TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Промовиран слоганот на Кедев

А1 - 28.03.2004

Првиот митинг на претседателски кандидат, Сашко Кедев изборниот штаб на ВМРО ДПМНЕ го закажа за вторник. Традиционално, кампањата ќе започне со митинг во Охрид ќе заврши во Скопје. Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ ќе настапи со слоганот, „Кедев за претседател Новото лице на Македонија, правда сигурност и ...

ЛП и Партијата на движење на Турците ќе го поддржат Кедев

А1 - 27.03.2004

Републичкиот одбор на Либералната партија денеска и формално му даде подршка на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев и ги задолжи членовите и симпатизерите од оваа партија активно да се вклучат во изборната кампања.

Кедев се откажа од пратеничката плата

Време - 27.03.2004

КАМПАЊА Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на оваа партија, Сашко Кедев, се откажа од пратеничката плата за периодот од почетокот на кампањата, па се до завршување на изборниот процес. Кедев за тоа писмено го информирал претседателот на Собранието Љупчо Јордановски, кому му најавил ...

Белграѓани ќе го промовираат Црвенковски, Кедев оди со „сонценце“

Време - 27.03.2004

ПРЕДИЗБОРНО ЗАГРЕВАЊЕ Александра М. Митевска Диана Младеновска Социјалдемократите ангажирале српска маркетиншка агенција за кампањата на својот претседателски кандидат Бранко Црвенковски, а вмровците најавуваат дека за претставувањето на нивниот фаворит, Сашко Кедев, ќе ги користат исклучиво ...

Смрзнат премиер

Вест - 27.03.2004

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Македонија ќе влезе во ЕУ и НАТО баш како пример за фер и демократски избори 1 Штрајкувачите од "Алумина" се среќни луѓе. Фабриката уште утре може да пропадне. Најважно е дека нив ги примил премиерот. Најдоа време кога да штрајкуваат.

Кедев и Црвенковски ќе имаат по пет митинзи дневно!?

Утрински - 27.03.2004

Штабовите на претседателските кандидати ги финишираат подготовките за предизборната кампања Претседателските кандидати, се чини, без многу нервоза, но со максимално скриени адути, ги трошат последните денови во пресрет на почетокот на предизборната кампања.

Сашко Кедев ја замрзна пратеничка функција

Дневник - 27.03.2004

одлука Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, нема да учествува во работата на Собранието ниту ќе земе пратеничка плата, соопшти портпаролот на изборниот штаб на Кедев, Лазар Темелков. - Кедев испрати писмо до собранискиот претседател Љупчо Јордановски за да го информира дека од 30 ...

ЛП и Партијата на движење на Турците и “Напред Македонија - Форца” ќе го поддржат Кедев

Канал5 - 27.03.2004

Либералната партија на Македонија на деветата седница на Републичкиот одбор донесе одлука за поддршка на кандидатот за претседател на Република Македонија, предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев на претседателските избори 2004.

Кедев нема да учествува на собраниските расправи за време на кампањата

А1 - 26.03.2004

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев вчера испратил писмо до претседателот на Собранието Љупчо Јордановски во кое го известува дека од 30 овој месец официјално почнува неговата кампања, поради што нема да присуствува на седниците и нема да ја подигне својата плата.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се спукаа преку кандидатите

Време - 26.03.2004

И ПРЕД ОФИЦИЈАЛНИОТ ПОЧЕТОК НА КАМПАЊАТА ВМРО-ДПМНЕ бара премиерот Бранко Црвенковски, како претседателски кандидат на СДСМ, да ја замрзне својата премиерска функција од моментот на поднесувањето на кандидатурата, а не само во текот на предизборната кампања, како што е најавено.

Професорите Поповски и Славевски, советници на Кедев

Вест - 26.03.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2004 Професорот Владо Поповски, Кедев ќе го советува за правно-политички прашања, а Трајко Славевски за економската проблематика Универзитетските професори Владо Поповски и Трајко Славевски ќе му бидат главни експерти на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев, кој ...

Кандидатите ќе си „контрираат“ со евроинтеграцијата и со рамковниот договор

Време - 26.03.2004

НА ШТО ЌЕ СЕ СТАВИ АКЦЕНТ ВО КАМПАЊАТА Александра М. Митевска Евроинтеграцијата и членството во НАТО, од една страна, а од друга спроведување на рамковниот договор и правичната застапеност во администрацијата, веројатно ќе бидат темите што ќе доминираат во претседателската кампања.

Кондарко: ВМРО-ДПМНЕ озборува, оти има анонимен кандидат

Вест - 26.03.2004

СДСМ го обвини изборниот штаб на претседателскиот кандидат на ВМРО - ДПМНЕ Сашко Кедев дека води озборувачка кампања и се однесува ниско на прес-конференциите, со што најавува дека нема да игра фер на претстојните избори. "Ние ги разбираме таквите озборувања, бидејќи за нивниот анонимен кандидат ...

Четириесетгодишници во трката за претседател

Утрински - 26.03.2004

За претседателскиот трон конкурираат премиер, пратеници и независен кандидат КАТИЦА ЧАНГОВА Највисоката државна позиција во Македонија ја пикираат петмина јавни функционери, во моментов на работни места премиер и пратеници. Заеднички именител за сите номинирани е тоа што зад нив стои поддршката на ...

Владо Поповски и Трајко Славевски советници на Кедев

Утрински - 26.03.2004

Кандидатот на опозицијата го претставува својот иден кабинет Владо Поповски и Трајко Славевски се првите советници на Кедев во претседателската кампања, кои, доколку победи, ќе ги вклучи и во својот кабинет. Тие вчера беа претставени на специјална прес-конференција, на која лично Сашко Кедев ги ...

ВМРО-ДПМНЕ бара Црвенковски да земе половина плата

Дневник - 26.03.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА КАМПАЊА ЗОВРИВА Премиерот Бранко Црвенковски следниот месец ќе земе плата иако две недели нема да се појавува на работното место заради кампањата, обвини вчера ВМРО-ДПМНЕ. - Ако некој работник од Струмица или од Гевгелија отсуствува три дена од работа, ќе биде избркан од работа.

Владо Поповски и Трајко Славевски ќе го советуваат Кедев

Дневник - 26.03.2004

ИЗБОРЕН ТИМ Професорите Владо Поповски и Трајко Славевски од Правниот и од Економскиот факултет ќе бидат советници на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев. Тој вчера изјави дека станува збор за врвни експерти докажани во својата стручна област.

СДСМ вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните

Дневник - 26.03.2004

социЈалдемократите Ја поЧнаа битката за гласаЧите ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните со својот претседателски кандидат и нема доверба во неговата програма, па затоа кампањата ја сведува на маргинални теми, соопшти на вчера портпаролот на СДСМ, Борис Кондарко.

Поповски и Славевски во Експертскиот тим на Кедев

А1 - 25.03.2004

Владо Поповски поранешен министер во владите на Црвенковски и член на експертскиот тим на претседателот Трајковски и економистот Трајко Славевски кој беше министер за развој во владата на Георгиевски и советник во кабинетот на тогашниот министер за финансии Никола Груевски се двајцата експерти кои ...

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ со препукувања за изборната кампања

А1 - 25.03.2004

Владеачката СДСМ најави дека повеќе нема да одговара на нападите од ВМРО ДПМНЕ за учеството на министрите во кампањата на Црвенковски, сметајќи дека тоа е маргинална тема со која не треба да се засенат изборите. „ВМРО ДПМНЕ со својата негативна кампања придонесува да го спушти нивото на ...

ДИК ги потврди кандидатурите на Црвенковски, Кедев, Острени и на Џелили

Време - 25.03.2004

ЗАВРШИ РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ Диана Младеновска Државната изборна комисија ги потврди претседателските кандидатури на Бранко Црвенковски од СДСМ, Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ, Гзим Острени од ДУИ и на Зуди Џелили од ДПА.

Кедев: Доста од декларации и празни ветувања

Вест - 25.03.2004

Сашко Кедев, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и ЛП за претседател на државата, нема да ја потпише декларацијата за фер и демократски избори понудена од СДСМ. " Доста ни е од празни ветувања и декларации. Владата ги има сите механизми и обврска да спроведе фер и демократски избори.

ВМРО-ДПМНЕ и ДПА бараат Владата да биде гарант за фер избори

Утрински - 25.03.2004

Опозицијата со одговор до владејачките социјалдемократи за нивната предлог-декларација Декларацијата за фер и демократски избори завчера предложена од СДСМ, веднаш доби поддршка од нивниот коалициски партнер ДУИ, додека опозициските ВМРО-ДПМНЕ и ДПА се изјаснија дека немаат намера да ја потпишат.

Кедев ја повикува Владата да работи место да нуди декларации

Утрински - 25.03.2004

Прес-конференција на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, вчера ја повика Владата да работи за она за што е избрана а не, како што рече, да нуди декларации за фер и демократски избори.

Опозицијата тврди дека декларацијата е дел од кампањата на Црвенковски

Дневник - 25.03.2004

ОТФРЛЕН ПРЕДЛОГОТ НА СДСМ Обврска на Владата е да организира фер и демократски избори, вели Сашко Кедев, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и ДПА нема да ја потпишат Декларацијата за фер и демократски избори што ја предложи изборниот штаб на Бранко Црвенковски.

Истече рокот за поднесување на кандидатурите

Канал5 - 25.03.2004

На полноќ истече рокот за пријавување на кандадатите за вонредните претседателски избори во Македонија, закажани за 14 април. Државната изборна комисија ги потврди кандидатурите на Бранко Црвенковски од СДСМ, на Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ, Гзим Остр На полноќ истече рокот за пријавување на ...

На полноќ истекува рокот за доставување на кандидатските листи

А1 - 24.03.2004

Вечер на полноќ истекува рокот за доставување на листите на кандидати за претседател на Република Македонија. До Државната изборна комисија преку овластени претстаници досега своите кандидатури ги поднесоа Бранко Црвенковски од СДСМ, Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ, Гзим Острени од ДУИ и Зуди Џелили од ...

Кедев нема да ја потпише декларацијата

А1 - 24.03.2004

Претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Сашко Кедев нема да ја потпише декларацијата за фер и демократски избори понудена од неговите ривали во СДСМ оценувајќи ја како политички маркетинг. „Вчера ни беше понудена една декларација за фер и демократски избори, јас мислам дека сите ние сме заситени ...

Острени, Кедев и Џелили и официјално во претседателска трка

Утрински - 24.03.2004

Листите на уште тројца претенденти за претседателската функција вчера поднесени до ДИК КАТИЦА ЧАНГОВА Гзим Острени, Сашко Кедев и Зуди Џелили, преку овластените предлагачи, вчера попладне ги архивираа кандидатурите за претседател на државата до Државната изборна комисија која најдоцна за 24 часа ...

Социјалдемократите нудат донесување декларација за фер и демократски избори

Утрински - 24.03.2004

Иницијатива на СДСМ пред почетокот на кампањата Владејачкиот СДСМ вчера им понуди на другите политички партии декларација за фер и демократски избори, пред официјалното стартување на претседателската кампања. Во декларацијата се бара почитување на законите и Уставот во текот на кампањата, се ...

Поднесени кандидатурите на Кедев, Острени и на Џелили

Дневник - 24.03.2004

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА Кандидатурите на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, на ДУИ, Гзим Острени, и на кандидатот на ДПА, Зуди Џелили, вчера биле доставени до Државната изборна комисија. Независниот кандидат Љубе Бошковски најави дека неговата кандидатура до ДИК ќе биде ...

Кедев, Острени и Џелили ги доставија претседателските кандидатури

А1 - 23.03.2004

Кедев, Острени и Џелили ги доставија претседателските кандидатури до Државната изборна комисија. Од штабот на Бошковски велат дека кандидатурата ќе ја достават утре, иако се уште се консултираат со правни експерти за проблемот со неговото жителството.

СДСМ со декларација за фер и демократски избори

А1 - 23.03.2004

Партијата на власт на политичките партии кои имаат или поддржуваат претседатеслски кандидат им нуди да потпишат декларација за фер и демократски избори, со што ќе се обврзат на доследност на законските прописи околу финансирањето на кампањите, ќе го отфрлат насилството и присилното стимулирање на ...

Во ДИК стаса и првата кандидатура

Време - 23.03.2004

ЗАВРШИ СОБИРАЊЕТО ПОТПИСИ Десетте дена „резервирани“ за собирање потписи од избирачи и за увид во избирачкиот список поминаа на полноќ, а до вчера попладне до изборната комисија стасала кандидатурата на СДСМ за Бранко Црвенковски.

Кедев работи да ја намали предноста на противникот Црвенковски

Време - 23.03.2004

ПРЕД ОФИЦИЈАЛНО ДА ПОЧНЕ ПРЕДИЗБОРНАТА КАМПАЊА Диана Младеновска Предизборната кампања на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев официјално ќе почне на 30 март со митинг во Охрид, а ќе заврши на 12 април со митинг во Скопје.

Црвенковски прв поднесе кандидатура до ДИК

Утрински - 23.03.2004

Номинацијата на кандидатот на СДСМ за претседател поткрепена со 58 пратенички потписи КАТИЦА ЧАНГОВА Првата кандидатура за претседател на државата која вчера стигна официјално на адреса на Државната изборна комисија е онаа на Бранко Црвенковски.

Кедев ќе прифати ТВ-дуел со Црвенковски

Утрински - 23.03.2004

Средба на претседателскиот кандидат со новинарите Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, ќе прифати ТВ-дуел со претседателскиот кандидат на СДСМ, премиерот Бранко Црвенковски. Ова завчера го соопшти Кедев на средба со новинарите од весниците и телевизиите, кои ги следат ...

Кандидатурата на Црвенковски прва стаса во ДИК

Дневник - 23.03.2004

ИЗБОРНИ ПРОЦЕДУРИ Коалицијата "Заедно" вчера ја доставила до Државната изборна комисија листата со потписи на пратеници потребни за поддршка на кандидатурата на Бранко Црвенковски за претседател на државата, информира вчера шефот на изборниот штаб на коалицијата.

Кедев почнува во Охрид, завршува во Скопје

Дневник - 23.03.2004

ВМРО-ДПМНЕ Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев изборната кампања ќе ја почне во Охрид, а ќе ја заврши со митингот во Скопје, дознава "Дневник". - Планирано е да се одржат вкупно десет митинзи во поголемите градови во Македонија, а двата последни ќе бидат одржани во Штип и во Скопје, ...

До ДИК е доставена првата листа за претседателски кандидат

А1 - 22.03.2004

Кандидатската листа на Бранко Црвенковски е доставена до државната изборна комисија. На неа се потпишани 58 пратеници од коалицијата „За Македонија заедно“. Недостига само потписот на спикерот Јордановски кој истовремено како ве де шеф на државата нема право глас.

Во ДИК денеска ќе пристигнат првите претседателски кандидатури

Време - 22.03.2004

ЗАВРШУВА РОКОТ ЗА СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ Ниту еден од претендентите за претседател на државата до вчера попладне немаше доставено кандидатура до Државната изборна комисија. Од денеска се очекува овластените претставници на подносителите на листата да почнат да ги поднесуваат кандидатурите, бидејќи на ...

Црвенковски ќе биде и претседателски кандидат и премиер

Утрински - 22.03.2004

По барањето на штабот на Сашко Кедев, премиерот да ја стави во мирување функцијата Сашко Димевски Објаснувањето на Кабинетот на премиерот Црвенковски за тоа дека во ситуацијата кога државата нема претседател не е добро и премиерот да ја стави во мирување својата функција, за изборниот штаб на ...

Македонците за економијата, Албанците за Рамковниот договор

Утрински - 22.03.2004

За што ќе се кршат копјата во претстојната претседателска кампања Соња Крамарска За што ќе се кршат копјата на претстојната претседателска кампања е прашањето околу кое уште отсега се фокусираат домашните аналитичари. Темите нема да бидат надвор од она што и досега ја окупираше македонската ...

Ниту еден претседателски кандидат не поднел кандидатура до ДИК

Утрински - 22.03.2004

Според портпаролот на Државната изборна комисија До Државната изборна комисија се уште не е пристигната ниту една кандидатура од претседателските кандидати, а последниот рок за да го сторат тоа е среда 24 март. Денеска на полноќ истекува рокот за собирање потписи на кандидатите кои немаат поддршка ...