TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Викендов снег и - 7 степени

Вест - 23.11.2008

Силни врнежи од дожд и снег и намалување на температурата за 10 степени се очекуваат денес. Синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија велат дека денес утринските температури ќе бидат повисоки од дневните и ќе се движат од 3 до 8 степени целзиусови, но поради обилни врнежи од дожд и снег и поради продор на студен бран од север дневните температири ќе се движат од -3 до 7 ...

Студ и снег во Македонија

Телма - 22.11.2008

Силен северен и северозападен ветер рано утрово навлезе во земјава, кој најпрво донесе дожд, а потоа и врнежи од снег. На повеќе места во земјава е формирана снежна покривка. Според вонредната временска прогноза денеска ќе има врнежи од дожд и снег и значително пониски температури, за Македонија и регионот. Студено и со слаби врнежи од снег ќе биде и в недела.

Викендов снег, дожд и температура до минус десет степени

Алсат-М - 22.11.2008

Најголемиот дел од територијата на Македонија од изутрината е под снежна покривка. Снегот што паѓаше во текот на ноќта и во утринските часови, според најавите на метеоролозите со помал интензитет ќе продолжи и утре. Oд Хидрометеролошкиот завод информираат дека дневната температура значително ќе падне, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Студено и со слаби врнежи од снег ќе биде и утре.

Викендов снег, дожд и температура до минус десет степени

Канал5 - 22.11.2008

Најголемиот дел од територијата на Македонија од изутрината е под снежна покривка. Снегот што паѓаше во текот на ноќта и во утринските часови, според најавите на метеоролозите со помал интензитет ќе продолжи и утре. Oд Хидрометеролошкиот завод информираат дека дневната температура значително ќе падне, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Студено и со слаби врнежи од снег ќе биде и утре.

Вонредна временска прогноза за Македонија и регионот

Макфакс - 22.11.2008

Вонредна временска прогноза со најави за врнежи од дожд и снег и значително ниски температури, за Македонија и регионот, објави за денеска Хидрометеролошкиот завод. Врнежите од дожд кои ќе почнат да паѓаат рано утрината постепено ќе преминуваат во врнежи од снег и на пониските места. На повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Викендов снег, дожд и температура до минус десет степени

Сител - 22.11.2008

Најголемиот дел од територијата на Македонија од изутрината е под снежна покривка. Снегот што паѓаше во текот на ноќта и во утринските часови, според најавите на метеоролозите со помал интензитет ќе продолжи и утре. Oд Хидрометеролошкиот завод информираат дека дневната температура значително ќе падне, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Студено и со слаби врнежи од снег ќе биде и утре.

УХМР извести за вонредна временска прогноза

Канал5 - 21.11.2008

Поинтензивните врнежи од дожд, кои ќе почнат да паѓаат утре попладне, постепено ќе преминуваат во врнежи од снег и на пониските места. На повеќе места ќе се формира и снежна покривка. Дневната температура значително ќе паднат, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Студено и со слаби врнежи од снег ќе биде и в недела. В понеделник утринските температури ќе се спуштат и до минус 10 степени.

Снег и студ во целата земја

Дневник - 21.11.2008

Силен северен ветер, дожд, а во попладневните часови и врнежи од снег викендов ќе ја зафатат целата земја, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 2 до 7 Целзиусови степени, а поради силниот и студен ветер од север, температурите ќе паднат под нулата и ќе се движат од минус 2 до 7 степени. Ситен снег ќе провејува периодично во текот на целиот ден.

Студен бран ќе донесе нов снег и минусни температури

Утрински - 21.11.2008

Нов пробив на студен бран што ќе ја зафати Македонија од денеска, викендов ќе донесе нови снежни врнежи на пониските места. Ќе дува и умерен до засилен северен ветер, кој ќе придонесе температурите значително да опаднат. В понеделник на одделни места утринските температури ќе се спуштат и 10 степени под нулата.

Времето на балканот се влошува, невреме се очекува во Романија и Турција

Сител - 21.11.2008

Националната метеоролошка служба во Романија денеска објави втор степен на вонредна состојба за планинските реони, каде утре се очекуваат силни бури и врнежи од снег. Температурите нагло ќе се намалат во целата земја, ќе дуваат силни ветрови, а на многу места се очекуваат врнежи од дожд и снег.

За викендот снег

Нетпрес - 21.11.2008

Утре врнежите од дожд ќе бидат поинтензивни и постепено ќе поминауваат во снег и во пониските места,се очекува формирање на снежна покривка на повеќе места, објави Управата за хидрометеоролошки работи. Според најавите, ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец,а дневните температури значително ќе опаднат.

Во Крушево падна првиот снег

Утрински - 19.11.2008

Во Крушево падна првиот снег, а снежната покривка вчера попладне достигна шест сантиметри. Дневната температура изнесуваше минус 1 Целзиусов степен. И во Берово и во Прилеп вчера врнежите од дожд преминаа во снег кој се топел и не се задржувал на коловозите. Вчера обелеа и планините. Три сантиметри снег наврнаа на Попова Шапка. Снег има во Маврово и во Лазарополе.

И во Гостиварско падна снег

Н.Македонија - 19.11.2008

Во Гостивар и во околината се регистрирани првите снежни врнежи. На Маврово и околните планини снегот што паѓа од утрово создаде покривка од два до три сантиметри. Снегот што од напладне паѓаше со слаб интензитет, брзо се топеше и не предизвика проблеми во сообраќајот.

Во Битола падна првиот снег

Н.Македонија - 19.11.2008

- Првиот снег не ги изненади нашите екипи. Снежна покривка во овој момент на коловозите нема, додека пак резерви од сол и ризла за евентуален засилен бран има - изјави Драги Гроздановски, директор на локалното јавно претпријатие за одржување на улици „Нискоградба“ -Битола. Снежна покривка се задржува на патниот правец Битола-Ресен кај превојот Ѓавато и кон хотелите во Националниот парк „Пелистер“.

Падна првиот снег

А1 - 18.11.2008

Во Гостивар и околината се регистрирани првите снежни врнежи. На Маврово и околните планини снегот кој паѓа од утрово создаде покривка од два до три сантиметри. Снегот кој од напладне паѓа со слаб интензитет, брзо се топи и засега не предизвикува проблеми во сообраќајот. Од Ски центарот „Заре Лазарески“ информираат дека во Мавровскиот регион снежните врнежи се со слаб интензитет.

Падна првиот снег

Телма - 18.11.2008

Во Битола утрово панда првиот снег и ја најави претстојната зима. - Првиот снег не ги изненади нашите екипи. Снежна покривка во овој момент на коловозите нема, додека пак резерви од сол и ризла за евентуален засилен бран има, изјави Драги Гроздановски, директор на локалното јавно претпријатие за одржување на улици „Нискоградба“ -Битола.

Во Битола падна првиот снег

Сител - 18.11.2008

Во Битола утрово падна првиот снег и ја најави претстојната зима. - Првиот снег не ги изненади нашите екипи. Снежна покривка во овој момент на коловозите нема, додека пак резерви од сол и ризла за евентуален засилен бран има, изјави Драги Гроздановски, директор на локалното јавно претпријатие за одржување на улици „Нискоградба“ -Битола.