Градоначалникот Трифун Костовски вчера преку својот правен застапник ја поднесе најавената тужба против телевизијата А1. Од неговиот кабинет информираат дека причина за ваквиот потег бил прилогот што бил емитуван пред осум дена со наслов „В среда протести против беззаконието на скопскиот градоначалник“.
„Кои бараби поставија тараби“, „Не можам на кејот да седам и тараби да гледам“. Ова беа дел од паролите со кои вчера дваесетина жители на општината Центар протестираа пред општинските бараки и побараа да се отстранат лимовите поставени на кејот заради градилиштето на плоштадот.
Од Општина Центар посочуваат дека оградувањето на кејот е всушност "последица" на ДУП-от кој беше изгласан од советниците на Општина Центар 1997 година, кога мнозинството биле токму од редовите на СДСМ. Локацијата на плоштадот, велат, исто така била продадена кога на власт бил СДСМ. Група граѓани вчера протестираше пред Општина Центар барајќи да се отстранат тарабите, со кои повеќе од две недели ...
Ако не го оградевме кејот на Вардар, ќе мораше да го узурпираме плоштадот, кој е место на кое се одржуваат различни манифестации, велат од фирмата „Дивелоп“, инвеститорот на зградата на местото на поранешната Народна банка. - Со решението градежната механизација да се движи по кејот го избравме најбезболниот начин. Погрубите работи ќе завршат во зимскиот период за да не се загадува кејот.
Еден милион евра отштета ќе бара градоначалникот Трифун Костовски од Велија Рамковски, сопственикот на А1-телевизија, за клевети, односно за неаргументирани критики и невистинити информации изнесени во јавноста во изминативе неколку години.
Велија на Градот му должи пола милион евра, Трифун го тужи и му бара милионче!. Градоначалникот Трифун Костовски вчера најави поднесување на кривична против А1 телевизија, поради како што напомена, клевета и изнесените невистини околу неговата вина за сегашната состојбата на кејот и бара отштета од милион евра.