TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

"Транзит" филм за СИДА на Ем-Ти-Ви

Вест - 03.12.2005

ЛОНДОН (Ројтерс) - Музичката телевизија Ем-Ти-Ви, чие отворање се совпадна со првиот јавно објавен случај на СИДА, сними филм и го прати на разни телевизии бесплатно за младите да се образуваат во врска со епидемијата. Долгометражниот филм "Транзит" зборува за осум млади луѓе чии животи се ...

ОН повикаа на борба против СИДА

Вест - 02.12.2005

ЈОХАНЕЗБУРГ, 2 декември (Ројтерс) - Обединетите нации на Светскиот ден за борба против СИДА-та повикаа на "исклучителен одговор" на глобалната криза додека африканските пациенти ги критикуваа политичарите зашто не успеале да го решат проблемот со болеста што убива милиони луѓе секоја година.

Помалку партнери за заштита од ХИВ

Време - 02.12.2005

МИА СТОП СИДА Безбедното однесување на младите и помалиот број сексуални партнери се единствен начин тие да се заштитат од инфекција со вирусот ХИВ. Ова е пораката што младината на Македонската интеретничка асоцијација (МИА) и Стоп СИДА-мрежата на ромски организации ја упати до сите млади во ...

Ајде да збориме за безбеден секс

Вест - 02.12.2005

ЊУ ДЕЛХИ (Ројтерс) - Индија, која е втората држава во светот по бројот на заболени од ХИВ/СИДА, мора да се ослободи од инхибициите и да почне отворено да зборува за безбеден секс за да се заштити од епидемијата, рече премиерот на државата Монамохан Синг.

Со помалку сексуални партнери до поголема заштита од ХИВ-вирусот

Утрински - 02.12.2005

Апел Безбедното однесување и помалиот број сексуални партнери е единствениот начин младите да се заштитат од инфекција со ХИВ-вирусот. Ова е апелот на Младината на македонската интеретничка асоцијација (МИА) и Стоп сида - мрежата на Ромски организации на МИА, по повод вчерашниот Светскиот ден за ...

И кондомот спасува живот

Дневник - 02.12.2005

НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ СИДАТА Околу 40 отсто од девојките не користат кондом за да забременат пред бракот, а 67 отсто од момчињата ја сметаат за "лесна" девојката што сама бара употреба на кондом. Ова се дел од резултатите од истражувањето спроведено меѓу 864 лица на возраст од 17 до 25 години, кои ...

Едукација

Вечер Прес - 02.12.2005

Први декември, Меѓународниот ден на борба против ХИВ/СИДА, несомнено, е конкретен повод младите да се потсетат на опасноста од оваа болест, која доби пандемиски размери и не ја заобиколи и нашата држава. Секако, би било многу подобро ако алармот се држи вклучен во текот на целата ...

Меѓународен ден за борба против СИДА-та

А1 - 01.12.2005

Првиот случај на СИДА е откриен пред 23 години во Америка. Оттогаш од оваа болест умреле повеќе од 25 милиони луѓе. Во светот заразени од ХИВ вирусот се 40,3 милиони луѓе. Најголем дел од нив се од Африка. Скоро 26 милиони. Половина од нив се деца. Секој ден таму од СИДА умираат по 6.000 луѓе.

Во Македонија 12 нови заболени, две од нив деца

Време - 01.12.2005

СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА Адријана Георгиев Дванаесет нови случаи на заболени од ХИВ/сида се регистрирани од почетокот на 2005 година во Македонија, што е највисока бројка од појавата на болеста во земјава во 1987 година.

Децата болни од СИДА може да живеат ако имаат терапија

Вест - 01.12.2005

ГАБОРОНЕ, Боцвана (АП) - Пред четири години, Рефилве седела во една болничка соба и ја гледала својата изнемоштена ќерка болна од СИДА и се подготвувала за најлошото. "Тој Божик ја гледав ќерка ми и си мислев: 'Утре, Господ ќе се грижи за ќерка ми'", раскажува таа.

Годинава и дете заболе од сида

Вест - 01.12.2005

ВО МАКЕДОНИЈА РЕКОРДНИ 12 НОВОЗАБОЛЕНИ Споредбено со претходните години, бројката на нови лица кои живеат со ХИВ/СИДА годинава е дури 50 до 70 пати поголема и изнесува 12, но она што ги загрижува надлежните е дека по долги години пауза е евидентирано и едно ново болно дете кое сидата ја д Годинава ...

Папата ги избегна кондомите во пораката за СИДА

Вест - 01.12.2005

ВАТИКАН, 1 декември (Ројтерс) - Папата Бенедикт вчера изјави дека сочувствува со болните од СИДА и ги охрабри напорите да се најде лек за смртоносната болест, но ја избегна спорната тема за забраната на Римокатоличката црква за употребата на кондоми.

Избери го својот херој и заштити се

Време - 01.12.2005

ПОСТЕР ЗА ХИВ/СИДА АКЦИЈАТА Седумнаесетгодишниот Никола Анѓелковски од Скопје победи на конкурсот за постер и слоган за Светскиот ден за борба против сидата, 1 декември. Конкурсот во изминативе два месеци го организираше Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување - ХЕРА.

Протестен марш во Скопје

Утрински - 01.12.2005

Акција Со акција за собирање игли и шприцеви пред Дневната болница за зависности во Кисела Вода во Скопје, ќе започнат активностите што денеска по повод 1 Декември - Меѓународен ден за борба против ХИВ/сида ги има планирано Асоцијацијата за заштита на правата на корисниците на дроги "Пасаж°.

Годинава рекорден број нови случаи на сида во Македонија

Утрински - 01.12.2005

Загрижувачки бројки за чумата на модерните времиња Според официјалните податоци, во земјава се регистрирани 12 нови лица заболени од сида со што вкупната бројка достигна 79 инфицирани лица Јасмина Јовановска Од појавата на сидата на нашите простори годинава ќе биде забележана како период во кој се ...

Со постерот "Избери го својот херој" против сида

Дневник - 01.12.2005

КАМПАЊА НА "ХЕРА" Постерот со кондоми-суперхерои "Избери го својот херој", на 17-годишниот Никола Анѓеловски од Скопје, победи на конкурсот за постер за одбележување на 1 декември - Светскиот ден за борба против ХИВ/сида, на асоцијацијата ХЕРА.

Источна Европа слабо се брани од сидата

Дневник - 01.12.2005

СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ПРЕДУПРЕДУВА Земјите од Источна Европа бавно преземаат мерки за да го спречат ширењето на сидата, порача Светската здравствена организација спроти 1 Декември - Светскиот ден за борба против сидата.

Годинава рекорд на болни од СИДА во Македонија

Дневник - 01.12.2005

СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА Дванаесет нови случаи на заболени лица од сида се регистрирани во земјава годинава, што е рекорден број од почетокот на епидемијата во 1987. Сите болни годинава се заразиле со ХИВ-вирусот во земјава, не патувале никаде во странство, а дел од нив немаат ниту ...

На хартија 174 лица, реално,околу 1000 заболени од СИДА

Макфакс - 01.12.2005

Тирана Официјалниот број на лица заболени од СИДА во Албанија е 174, но, се претпоставува дека неофицијално е многу поголема, односно околу една илјада, бидејќи ретки се оние кои се тестираат во здравствените установи. Ова денеска во Тирана го изјави директорката на Институтот за јавно здравство на ...

Хив вирусот се пренесува и од мајка на дете

Вечер Прес - 01.12.2005

Во земјава годинава се регистрирани 12 нови случаи на лица заболени од СИДА, што претставува рекорден број од почетокот на епидемијата во 1987 со првиот регистриран ХИВ-позитивен. Меѓу нив се работи за преминување на вирусот од мајка на дете, трансмисија која би можела да се блокира со лекови ако ...

Годинава 12 нови случаи на СИДА во Македонија

А1 - 30.11.2005

Годинава во Македонија регистрирани се 12 нови случаи на сида, што е најголем број од 1987, кога е регистриран првиот случај. Од 73 ХИВ позитивни и болни од сида, 50 веќе починале. Експертите велат дека никој повеќе не е имун на оваа болест.

Лесото ќе ги тестира сите жители за присутност на ХИВ вирусот

А1 - 30.11.2005

Владата на Лесото, држава на југот од Африка, во обид да го запре ширењето на СИДА-та, ќе ги тестира сите жители на присутност на ХИВ вирусот. Со своите 1,8 милиони жители, ќе биде првата земја што ќе покрене ваков програм. Како што се проценува, во Лесото со ХИВ вирусот се заразени 30% од ...

Сопрете ја СИДАТА, одржете ги ветувањата

Вест - 30.11.2005

Берлин, 30 ноември - Земјите од Источна Европа бавно преземаат мерки за да се справат со заканата од ширењето на СИДА-та, се наведува во пораката на Светската здравствена организација (СЗО) по повод 1 декември - Светскиот ден за борба против СИДА-та.

Промоција на книгата "Сида во затворски услови"

Дневник - 30.11.2005

СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ СИДАта По повод Светскиот ден за борба против СИДА - 1 Декември, денеска во хотелот "Холидеј ин", во 11.30 часот ќе биде промовирана книгата "Сида во затворски услови". Автори на книгата се професорката Весна Велиќ-Стефановска, доктор Јован Топаловски и Миодрага ...

Oдбери го својот херој - 1-ви декември Светскот ден за борба против СИДА-та

Канал5 - 30.11.2005

Оваа година кондоми и плакати со мотото одбери го својот херој ќе го одбележат 1-ви декември Светскот ден за борба против СИДА-та. Од оваа година македонската младинска ХИВ акција е дел од светската кампања. Оваа година кондоми и плакати со мотото одбери го својот херој ќе го одбележат 1-ви ...

Годинава евидентирани најголем број случаи на

Вечер Прес - 30.11.2005

Во релативно кус период во земјава се евидентирани неколку нови случаи на хив/сида. Со нив, според надлежни здравствени извори, годинава ќе биде забележена како година со најголем број пријавени случаи од појавата на оваа болест на овие простори.

Кина со 50 отсто повеќе ХИВ-позитивни од лани

Вест - 29.11.2005

ПЕКИНГ, 29 ноември (Ројтерс) - Потврдените случаи на заразени со ХИВ-вирусот во Кина порасна повеќе од 50 отсто во изминатава година, но слабиот надзор и официјалните попречувања и натаму го кријат вистинскиот размер на епидемијата.

Сопрете ја СИДА-та, одржете ги ветувањата - мото на Светскиот ден за борба против СИДА-та

Канал5 - 29.11.2005

Земјите од Источна Европа бавно преземаат мерки за да се справат со заканата од ширењето на СИДА-та, се наведува во пораката на Светската здравствена организација (СЗО) по повод 1 декември - Светскиот ден за борба против СИДА-та.