TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

НАСА не знае зошто се распадна "Колумбија"

Утрински - 07.02.2003

Исклучена можноста дека пената го предизвикала падот на шатлот КЕЈП КАНАВЕРАЛ - НАСА ја исклучи можноста дека несреќата на вселенскиот брод "Колумбија" била предизвикана од остатоци од пена кои го скршиле резервоарот за гориво при лансирањето, истакнувајќи дека изолацијата не била доволна или, пак, ...

НАСА не знае зошто падна шатлот

Дневник - 07.02.2003

ПРВАТА ПРЕТПОСТАВКА ПРОПАДНА НАСА соопшти дека првичните претпоставки оти вселенскиот шатл "Колумбија" бил оштетен при полетување веројатно не се точни и бара нови причини зошто најстариот шатл во флотата на НАСА се урна, при што загинаа седум астронаути, јави Ројтерс.

Најдено телото на израелскиот астронаут Илан Рамон

Утрински - 06.02.2003

Екипите за извлекување ги открија клучните делови од вселенскиот брод "Колумбија" ХЕМПХИЛ - Екипите за извлекување ги открија клучните делови од вселенскиот брод "Колумбија" односно остатоци од трупот и опремата за приземјување што можеби ќе им помогне на иследниците да утврдат зошто вселенскиот ...

Рускиот "прогрес" стигна до Меѓународната вселенска станица

Дневник - 06.02.2003

ПО НЕСРЕЌАТА НА ШАТЛОТ "КОЛУМБИЈА" Меѓународната вселенска станица за која 16 земји платија стотина милијарди долари сега е целосно зависна од руските летала "прогрес" и "сојуз" кои ги снабдуваат тројцата астронаути на МВС со храна и со гориво Руската товарна ракета "прогрес" завчера успешно се ...

Камбаните отчукаа седум пати

Утрински - 06.02.2003

Американската вселенска заедница ја оплакуваше "Колумбија" ВСЕЛЕНСКИ ЦЕНТАР "ЏОНСОН" - Откако во вторникот камбаните отчукаа седум пати, американската вселенска заедница ја оплакуваше загубата на седумте астронаути кои беа на "Колумбија", при што претседателот Џорџ Буш вети дека истражувањето на ...

Несреќата на "Колумбија" ја смени рекламата за "Јадрото"

Вест - 05.02.2003

ЛОС АНЏЕЛЕС (АП) - Катастофалната несреќа со вселенскиот шатл "Колумбија" беше причината за повлекувањето на трејлерот од најновиот научно фантастичен филм "Јадрото" во кој се зборува за извесно вселенско летало кое има проблеми со атерирањето.

НАСА одамна предупредувала дека вселенските летала се дотраени

Дневник - 05.02.2003

ПО НЕСРЕЌАТ?НА "КОЛУМБИЈ? Инжење?на НАСА уште во 1997 година ја предвиде?несреќат?шт?му се случ?на најстариот американск?вселенск?шатл Високи функционер?во Американскат?вселенск? администрација НАСА со години пред уривањет?на "Колумбиј? предупредувале дека ?можн?да дојд?до катастрофа на ...

Белата куќа била предупредена за можна несреќа на шатлот

Утрински - 05.02.2003

Со писмо од еден поранешен инжинер за безбедност на НАСА ВАШИНГТОН - Поранешниот претставник за безбедност на НАСА во минатата година му напиша на американскиот претседател Џорџ Буш за да го предупреди ?за следната катастрофална несреќа на вселенскиот брод".

Главен виновник - парче изолација што падна при лансирањето

Вест - 05.02.2003

НАСА ЈА ПРОДОЛЖУВА ИСТРАГАТА ЗА КАТАСТРОФАТА НА "КОЛУМБИЈА" Овие фотографии покажуваат парче од изолацијата како се откачува и удира во левото крило од "Колумбија" при лансирањето. Ова најверојатно го оштетило огноотпорните плочки на крилото.

Џорџ Буш бил предупреден за катастрофата на „Колумбија“

А1 - 04.02.2003

Поранешниот официјален претставник за безбедност од НАСА, Дон Нелсон минатата година на претседателот на САД Џорџ Буш му испратил писмо во кое го предупредил за „уште една катастрофална вселенска несреќа“, но Буш не го прочитал писмото и барањето на претставникот било отфрлено, соопшти Белата куќа.

Меѓународната вселенска станица зависи од руските ракети

Дневник - 04.02.2003

Преостанатите три американски вселенски шатли, "Атлантис", "Ендевор" и "Дискавери", ќе бидат гаражирани додека не се открие причината за несреќата, јави Ројтерс. Во 1986 година, по несреќата на "Челинџер", беа потребни 32 месеци и неколку милијарди долари за да се најде дефектниот дел.

Грешка при полетувањето и дупка во штитот ја спржија "Колумбија"?

Дневник - 04.02.2003

ПО УРИВАЊЕТО НА АМЕРИКАНСКИОТ ВСЕЛЕНСКИ ШАТЛ При слетување низ прозорците се гледаа само портокалов и розов сјај, како големи пламени јазици насекаде околу леталото - изјави Сели Рајд, првата Американка во вселената, која летала со шатлот "Челинџер" во 1983 година Експерти на НАСА велат дека кратко ...

"Колумбија" се распрсна оти температурата нагло се зголемила во последните минути

Вест - 04.02.2003

Во потрагата по парчињата од шатлот вчера се најдени и остатоци од телата на екипажот КЕЈП КАРАВЕНАЛ, 4 февруари (АП) - Инженерите на НАСА во задача во која требаше да ја утврдат причината за распрснувањето на вселенскиот шатл "Колумбија" изјавија дека условите во последните минути на шатлот ...

Вселената повторно се врати на насловните страници

Утрински - 04.02.2003

Медиуми На 16 јануари, кога полета "Колумбија", тоа не беше возбудлива информација. Повеќето извештаи беа фокусирани на присуството на Израелецот отколку на ризикот да се лета во вселената. "Шатлот летна со израелски астронаут", беше истакнато во сторијата на "Њујорк тајмс" на 17-та страница.

Брзо закрепнување од шокот

Утрински - 04.02.2003

Небојша Јаконов Иако звучи контрадикторно, некои аналитичари велат дека американската Национална вселанска агенција (НАСА), најверојатно, ќе излезе посилна по неделната катастрофа на спејс-шатлот "Колумбија". На тоа, велат, упатува историјата на американските вселенски истражувања.

Експертите навреме ја предвиделе несреќата на „Колумбија“

А1 - 03.02.2003

Британскиот весник „Тајмс“ денеска пишува дека експертите навреме ја предвиделе несреќата на шатлот „Колумбија“. Тие ја предупредиле НАСА дека леталото е застарено и оти треба да се запрат неговите летови додека не биде предоцна.

Спејс-шатлот е систем на летачки компромиси

Утрински - 03.02.2003

Иако вселенските летови речиси станаа рутина, секое патување надвор од Земјата крие многу опасности Љубомир Костовски Моделот на летови што претпоставуваат дека леталата цели би се враќале во базата по летањето во Земјината орбита, односно би се имитирала леснотијата на класичниот авиопревоз меѓу ...

Екипажот на "Колумбија"

Дневник - 03.02.2003

Командант на мисијата, Рик Хазбнд, полковник на Военото воздухопловство на САД, татко на две деца. Роден на 12 јули 1957 година во Амарило, Тексас. Летот на "Колумбија" му бил втор лет со вселенски шатл. Првиот пат минал 10 дена во вселената, при што бил и на Меѓународната вселенска станица.

Катастрофа на шатл

Вест - 03.02.2003

Американскиот вселенски брод "Колумбија" експлодираше во саботата при слетување, враќајќи се од 18 дневната мисија - погинаа сите членови на екипажот. Од НАСА признаваат дека за време на полетување на шатлот на 16 јануари парче од изолационата пена ВАШИНГТОН, 3 февруари (АП) - САД формира независна ...

Последната порака од "Колумбија" беше "прием"

Утрински - 03.02.2003

Драма ВСЕЛЕНСКИ ЦЕНТАР ЏОНСОН - Драматичните телевизиски снимки за несреќата на шатлот покажаа неколку бели траги проследени со оган што го сечеа чистото и сино небо по ненадејната експлозија на шатлот само 16 минути пред слетувањето.

Делови од "Колумбија" веќе се распродаваат преку Интернет

Дневник - 03.02.2003

Одвај неколку часа по веста дека шатлот "Колумбија" експлодирал над Тексас, на интернет-сајтот eBay, на кој се организираа аукции, се јавиле луѓе што нуделе делови од шатлот на продажба. - Првата понуда дојде неколку часа по несреќата, а потоа следуваа уште десетина други.

Изгореа седум астронаути во шатлот "Колумбија"

Дневник - 03.02.2003

ТРАГЕДИЈА ВО ВСЕЛЕНАТА Пет американски и по еден астронаут од Индија и од Израел загинаа во несреќата, најтешка во САД во последниве 17 години Американскиот вселенски шатл "Колумбија", едно од четирите американски вселенски летала од тој тип, во саботата изгоре додека седумчлениот екипаж се ...

Светот вчудовидено го гледаше распаѓањето на "Колумбија"

Утрински - 03.02.2003

Реакции Светот вчудовидено го гледаше драматичното распаѓање на американскиот вселенски брод "Колумбија" на чистото небо над Тексас, по што го испрати своето сочувство до Американците. Папата Јован Павле Втори, вчера, побара од луѓето да се молат за седумте астронаути на "Колумбија", кои загинаа ...

Писмо од Трајковски до Буш

Утрински - 03.02.2003

Сочувство "Со чуство на длабока болка и тага ја примив веста за ужасната трагедија предизвикана со експлозијата на вселенскиот брод Колумбија", се вели во писмото на претседателот на Македонија, Борис Трајковски, упатено до американскиот претседател Џорџ Буш и семејствата на седумте загинати ...

Шатлот "Колумбија" и 7 астронаути се претворија во огнена топка

Дневник - 03.02.2003

ТРАГЕДИЈА ВО ВСЕЛЕНАТА Се претпоставува дека причина за трагедијата на "Колумбија" е оштетување на левото крило, поради што заштитната обвивка не можела да ги издржи температурите од 1.600 Целзиусови степени што се развиваат додека шатлот се спушта кон Земјата Американскиот вселенски шатл ...