TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Достоинство“: ДУИ го попречи законот за бранителите

Н.Македонија - 22.11.2008

Членовите на здружението на припадници на безбедносните сили „Достоинство“, поранешните резервисти, инвалидите од конфликтот во 2001 година и семејствата на загинатите и се лути на државата и разочарани од власта откако Собранието завчера не го усвои предлог-законот за припадниците на безбедносните сили. - Сите се лути и многу незадоволни.

Отфрлен законот за бранителите

Време - 21.11.2008

Предлог-законот за бранителите не доби поддршка во Собранието откако по тричасовна расправа за него вчера воздржано гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а „против“ пратеничката група на ДУИ. Законот го поддржаа само пратениците од СДСМ, ЛДП и од НСДП.

Законот за бранителите не помина во Собрание

Вест - 21.11.2008

Собранието вчера не го донесе Предлог-законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства. За законот гласаа 20 пратеници на опозиционите партии СДСМ, ЛДП и НСДП, 10 пратеници на ДУИ гласаа против, а 39 на ВМРО-ДПМНЕ беа воздржани од гласање.

МВР не ја коментира одлуката на Собранието да не го усвои Законот за бранителите

Канал5 - 21.11.2008

Министерката Јанкуловска не ја коментира одлуката на Собранието кое реши на бранителите да не им ги прифати барањата кои ги бараа со закон. Јанкуловска вели дека ставот на ВМРО–ДПМНЕ бил соопштен вчера на собраниската седница. - Ставот на партијата беше пренесен преку излагањата на пратениците во собраниската сала - рече Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи.

Бранителите извисија за пензии и обесштетување

Утрински - 21.11.2008

Претседателот на „Достоинство“,Ангелов, им порача на пратениците дека неизгласувањето на законот ќе ги повреди и понижи. Собранието вчера не го усвои нивниот закон за посебни права на припадниците на безбедносните сили. Оливера Војновска. Бранителите од кризната 2001 година и нивните семејства извисија во намерата да остварат одредени бенефиции од државата за учеството во воениот конфликт - ...

ДНЕВНИК: Власта не го поддржа законот за бранителите

Нетпрес - 21.11.2008

ДНЕВНИК: Власта не го поддржа законот за бранителите Собранието вчера не го усвои законот за бранителите, предложен од Здружението на припадниците на безбедносните сили „Достоинство“. За него беа собрани 31.000 потписи на граѓаните. По тричасовно надмудрување помеѓу власта и опозицијата кој ја бранел Македонија во конфликтот од 2001 година, ВМРО-ДПМНЕ беше воздржана, освен нејзините пратеници ...

Собранието гласаше против законот за бранителите

Н.Македонија - 21.11.2008

Предлог-законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили, предложен од страна на Здружението на припадниците на безбедносните сили „Достоинство“, вчера не помина кај пратениците . За законот гласаа 20 пратеници, против беа 10, а 39 се изјаснија како воздржани.

Не помина законот за македонските бранители

BBC - 20.11.2008

Во македонското Собрание не помина предлогот за донесување Закон за посебни права на припадниците на македонските безбедносни сили кои беа вклучени во судирот во 2001-та. Предлог - законот го поднесе здружението „Достоинство". За да стигне пред пратениците, предлог-законот, преку граѓанска иницијатива, го поддржаа триесет илјади граѓани на Македонија.

Законот за бранителите не помина во Парламентот

А1 - 20.11.2008

ВМРО-ДПМНЕ, освен двајца, „воздржани“, СДСМ „за“, ДУИ „против“, вака се изјаснија пратениците за законот на Достоинство. Кавги и докажување кој е поголем патриот - што ни се случи во 2001. година, кој ја бранеше Македонија, а кој се криеше.

Собранието го одби барањето за помош на припадниците на безбедносните сили

Телма - 20.11.2008

Со горчина во својот говор пред пратениците поранешниот полицискиот генерал Стојанче Ангелов како овластен предлагач на законот за посебни права на безбедносните сили на здружението Достоинство на почетокот му се заблагодари на спикерот Трајко Вељановски што за седницата му јавил вчера за тој да нема време да се подготви.

Законот за „бранителите“ не помина во парламентот

Алсат-М - 20.11.2008

Собранието не му даде зелено светло на Законот за посебните права за припадниците на безбедносните сили на Македонија и на нивните роднини. Законот доби поддршка од македонската опозиција , односно СДСМ и другите партии околу неа. ВМРО – ДПМНЕ се воздржа од гласањето ,ДУИ гласаше против, додека ДПА не учествуваше во седницата.

Почна собраниската расправа за Предлог законот за посебните права на бранителите

Канал5 - 20.11.2008

Собранието на Република Македонија денеска ја продолжи 23 - тата седница на која како единствена точка на дневен ред е Предлогот за донесување закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства со Предлог на закон. Претседателот на Собранието Трајко Вељановски информира дека по Предлог - законот се уште нема доставено владино мислење.

Собранието го одби предлог-Законот за посебни права на бранителите

Канал5 - 20.11.2008

Собранието го одби предлог-Законот за посебни права на бранителите поднесен од здружението достоинство. За законот гласаа пратениците на СДСМ, ЛДП, НСДП и двајца од ВМРО ДПМНЕ. Другите пратеници на владејачката ВМРО ДПМНЕ беа воздржани. Пртениците на ДУИ гласаа против, а ДПА не присуствуваа на седницата.

Собранието денеска расправа за законот за бранителите

Алсат-М - 20.11.2008

Собранието ќе расправа за Предлогот за донесување закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства со Предлог на закон. По завршувањето на оваа седница треба да продолжи 32 - тата седница на чиј дневен ред се Предлогот на закон за изменување на Законот за Фондот за осигурување депозити, Предлогот на закон за дополнување на Законот за пензиско и ...

Власта не го поддржа законот за бранителите

Дневник - 20.11.2008

Претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, побара да се гласа со кревање рака за цела Македонија да види кои пратеници се против семејствата на загинатите бранители и против воените инвалиди. Бранителите за својот закон добија поддршка од 31.000 граѓани но не и доволно гласови од народните избраници. Собранието вчера не го усвои законот за бранителите, предложен од Здружението на ...

Почна собраниската расправа за Предлог законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили

Кирилица - 20.11.2008

- На 22 јануари 2001 година со нападот на полициската станица Теарце, за што ОНА ја презеде одговорноста, почнаа вооружените дејствија. Дали имаше војна, што беше тоа во што ние припадниците на безбедносните сили секојдневно учествувавме. Имаше вооружени борби и дејствија, Собранието редовно ги одржуваше седниците, а воена состојба не беше прогласена.

Пратениците не го донесоа Законот за бранители

Форум - 20.11.2008

Собранието на Македонија, на продолжението од 23 - тата седница, денеска, не го усвои Предлог законoт за посебните права на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства. Триесет и девет пратеници беа воздржани, 20 гласа имаше „за" и 10 „против".

Собранието не го усвои законот за бранителите

Кирилица - 20.11.2008

Овластениот претставник на предлагачите Стојанче Ангелов, претседател на Здружението на припадниците на безбедносните сили „Достоинство“, во образложението на Предло-законот изрази надеж дека парламентарното мнозинство ќе даде целосна поддршка и со тоа ќе придонесат за засилување на националното македонско единство.

Закон за бранителите

Алфа - 20.11.2008

На бранителите од конфликтот во 2001 та не им успеа обидот да издејствуваат закон со кој дрзавата ке им обезбеди до крајот на животот бесплатно здравство, невработените од нив да имаат предност при вработувањето и да одат во пензија 5 години порано од останатите. За законот изостанаа гласовите од владеачките партии- од ВМРО ДПМНЕ гласаа воздрзано ДУИ и ДПА беа против.

Падна Предлог законот за посебните права на бранителите

Сител - 20.11.2008

Собранието на Република Македонија во рамките на 23. седница со 20 гласа „за“, 10 „против“ и 39 „воздржани“ не го усвои Предлог законoт за посебните права на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства. Овластениот претставник на предлагачите Стојанче Ангелов, претседател на Здружението на припадниците на безбедносните сили „Достоинство“, во образложението на ...

Собранието не го донесе Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили

Нетпрес - 20.11.2008

Собранието денеска на 23-та седница не го усвои Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили, предложен од страна на Здружението на припадниците на безбедносните сили “Достоинство“. За законот гласаа 20 пратеници, против беа 10 додека 39 се изјаснија како воздржани.

Парламентот не го одобри Законот за бранителите

Макфакс - 20.11.2008

Македонското Собрание не го усвои Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и на нивните семејства, што се однесува на бранителите од конфликтот од 2001 година. Од 69 пратеници, 20, гласаа „за“ законот, 10 беа против и 39 се воздржаа од гласање за законот, кој што како иницијатива на Здружението на припадниците на безбедносните сили „Достоинство“ доби поддршка од 30.000 ...

Причината лежи во парите

Вечер Прес - 20.11.2008

Пратениците во Собранието вчера не го изгласаа законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства, предложен од здружеднието "Достоинство". За законот гласаа 20 пратеници, 10 беа против, а 39 гласаа воздржано.

Законот за бранителите голем буџетски трошок

А1 - 19.11.2008

Иста цел,но различен пристап и математики. Владата не е против законска рамка за правата на бранителите, но не може да даде позитивно мислење на Законот на Достоинство, со образложение дека овој Закон ќе предизвика буџетски трошок од 300 милиони евра годишно, колку што близу тежи и на Фондот за здравство.

Утре продолжува собраниската седница на која ќе се расправа за Законот за бранителите од 2001

Канал5 - 19.11.2008

Претседателот на Собранието Трајко Велјановски на вечерашнава средба во Парламентот им соопштил на претставниците на здружението „Достоинство“ дека утре ќе ја продолжи седницата на чиј дневен ред е Законот за правата на бранителите од 2001-та година.

Заборавени од државата

Н.Македонија - 19.11.2008

Со остатоци од шрапнели низ телото, кој без рака, кој без нога, со психички нарушувања и изразен поствоен синдром, бранителите на Македонија од конфликтот во 2001 година повторно се на „фронтот“. Бијат нова битка. Но овојпат од спротивната страна. Ако пред седум години ја бранеа државата, сега се обидуваат да се одбранат самите себеси од неа. Тешко им оди. Се жалат дека нема кој да ги сослуша.

Бранителите заборавени

Време - 18.11.2008

Членовите на „Достоинство“, Здружение на македонските бранители од 2001 година, се разочарани од Владата затоа што не го поддржала нивниот предлог-закон за посебни права на припадниците на безбедносните сили. - Владата не ни помогна кога го подготвувавме законот, а сега не убедува дека тој не е доволно издржан - велат во Здружението.

Пратениците со кревање рака да гласаат за или против бранителите

Вест - 18.11.2008

Здружението на припадниците на безбедносните сили "Достоинство" ги прекина преговорите со Владата за предлог-законот за правата на бранителите од 2001 година и бара Собранието да се изјасни за барањата на здружението. Според претседателот на "Достоинство" Стојанче Ангелов, преговорите прекинуваат поради негативниот став на Владата за барањата на Здружението, но и за да нема партиска злоупотреба ...

Собранието итно да се изјасни за законот за бранителите

Утрински - 18.11.2008

Собранието итно да се изјасни за законот за бранителите. Здружението на припадниците на безбедносните сили „Достоинство“ вчера објави прекин на преговорите со Владата поради негативниот став кон Предлог-законот за посебни права на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства и можноста на претстојните претседателски и локални избори да се злоупотреби за ...

Владата го одби законот на бранителите

Дневник - 18.11.2008

Владата го одби законот на бранителите. Можни проблеми со ДУИ, финансиска неодржливост и времето поминато од конфликтот во 2001 година се трите причини зошто Владата двапати го одбила Предлог-законот за посебни права на бранителите, кој здружението „Достоинство“ му го достави на Собранието со 30.000 потписи за поддршка. - Бараме итно да продолжи прекинатата 23.

32 седница на Собранието на Република Македонија

Кирилица - 18.11.2008

Собранието денеска ќе ја одржи 32-та седница на која на дневен ред е Предлог одлуката за испраќање единица на Армијата на Република Македонија - медицински тим за учество во мировна операција во Авганистан; Предлог на закон за социјална заштита од енергетска сиромаштија, Предлог на закон за изменување на Законот за Фондот за осигурување депозити и Предлог на закон за дополнување на Законот за ...

Законот за бранителите ќе не чини 300 милиони евра

Вечер Прес - 18.11.2008

Надлежните во ресорните министерства велат дека според направените пресметки, законот во ваков облик е неприфатлив, бидејќи би бил големо оптоварување и би зафатил дури 15 проценти од буџетот и би предизвикал сериозни финансиски импликации. Над 22 милиони и 600 милиони денари или околу 300 милиони евра на годишно ниво ќе бидат потребни за реализација на законот за посебните права на припадниците ...

Бранителите ги прекинуваат преговорите со Владата

Н.Македонија - 18.11.2008

По низа неуспешни средби со државниот врв, припадниците на Здружението „Достоинство“ вчера решија да ги прекинат понатамошните преговори со Владата. Бранителите заклучиле дека нивниот предлог закон не е сфатен доволно сериозно и продолжувањето на преговорите ќе значи само губење време.

Здружението „Достоинство“ ги прекина разговорите со Владата

Канал5 - 17.11.2008

Здружението „Достоинство“ ги прекина разговорите со Владата и побара од претседателот на Собранието да ја продолжи прекинатата 23-та седница, за да можат пратениците да гласаат за нивниот Предлог закон за бранители. Според претседателот на здружението Стојанчо Ангелов, бранителите се одлучиле на ваков потег затоа што на последната средба со Владата, вицепремиерот Ставревски им го одбил Предлог ...

„Достоинство“ ги прекина преговорите со владата

Алсат-М - 17.11.2008

Здружението „Достоинство“ незадоволно од предлог верзијата на Законот за посебни права одлучи да ги прекине преговорите со Владата. Според нив владината верзија за предлог законот е речиси идентична верзија со постоечкиот предлог закон за посебни права освен додаденото право за ослободување од плаќање на такси.

Владата нема слух за „Достоинство“

Форум - 17.11.2008

Владата и по два месеца не му поднесе на Собранието мислење за Предлог-законот за посебни права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства Дури и по неколку остварени работни средби помеѓу делегацијата на Здружението на бранителите „Достоинство“ и владини министри и вицепремиерот Зоран Ставревски , владата се уште е непопустлива ...

„Достинство“ бара Собранието да се изјасни за законот за бранителите

Сител - 17.11.2008

Здружението на припадниците на безбедносните сили „Достоинство“ денеска објави прекин на преговорите со Владата заради негативниот став кон Предлог-законот за посебни права на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства и можноста на претстојните претседстелски и локални избори истиот да се злоупотреби за постигнување партиски цели.