Идниот претседател на државата ќе се избира со намален цензус од 40 отсто наместо досегашните задолжителни 50 отсто излезени избирачи во вториот изборен круг. По барање на опозицијата, ќе се смени целиот состав на Државната изборна комисија (ДИК) и нејзиниот претседател. Водењето на избирачкиот список ќе биде во надлежност на ДИК, наместо како досега на Министерството за правда.
Ние во потполност ги разбираме настапите на ЛДП во смисла на потребата да се идентификуваат со сопствена програма како што тоа го прават и останатите помали партии, вели портпаролот на СДСМ Емилијан Станковиќ. Односите меѓу опозициските коалициони партнери СДСМ и ЛДП се повеќе се заоструваат.
Македонија има капацитет да спроведе фер и демократски избори. Искрено, се надевам дека неправилностите што оставија дамка на последните парламентарни избори нема да се повторат, рече министерот за правда Михајло Маневски на вчерашната собраниска расправа за измените во Изборниот законик.
Последните настапи на ЛДП во Собранието беа и против позицијата и против опозицијата со жестоки реплики во врска со измените на Изборниот законик, за барањата функционерите да не може да имаат двојни државјанства, како и за бројот на пратениците во парламентот.
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 27. седница. Пратениците ќе ја продолжат амандманската расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. На дневен ред на оваа седница се и предлог одлуките за испраќање на единица на Армијата на Република Македонија - медицински тим за учество во мировна операција на ЕУ во Босна и Херцеговина, како и Предлог ...
Собранието вечерва ги усвои измените во Изборното законодавство, за што претходно се договорија четирите најголеми партии од власта и опозицијата. За измените гласаа 85 пратеници, а шест беа против. Пред гласањето, опозиционата ДПА ги повлече амандманите со кои бараше прекројување на изборните единици.
ДПА сепак ќе гласа за предложените измени на Изборниот Законик. Партијата вчера ги повлече поднесените амандмани, а неофицијално веќе е договорено за нивните барања да се разговара на лидерска средба која ќе се одржи наскоро. Исто така договорено е и локалните избори да се одржат во втората половина на март, 22 или 29. Партијата на Мендух Тачи бара прекројување на пет изборни единици.
ДПА нема да гласа за изборниот законик, иако на лидерската средба беше договорено овој закон да биде донесен со консензус, објави пратеникот Имер Алиу, затоа што Министерството за правда вчера преку амандман интервенира во изборниот законик.
Собраниската расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на изборниот законик по амандманот на ЛДП со кој се предлага пратениците да немаат право на двојно државјанство, а кој не беше изгласан, предизвика остри полемики меѓу пратениците на ЛДП и другите партии.
Македонското Собрание денеска ќе ја продолжи 27-та седница на која се дебатира за амандманите по Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. Пред почетокот на расправата вчера пратениците од ДПА соопштија дека нема да ги поддржат измените бидејќи сметаат оти некои од нив излегуваат надвор од рамките на постигнатиот консензус на лидерската средба.
Македонското Собрание денеска ќе ја продолжи 27-та седница на која се дебатира за амандманите по Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. Пред почетокот на расправата вчера пратениците од ДПА соопштија дека нема да ги поддржат измените бидејќи сметаат оти некои од нив излегуваат надвор од рамките на постигнатиот консензус на лидерската средба.
Македонското Собрание денеска ја продолжува расправата во врска со предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. Амандманската расправа беше прекината вчера попладне, на барање на Либерално-демократската партија(ЛДП). Несогласувањата започнаа меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЛДП, по предлогот на Јован Манасиевски да нема фиксни листи и да не одлучуваат лидерите на партиите кој се ќе биде во ...
Пратениците во Собранието вчера не го прифатија амандманот на ЛДП со кој либерал-демократите бараа на избраните и именуваните функционери да им се ускрати правото освен македонско да поседуваат и државјанство на друга држава. На гласањето по предлогот му претходеше жестока дискусија.
Министерот за правда Михајло Маневски на собраниската седница за измените на изборниот законик го отфрли амандманот на ЛДП со кој се бараше пратениците да немаат двојно државјанство, односно да имаат само македонско државјанство. - Владата не го прифаќа амандманот, бидејќи во изборниот законик јасно се наведува дека право да биде избран за пратеник, член на совет, градоначалник, има право секој ...
Македонското Собрание денеска ја продолжува расправата во врска со предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. Измените се во согласност со забелешките на ОБСЕ/ОДИХР изнесени по последните избори во Македонија, а се договорени од страна на лидерите на политичките партии во Македонија.
ЛДП обвини дека се подготвува изборен фалсификат. Лидерот на ЛДП Јован Манасиевски, вчера, во Собранието обвини дека предлогот за измена на Изборниот законик, со кои се предвидува на следните парламентарни избори право на глас да имаат и иселениците на привремена работа и со постојан престој во странство, е вовед во изборен фалсификат.