TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тамара, Врчак и Адриан ќе не претставуваат на Евровизија

А1 - 24.02.2008

Тамара, Врчак и Адриан со песната „Во име на љубовта“ ќе ја претставуваат Македонија на „Евросонг 2008“ што ќе се одржи на 20, 22 и 24 мај во Белград. Музиката, текстот на песната и аранжманот ги напиша Раде Врчаковски - Врчак.

Македонија го доби победникот кој ќе патува во Белград

Канал5 - 24.02.2008

Во име на љубовта е поп композицијата која ќе ја претставува Македонија на изборот за песна на Евровизија во Белград. Триото Тамара, Врчак, Адријан Гаџа убедливо ја понесоа победата на годинашниов избор добивајќи ги максималните поени и од публиката и од петочленото жири.

Вечерва се избира песната која ќе ја претставува Македонија на евровизискиот фестивал

Канал5 - 23.02.2008

15 композиции во стандарден евровизиски шаблон од етно, поп, рокенрол и аренби примеси, од познати и помалку познати изведувачи вечерва ќе се натпреваруваат на националниот евровизиски избор. Кој ќе ја преставува Македонија во Белград, подеднакво ќе одлучува петчлената жири комисија која се држи во ...

Десет години Македонија на Евровизија

Утрински - 23.02.2008

СТИЛ Десет години Македонија на Евровизија Јасминка Павловска Колку и да бил визионер, сосема сигурно Мисирков не можел да „догледа“ дека цитат од неговата книга „За македонцките работи“ ќе биде искористен за одбележување на десетгодишното македонско учество на музичкиот избор наречен - Песна на ...

Македонија избира претставник за Евросонг

Дневник - 23.02.2008

За победникот што ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Белград, подеднакво ќе одлучуваат гласовите од публиката и од жирито Петнаесет композиции во поп, рокенрол, етно и аренби-стил вечерва ќе бидат изведени на националниот евровизиски избор што ќе се одржи во „Метрополис арена“ на ...

Неизвесно одржувањето на Евровизија во Белград

Дневник - 23.02.2008

По одлагањето на „Беовизија“, фестивалот на кој Србија го избира претставникот за Евросонг, под знак прашање е и самиот Избор за песна на Евровизија, пренесува весникот „Курир“. Поради политичката ситуација, „Беовизија“ беше презакажана за три недели, но моментно е неизвесно и самото одржување на ...

Тамара, Врчак и Адијан победија на македонскиот избор за песна на Евросонг

Утрински - 23.02.2008

Web Special 00:10 24.02 Во традиционално хаотичен, и од истите причини, забавен избор за наш претставник на „Евросонг“, песната на Тамара, Врчак и Адијан „Во името на љубовта“ ги доби гласовите и на жирито и на телевоутингот.

Евровизија ќе има по секоја цена

Време - 21.02.2008

Извршниот супервизор на Песна на Евровизија, Сванте Стокселиус, вчера изјави дека и покрај поместување на датумот на одржување на српскиот избор за песна на Евровизија, Беовизија, нема причина за грижа за одржувањето на Евровизија во мај.

Топ-кореографии и креации за домашниот „Евросонг“

Утрински - 21.02.2008

Како ќе изгледаат изведувачите на сцената во „Метрополис арена“ на 23 февруари Во пресрет на домашниот Избор на песна за Евровизија, кој ќе се одржи на 23 февруари во „Метрополис арената“ на Скопски саем, изведувачите на 15-те композиции забрзано ги подготвуваат своите настапи, работат на ...

Рокот за Беовизија е 17 март

Вечер Прес - 21.02.2008

Откако РТС соопшти дека поради ситуацијата на Косово се одложува Беовизија, се поставува ново прашање - дали можеби политичката ситуација ќе влијае на Песна за Евровизија?! Според Сванте Стокселијус, супервизор на Песна за Евровизија, одложувањето на Беовизија нема да влијае на Евровизија, но ...

„Беовизија“ одложена на две-три недели

Утрински - 20.02.2008

Како последица на актуелните случувања поврзани со прогласувањето на независноста на Косово, српскиот избор на песна за Евровизија „Беовизија“, што требаше да почне вчеравечер, а да финишира вечерва во „Сава центар“ во Белград, одложен е на две-три недели.

Беовизија одложена за десетина дена

Вест - 20.02.2008

Националниот избор за песна на евровизија на Србија, "Беовизија" се одложува за десетина дена а во мај во Белград ќе има и Евросонг 2008 и покрај муабетите дека ќе го нема по прогласување на независност на Косово. Ова го тврди одговорната во РТС за односи со јавноста за "Беовизија" и Евровизија, ...

Живкица Ѓурчиновска и Борислав Тноковски водители на Евросонг

Утрински - 20.02.2008

Хари Варешановиќ ќе ги забавува гледачите додека трае гласањето Катерина Шекеровска ТВ и радиоводителката Живкица Ѓурчиновска и Борислав Тноковски, презентер на Вести во МТВ, ќе го водат годинешното издание на националниот избор на песна за Евровизија „Скопје 2008“, што ќе се одржи на 23 февруари ...

„ Беовизија“ одложена

Време - 20.02.2008

ПОРАДИ ЗАТЕГНАТАТА СОСТОЈБА СО КОСОВО Фестивалот „Беовизија“ на кој се избира српскиот претставник за Евровизија 2008, најавен за вчера, по консултациите со раководството на Радиотелевизија Србија (РТС) е одложен, соопшти српскиот јавен сервис.

„Беовизија“ одложена за три недели

Дневник - 20.02.2008

Музичкиот фестивал „Беовизија“, што требаше да се одржи вчера и денеска, се одложи за три недели поради актуелните политички случувања во Србија, пишува белградски „Блиц“. Оваа манифестација, на која се избира српскиот претставник за Евровизија, веројатно ќе се одржи за две или три недели.

Косово го одложи изборот за Песна на Евровизија

Вечер Прес - 20.02.2008

Актуелните политички случувања во Србија ја одложија Беовизија на две до три недели. Дводневниот музички фестивал на кој треба да се избере овогодинешниот српски евровизиски претставник, според Сандра Шуша, главниот и одговорен уредник на Забавната програма на Јавниот сервис на Србија, е одложен ...

Евровизиски хитови, забава и дружба

Време - 19.02.2008

НА ЖУРКАТА НА ОГАЕ ВО „БИ ТУ“ Тамара Тодевска, Влатко Илиевски, „Нокаут“, Ристо Сарамџиев, Анета Качуркова, Ноне Неделковска и уште неколку други пејачи се одѕваа на поканата на клубот на евровизиски обожаватели ОГАЕ и затсиноќа присуствуваа на нивната забава во дискотеката „Би ту“, која се ...

Одложен фестивалот „Беовизија“

А1 - 18.02.2008

Фестивалот „Беовизија“ на кој се избира српскиот претставник за изборот на Песна за Евровизија 2008, најавен за 19 и 20 февруари, по консултациите со раководството на Радиотелевизија Србија (РТС) е одложен, соопшти вечерва српскиот Јавен сервис.