ДА СЕ ПЛАНИРА БЕЗБЕДНОСНИОТ ВАКУУМ ПО ОПЕРАЦИЈАТА "НЕОПХОДНА ЖЕТВА" Расправа за варијатните како да се елиминира опасноста во безбедносниот вакуум по завршувањето на "Жетвата" да дојде до нови крвопролевања Претседателот на Македонија Борис Трајковски, вчера ...

Хеликоптери на НАТО носеле опрема за "жетварите", а не за терористите

Дневник - 07.09.2001

ОПЕРАЦИЈА "НЕОПХОДНА ЖЕТВА" Хеликоптери на НАТО оставиле џип и опрема за војниците од наменските сили "Жетва" во Тетовско, а не за терористите, тврдат претставници на Алијансата. Наменските сили вчера однесоа група македонски новинари на еден од набљудувачките пунктови, за да ги уверат дека ...

Продолжува собирањето на оружјето

А1 - 06.09.2001

По даденото зелено светло од македонскиот Парламент, наменските сили „Жетва“ веднаш започнаа со подготовките за втората фаза од операцијата за разоружување на албанските терористи. „По гласањето во Парламентот очекуваме дека за само неколку часа ќе можеме да почнеме со следната фаза“, изјави ...

Што по „Жетва“?

А1 - 06.09.2001

Советот за безбедност на Република Македонија одржa седница на тема: „Што и како по завршувањето на „Жетва“ и по повлекувањето на НАТО војниците од Македонија?“. На заседанието на Советот за безбедност разгледан е и поддржан планот за повторно воспоставување на правниот поредок на целата територија ...

НАТО нема да ја продолжи оваа мисија во Македонија, ниту пак планира нова

Дневник - 06.09.2001

ПОРТПАРОЛОТ НА НАТО ГИ РАЗБИВА СОМНЕЖИТЕ "Македонската Влада сама треба да одлучи дали и како НАТО може да # помогне во следната фаза на консолидација на мирот", рече портпаролот Ив Бродер Северноатлантската алијанса вчера во Брисел соопшти дека мисијата "Неопходна жетва" завршува на 26 септември и ...

НАТО призна дека летал кон Сува Гора

Вест - 06.09.2001

ПО ЕДНОДНЕВНОТО НЕГИРАЊЕ ЗА ХЕЛИКОПТЕР НАД ТЕТОВО Хеликоптерот не носел оружје и џип за албанските терористи, туку возило и генератор за заедничкиот пункт на НАТО и АРМ, лоциран на тоа место. Кај Желино, војниците на Алијансата му помогнале на повреден ...

НАТО не сака нов мандат, но се труди да го добие

Дневник - 06.09.2001

КОМЕНТАР - КАТЕРИНА БЛАЖЕВСКА НАТО и меѓународната заедница се многу загрижени за безбедноста во Македонија по завршувањето на операцијата "Жетва". Нивните аналитичари седеле, размислувале и процениле дека трупите на Алијансата ќе се повлечат од Македонија токму кога ризикот ќе биде најголем.

ОНА нема да го предаде сето оружје

А1 - 05.09.2001

„Не очекувам дека албанската Ослободителна Национална Армија во Македонија ќе го предаде сето свое оружје“, изјави командантот на НАТО за Европа генерал Џозеф Ралстон во интервју за денешниот германскиот весник „Ди Велт“. Ралстон ги демантираше тврдењата на македонската влада дека ОНА поседува ...

Од НАТО не се бега

Вест - 05.09.2001

КАКО ЌЕ СЕ ПОПОЛНУВА ВАКУУМОТ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА "ЖЕТВАТА" ЦИА предупредува: "Ако не го сакате НАТО - без него не можете!". Враќањето на соживотот ќе се проверува во пилот - општини, македонската страна како најпогодно го нуди Теарце, а во игра се Матејче...

НАТО се подготвува за втората "реколта" оружје

Дневник - 05.09.2001

ОПЕРАЦИЈА "НЕОПХОДНА ЖЕТВА" Операцијата за собирање и уништување на оружјето се очекува да продолжи за два - три дена Силите на НАТО за извршување на операцијата "Неопходна жетва" во Македонија се комплетирани и нивниот број сега изнесува 4.800 лица, беше соопштено на вчерашната новинарска ...

Кога "жетварите" ќе заминат, ќе немало кој да посее мир!?

Дневник - 05.09.2001

АЛИЈАНСАТА ЗАГРИЖЕНА ЗА стабилноста на МАКЕДОНИЈА На сите им е јасно дека по завршувањето на триесетте дена ќе има безбедносна празнина, која ќе треба да се пополни за да не избијат повторно насилства, вели портпаролот на Алијансата, Ив Бродер НАТО не може самоволно да го продолжи мандатот во ...

Продолжување на мисијата на НАТО

А1 - 04.09.2001

Никој не знае како ќе се имплементира мировниот план во Македонија, доколку силите на НАТО ја напуштат земјата во планираниот термин за неколку недели, пишува денеска во своето електронско издание весникот "Интернешенел Хералд Трибјун".

Оружјето прво ќе се сече, па ќе се топи

Дневник - 04.09.2001

По првата фаза на "Жетва" Наменските сили "Жетва" на полигонот Криволак до крајот на вчерашниот ден требаше да ги уништат сите собрани мини и експлозиви. Во двата контејнери за муниција на Криволак ќе останат околу 150.000 куршуми, кои ќе бидат уништени во печка.

"Жетвата" ќе паузира до гласањето за процедурата на уставните промени

Дневник - 04.09.2001

НАТО ТАКТИЗИРА СО СОБИРАЊЕТО НА ОРУЖЈЕТО ОД ОНА Од вчера во земјава се пристигнати 4.414 војници на Алијансата, а уништувањето на собраното оружје се уште не е почнато Мисијата на НАТО за разоружување на ОНА нема да продолжи додека во Собранието на Република Македонија не заврши гласањето за ...

На Криволак почна уништувањето на оружјето

Вест - 04.09.2001

ОПЕРАЦИЈА "ЖЕТВА" Во воениот полигон се уништуваат минско-експлозивните средства, а Војниците на НАТО, вчера, во воениот полигон во Криволак, почнаа со уништувањето на оружјето, собрано од ОНА во првата фаза од операцијата "Неопходна жетва".

"Жетвата" ќе чека резултати од Собранието

Вест - 04.09.2001

НАТО ГО ПРЕКИНА СОБИРАЊЕТО НА ОРУЖЈЕТО НА ОНА Алијансата смета дека албанските паравојници нема доброволно да го предаваат оружјето додека Собранието не даде согласност за уставните измени НАТО нема да собира оружје од ОНА додека Собранието не го изгласа рамковниот документ со кој е предвидено да ...

По „Жетва“ - цивилни набљудувачи

А1 - 03.09.2001

„4.414-те војници на НАТО во Македонија нема да останат по завршувањето на „Жетвата“, ги уверуваше денеска новинарите во Скопје, портпаролот на НАТО Марк Лејти. Коментирајќи ја изјавата на американскиот олеснувач Џејмс Пердју дека по завршувањето на „Жетва“ ќе бидат распоредени цивилни невооружени ...

Што прави НАТО во вашата земја?

Дневник - 03.09.2001

ПИСМЕНО ОБРАЌАЊЕ НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НАТО ЏОРЏ РОБЕРТСОН ДО ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Вашата земја денес е во критична фаза на мировниот процес пред пратениците во Парламентот да гласаат за политичкиот договор. Овој процес беше поттикнат од претседателот Трајковски и од Владата за да се ...

Досега само штабот потрошил 3 милиони долари

Дневник - 03.09.2001

НАТО ЖНЕЕ И ТРОШИ Секоја од земјите-учеснички во операцијата "Жетва" си плаќа за своите војници, па НАТО не знае колку чини операцијата Трошоците на штабот на наменските сили "Жетва" досега се околу три милиони американски долари.

НАТО планира да воведе "безбедносни зони"

Дневник - 03.09.2001

ШТО ПО "ЖЕТВАТА"? Овие таканаречени "безбедносни џебови" би биле привремено решение додека трае процесот на враќање на раселените лица, кога ќе се градат и мерките на доверба НАТО планира да воведе еден вид "безбедносни зони" во регионите што се зафатени со конфликти во Македонија, дознава ...