TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Ако ме погледаш у очи“ на Тоше првпат и во Хрватска

Време - 08.12.2007

„ХИТ РЕКОРДС“ Албумот „Ако ме погледнеш во очи“ на Тоше, односно неговата верзија на српски јазик, првпат ќе биде пласиран на хрватскиот музички пазар преку дискографската куќа „Хит рекордс“ и преку дистрибутивната мрежа „ДМ“.

Нова песна од Тоше на годишнината од смртта

Дневник - 08.12.2007

Нема да верувате, но создавањето на темата „Још увек сањам да смо заједно“ е во редот на чудата. Ве молам, сето тоа нека ја почека годишнината од неговата смрт. Ќе ни биде подраго да се присетиме на нашиот Тоше со една нова песна што тој ја пее, вели Рус во ексклузивното интервју за „Дневник“ ...

Скопскиот истражен судија од хрватска го побара Туарегот во кој загина Тоше Проески

Канал5 - 08.12.2007

Туарегот на Тоше Проески од сообраќајната несреќа да се транспортира во Скопје. Така стартува истрагата за трагедијата од 16-ти октомври во Хрватска. Истражниот оддел во кривичниот суд инсистира џипот да биде пренесен во Скопје за да се направи нов детален преглед, наспроти техничката проверка на ...

Ако ме погледнеш во очи се реиздава

Вечер - 08.12.2007

Хрватската дискографска куќа Хит рекордс постхумно и во чест на Тоше Проески го издава, за тамошниот музички пазар, неговиот трет по ред албум "Ако ме погледнеш во очи". Промоцијата на материјалот ќе се случи во вторник во Загреб, а истиот ексклузивно само до Нова година ќе се продава преку ...

Апел од родителите на Тоше за доизградба на манастирот „Св.Преображение“

Макфакс - 07.12.2007

Скопје Родителите на трагично загинатиот Тоше Проески, ги повикуваат сите луѓе да помогнат да се доизгради манастирот „Свето Преображение“ кај Крушево, со желба заеднички да се заврши она што Тоше го започна. „Манастирот “Свето Преображение“ да стане гордост на сите генерации на нашата Македонија! ...

Тоше пејач на годината во Хрватска

Макфакс - 07.12.2007

Загреб Тоше Проески постхумно ја доби годишната наградата за најдобар пејач во Хрватска на Медиа сервис, најголемата приватна медиумска агенција во земјата. Станува збор за единствен избор во Хрватска бидејќи победниците во поединечните категории со тајно гласање ги избираат околу 200 новинари, ...

Високи професионални дострели на „Утрински весник“

Утрински - 06.12.2007

(Повод: текстовите во врска со Тоше) Петруш Стефанов, Скопје Од 16 октомври, од тоа кобно утро кога трагично загина нашиот Тоше, до денес гледачите и слушателите на електронските медиуми и читателите на печатените медиуми во Македонија се сведоци на текстови, прилози, фотографии, инсерти и многу ...

Објавени две последни видеоснимки на Тоше

Време - 05.12.2007

ВО СРПСКИОТ ТАБЛОИД „ПРЕС“ Две последни видеоснимки на Тоше, направени со мобилен телефон, непосредно пред трагичната несреќа во која го загуби животот, беа објавени во српскиот таблоид „Прес“. На првата, со наслов „Моето бебенце“, Тоше лежи на кревет и се умилкува.

Возачот на Тоше Проески на распит во судот

Утрински - 05.12.2007

Кривичното истражно одделение на Основниот суд Скопје 1 веќе презема конкретни активности кои се иницирани по трагичното загинување на македонската поп-ѕвезда Тоше Проески, по барање на скопското Јавно обвинителство за поведување постапка против возачот Ѓорѓи Ѓоргевски, со кое не се предлага негово ...

Будимир објавува приватни видеоснимки од Тоше!?

Утрински - 05.12.2007

Во вчерашниот број на српскиот таблоид „Прес“ осамнаа две видеоснимки направени со мобилен телефон кои, наводно, биле снимени непосредно пред заминувањето на последното патување на Тоше Проески во Хрватска и во Словенија. „На првата снимка која се вика ’Моето бебенце‘ Андријана го снимала Тоше ...

Промовирана марка со ликот на Тоше

Макфакс - 05.12.2007

Крушево Поштенска марка со ликот на големото име на македонската музика и хуманист Тоше Проески е промовирана денеска во неговото родно Крушево. Марката со ликот на Тоше, кој држи гулаб, е издадена во досега за Македонија рекордни еден милион примероци, а е со номинална вредност од 12 денари.

ТВ Ватикан емитуваше репортажа посветена на Тоше Проески

Макфакс - 05.12.2007

Скопје/Ватикан Посебна репортажа посветена на духовната и хуманата посветеност на македонскиот поп пејач Тоше Проески е прикажана денеска во специјалната божиќна програма на ТВ Ватикан. Во 15 минутната приказна за Тоше и неговото верување во семожниот Господ Бог се истакнува дека за својот краток ...

Промоција на поштенската марка со ликот на Тоше

Макфакс - 05.12.2007

Скопје Македонска пошта денеска во Крушево ќе ја промовира поштенската марка со ликот на Тоше Проески. Промотивната марка, која се држи во најголема тајност, ќе биде со димензии од 1,8 на 2,4 метри, а на почетокот од промоцијата ќе биде прекриена со жолто платно на кое ќе биде испечатено логото на ...

Михалис Антониу напиша песна за Тоше

Утрински - 04.12.2007

Познатиот композитор од Кипар, Михалис Антониу, напиша песна што му ја посвети на својот пријател Тоше Проески, тема со која ќе се натпреварува на националниот босански Избор на песна за Евровизија 2008. Композицијата е насловена „Fallen angel“ и на негово инсистирање ќе ја пее босанската пејачка ...

Стинг нема да го препејува Проески

Утрински - 04.12.2007

Низ музичките кулоари се' почесто може да се слушне шпекулацијата дека за Тоше Проески се заинтересирал и еден од најпопуларните британски музичари Гордон Самне, меѓу публиката познат како Стинг. Информацијата не чуди особено ако се има предвид дека еден од најомилените пејачи на Тоше беше токму ...

Почна истрагата за сообраќајката на Тоше

Вечер - 04.12.2007

Од Основниот суд Скопје 1 најавуваат дека меѓу првите чекори во истрагата ќе биде сослушување на возачот Ѓорѓи Ѓорѓевски Предметот за сообраќајната незгода во која животот го загуби Тоше Проески е даден на истрага. Истражниот оддел на скопскиот кривичен суд го прими досието за несреќата.

Предметот за Тоше во Основен суд 1

А1 - 03.12.2007

Предметот за сообраќајната несреќа во која загина Тоше Проески од скопското обвинителство предаден во Основниот суд 1. Од денеска во судот е назначен истражен судија кој ќе го води случајот. Сосема извесно е дека возачот на „туарегот“ Ѓорѓи Ѓорѓевски може до крајот на неделата да се појави во судот ...

Почнува утврдувањето термин и место за првиот исказ на Ѓорѓи Георгиевски, возачот на џипот на Тоше

Канал5 - 03.12.2007

Џипот на Тоше Проески од сообраќајната несреќа да се транспортира во Скопје. Ова е дефинитивна одлука на адвокатите која ќе ја објават на првото соочување на осомничениот за загрозување на сообраќајната безбедност, Ѓорѓи Георгиевски со истражниот судија.