TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Поповска: Во Македонија политиката се води на пирамидален начин

Утрински - 06.08.2005

Пратеничката Лилјана Поповска ја обвинува Владата дека ја залажува јавноста со даночната пирамида Аферата со даночната пирамида се користи да се оттргне вниманието од начинот на користење на буџетските расходи "Даночната пирамида можеби свесно и намерно се користи за да се пренасочи вниманието на ...

Осиромашени сме од власта, а не од пирамидалните фирми

Време - 06.08.2005

ПРАТЕНИЧКАТА ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА ОБВИНУВА Никола Стојанов Државната администрација во последниве шест години на секое семејство му потрошила по 5.000 евра повеќе во споредба со парите што ги собирала во 1998 година. Зошто се потрошени овие пари кога ништо видливо не е променето во образовниот систем, ...

Државата ни ја водат пирамидално

Дневник - 06.08.2005

СПОРЕД ПРАТЕНИЧКАТА ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА Кому му беше упатена објавата на даночната пирамида и со каква цел? Дали таа не значи одвлекување на вниманието од пирамидалниот начин на водење на државата? Има ли вклучени државни службеници? Дали станува збор за стопански или за организиран криминал? Зар не ...

Секое семејство ограбено за 5000 евра

Вест - 06.08.2005

ПРАТЕНИКОТ ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА ЈА ОБВИНИ ВЛаДАТА ЗА ПИРАМИДАЛНО РАБОТЕЊЕ Кому му беше упатена објавата на даночната пирамида и со која цел, дали некој го попречува совесното работење на Министерството за финансии, вклучени ли се во случајот високи државни службеници и станува ли збор за стопански или ...

Пенов: Ставот на Поповска е индивидуален, таа планира да смени партија

Канал5 - 06.08.2005

ЛДП се оградува од вчерашните изјави на пратеничката лилјана Поповска дека државата се води пирамидално. Лидерот на либералдемократите Ристо Пенов за Канал 5 изјави дека ставот на Поповска е личен и не е договорен во партијата, со која таа не комуницира подолго време.

Од секое семејство владата бадијала потрошила по 5. 000 евра

Вечер Прес - 06.08.2005

"Трошејќи 2,6 милијарди евра буџетски средства, државата во последните седум години одземала од секое семејство по 5. 000 евра, без притоа нешто видливо да промени во здравството, образованието, одбраната или во која било друга сфера од нивниот живот", тврди пратеничката Лилјана Поповска од ЛДП.

Државата повеќе троши, граѓаните се посиромашни

А1 - 05.08.2005

„Дали т.н. даночна пирамида, не е свесно и намерно пренасочување на вниманието од суштината - како се живее во Македонија, колку се троши, кој троши“, изјави Лилјана Поповска, пратеник. Каде одат парите на граѓаните, праша денеска пратеничката Лилјана Поповска.

ЕУ бара отчет за спогодбите

Дневник - 05.08.2005

УШТЕ ДЕВЕТ ПРАШАЊА од БРИСЕЛ Корупцијата во Македонија нема да ја решат козметички потези, велат во Брисел во очекување на одговори за Рамстор, Лукоил, пирамидата и други прашања Брисел пред една недела испратил нови девет прашања на европскиот прашалник со кои од Владата на Македонија бара ...

Поповска: Зошто и требаше на Владата парада со даночната пирамида

Канал5 - 05.08.2005

Од спектакуларно најавената владина кампања со даночната пирамида, со спомнувани високо етаблирани бизнисмени и суми од затаени 100 милиони евра, добивме само 50 кривични пријави против не многу познати бизнисмени и суми далеку под најавуваните, рече Лилјана Поповска пратеник на ЛДП.

Урната даночна пирамида

Време - 05.08.2005

БУГАРИЈА Бугарската даночна полиција фатила група бизнисмени што затајувале данок од 630 милиони долари годишно. МИА пренесе дека во Бугарија данокот најчесто се затајувал преку лажни фискални сметки, издадени од нерегистрирани компании.

Брисел очекува одговор за даночната пирамида

Утрински - 05.08.2005

Европската комисија преку девет дополнителни прашања бара појаснување за економско-политички афери во државава Комисијата бара информации за случаите: даночна пирамида, непосредните спогодби во четири очи, продажбата на државно земјиште на „Рамстор" и „Лукоил", концесиите за словенечки ...

Девет шлаканици од ЕУ

Вест - 05.08.2005

ПРАШАЛНИКОТ СЕ ПРОШИРУВА Европа бара одговори од Владата за "Рамстор", непосредните спогодби, даночната пирамида, како се дели дивидендата од Телекомот, дискреционите права и за измените на Законот за експропијација. Европската комисија испрати дополнителни прашања до македонската влада, поврзани ...

ЕУ ќе испрати дополнителни прашања за Македонија

А1 - 04.08.2005

Брисел ја бомбардираше македонската Влада со нови прашања - незгодни, директни, врзани за последните скандали кои ја тресеа Владата на Бучковски. 9 прашања на кои чека одговор на 5 септември. 1. Даночна пирамида. 2. Под кои услови продавате земјиште во непосредна спогодба? 3.

ЕК бара дополнителни одговори од владата за даночната пирамида

Макфакс - 04.08.2005

Скопје Европската комисија испрати дополнителни прашања до македонската владата, поврзани со нејзините одлуки за директно спогодување со инвеститорите, во врска со политичките критериуми за членство. Деветте нови прашања до вицепремиерката Радмила Шеќеринска се испратени од канцеларијата на ...

Никола Поповски ги чува пирамидалните фирми

Макфакс - 01.08.2005

(Време) - среда, 24.08.2005 Александра М. Митевска Министерот за финансии Никола Поповски нема намера да и одговори на антикорупциската комисија, која пред три недели побара информации за случај од даночната пирамида. - Министерот останува на тоа што го кажа.