TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во Кривопаланечко пронајден машки труп

Утрински - 14.09.2007

Трупот на Борче Алексовски (44) од селото Подржикоњ, Кривопаланечко, бил пронајден во средата наутро во атарот на селото. Алексовски имал повреди на лицето и главата, што ги добил, веројатно, паѓајќи по долот на реката. Инаку, неговите блиски велат дека Алексовски бил епилептичар, кој и покрај тоа ...

Удрил во камен и починал

Вест - 14.09.2007

ВО КРИВОПАЛАНЕЧКОТО СЕЛО ПОДРЖИ КОЊ Борче Алексовски (44) од кривопаланечкото село Подржи Коњ завчера бил пронајден мртов во местото викано Долина, во непосредна близина на селото. Од увидот било констатирано дека смртта кај Алексовски настапила по удар во камен, по што тој починал на самото место.

Најден машки труп

Време - 14.09.2007

КРИВА ПАЛАНКА Четириесет и четиригодишен жител на кривопаланечкото село Подржикоњ завчера бил најден мртов во речен дол во атарот на селото, соопшти МВР. Станува збор за Борче Алексовски (44), кој подолго време боледувал од епилепсија.

Починал епилептичар по пад во бездна

Вечер Прес - 14.09.2007

Четириесет и четиригодишниот Борче Алексовски од село Подрзикоњ, Крива Паланка, завчера го загуби животот во несреќен случај. Несреќата според кривопаланечката полиција, се случила околу 8,30 часот во атарот на селото. Имено, безживотното телото на Алексовски, во утринските часови, во близина на ...

Селанец загина паѓајќи во бездна

Дневник - 13.09.2007

Жителот на кривопаланечкото село Подржикоњ, Борче Алексовски (44) бил пронајден мртов завчеравечер во бездна во близина на селото, соопшти полицијата. По извршениот увид било констатирано дека се работи за несреќа. Алексовски имал повреди на главата добиени од падот, но немало траги на насилство.