TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Четворица Македонци уапсени за трговија со луѓе во Врање

Дневник - 23.02.2005

СРБИЈА И ЦРНА ГОРА Српската полиција во две одделни акции уапсила дваесетина луѓе, кои илегално влегле во Србија, меѓу кои и четворица македонски државјани, кои требало да им овозможат транспорт на илегалците до Белград. Двете групи биле откриени во минатиот викенд.

Уапсени четворица македонски шверцери на луѓе

Време - 23.02.2005

ВО АКЦИЈА НА СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА Српската полиција викендов уапсила дваесетина лица, меѓу кои четворица македонски државјани, осомничени за транспорт на илегалците, соопшти агенцијата „Макфакс“. Според информацијата, тие биле дел од меѓународен канал за шверц на луѓе од Турција и од Албанија.

Уапсени четворица Македонци осомничени за шверцување луѓе

Вечер Прес - 23.02.2005

Српската полиција уапси дваесетина лица што нелегално влегле во Србија. Уапсени се и четворица македонски државјани, осомничени дека требало да ги транспортираат илегалците од Турција и Албанија. Станува збор за две групи кои се откриени за време на викендот.

Возачи на „Галеб“ уапсени во Врање под сомнение дека превезуваат Курди

А1 - 22.02.2005

Обидите на Курди од Турција да стигнат во Европа преку Србија однесоа двајца македонски државјани во српските затвори. Ацо Буџаковски и Миле Симоновски, возачи на транспортното претпријатие „Галеб“ Охрид српската полиција во саботата ги приведе и ги однесе во затвор.

Возачи на Галеб уапсени па ослободени во Србија

Канал5 - 22.02.2005

За време на викендот српската полиција привела двајца македонци, возачи на автобус од претпријатието Галеб од Охрид. Ацо Буџакоски и Миле Симоновски обајцата од Охрид сообраќале на редовната линија Охрид Белград. Во близина на Прешево во нивниот авто За време на викендот српската полиција привела ...