TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Отворање на "Скопско лето"

Вечер Прес - 18.06.2005

Со гала-концертот на познати оперски имиња и Оркестарот на Македонската опера во вторник (20,30 ч.) на сцената на МОБ се отвора годинашното издание на "Скопско лето". Под диригентската палка на Пол Вајголд, летното уживање во уметноста ќе започне со познатите солисти од Австрија: Сабина Цвилак ...

"Со книга на плажа"

Вечер Прес - 18.06.2005

Со хепенинг што ќе се одржи денеска во Клубот "Матица" (почеток во 12 часот), "Матица македонска" официјално ќе ја промовира националната акција "Со книга на плажа" што традиционално се одвива во периодот од 20 јуни до 20 август.

Запрена изградбата на "скандалозниот" остров!

Вечер Прес - 18.06.2005

Потписот на бугарскиот министер Валентин Церовски и печатот со жиг "одобрено од МРРБ" стојат под документот за изградба на скандалозниот нудистички остров со површина од 800 метри квадратни крај црноморското летувалиште Несебар, пишува вчерашен "Труд".

Бразил ја "прегази" Грција

Вечер Прес - 18.06.2005

Светскиот шампион Бразил со 3:0 го совлада освојувачот на европската круна Грција, а претставникот на КОНКАКАФ зоната со 2:1 беше поуспешен од азискиот првак Јапонија во првото коло од групата "Б" на ФИФА Купот на конфедерациите.

Има ли кирилица во "Рамстор"?

Вечер Прес - 18.06.2005

Сте виделе ли натпис напишан на кирилица низ коридорите во трговскиот центар "Рамстор"? Доволна ви е само една прошетка крај блескавите излози и мала концентрација за да забележите од каде потекнува чувството дека се наоѓате во некоја друга земја.

"Шутекс", конечно, ставен на барабан

Вечер Прес - 17.06.2005

Просторот во кој порано беше сместен продажниот центар "Шутекс" во Градскиот трговски центар во Скопје, конечно, е ставен на продажба. Овој простор, со вкупна површина од 1.256 метри квадратни, кој го имаше закупено контроверзниот Амди Бајрам, а потоа раководството на АД ГТЦ го раскина договорот ...

"Алфите" открија два пиштола и пет куршуми

Вечер Прес - 17.06.2005

Урбаните полицајци "алфи" во средата во два одделни случаја, кај две лица пронајдоа и одзедоа два пиштола. Ниту едниот, ниту пак другиот немале дозволи за поседување и носење оружје, поради што биле приведени и во тек се активности за целосно расчистување.

"Михаел нема долго да вози во Ф1"

Вечер Прес - 17.06.2005

Возачот на Тојота Ралф Шумахер изјави дека верува оти неговиот брат Михаел Шумахер незадоволен од резултати на Ферари сезонава, но и без страста за возење на болид, наскоро ќе ја напушти Формула 1. Седумкратниот првак и бранител на титулата нема победено годинава, што е негова најдолга апстиненција ...

"Луда" трка од банка до полиција

Вечер Прес - 17.06.2005

Во земјава има над 200 илјади корисници на чековни картички, од кои, како што велат банкарите, не е мал бројот на оние на кои барем еднаш не им се случило чековите да им бидат украдени или, пак, да ги изгубат и што тогаш?! Тогаш, како што стојат работите, настанува вистински "од по маките", ...

Пензионерите ќе го "бомбардираат" Бучковски за "8 отсто"

Вечер Прес - 17.06.2005

Пензионерите со петиции ќе го "бомбардираат" премиерот Владо Бучковски и неговиот кабинет за да се изборат укинатиот додаток од "8 отсто" да се вгради во пензиите. Протестните барања со потписи веќе ги стокмиле општинските организации од Велес и уште неколку градови од Источна Македонија.

Циркус во "театарот" наречен Совет

Вечер Прес - 17.06.2005

Техничка неподготвеност, неможност да се постигне согласност по предложениот дневен ред и општата нервоза, е вчерашната слика на третата по ред седица на Советот на Град Скопје. Дури и по три часа од отпочнувањето на седницата, која се одвиваше во крајно неконструктивна атмосфера, не беше усвоена ...

"Балканкан" во официјална конкуренција

Вечер Прес - 17.06.2005

"Балканкан", во режија на Дарко Митревски ќе не претставува на 27. Московски филмски фестивал, кој започнува денеска, а ќе трае до 26 јуни. Во официјалната конкуренција влегоа 17 филмови, претежно од Европа, што му дава препознатлива нишка на фестивалот.

Италијанскиот "синдром" се шири низ ЕУ

Вечер Прес - 17.06.2005

Тврдењето дека она што ни е далечно, ни станува уште помило, особено важи за Французите кои сакаат да им се врати франкот! Околу 60 отсто од нив жалат по старата валута, која во 2002 година беше заменета со еврото, покажа една анкета.

Финансии: Енергично "НЕ"

Вечер Прес - 16.06.2005

Министерството за финансии вчера кажа отворено "не" на предлогот на Националното биро за осигурување за поскапување на премиите за осигурување на возилата. Ставот на министерстерствот за финансии е дека до вакво покачување не треба да дојде, бидејќи е монополско однесување и е на штета на граѓаните.

"Нови демократски сили" со истрошени кадри

Вечер Прес - 16.06.2005

Основачкото собрание на новата албанска партија, Нови демократски сили, ќе се одржи на 25 јуни. Фаворит за партиски лидер е пратеникот Хисни Шаќири, поранешен член на ДУИ, кој всушност и го иницираше основањето на партијата. Според него, на основачкото собрание ќе бидат дефинирани насоките на ...

Александра на "Golden stag"

Вечер Прес - 16.06.2005

Екстра популарната Александра, покрај настапот на фестивалот во Будва, каде од 23 до 26 јуни ќе учествува со Ламбе Алабакоски, годинава ќе настапи и на престижниот забавно-музички фестивал "Golden stag" во Романија. Засега е непознато во кој период годинава ќе се одржи фестивалот, што најмногу ...

"Зајачицата" се докажа и во рингот

Вечер Прес - 16.06.2005

Една од најпопуларните боксерки на светот, поранешниот модел на "Плејбој" Миа Сент Џон успеа да го освои првиот шампионски појас во бокс во својата кариера. Таа тоа го постигна во верзијата на ИФБА, откако убедливо ја победи својата конкурентка за титулата Лиз Дрју.

"Зеница" на Славица Радојчиќ

Вечер Прес - 16.06.2005

Културниот центар "Точка" вечерва (20 ч. ) ќе биде средиште на промоцијата на книгата "Зеница" од Славица Радојчиќ. Промотор на ова издание на М-Графика од Скопје ќе биде Горјан Петровски, а стихови ќе чита Сашо Тасевски. Ова свое поетско дело, авторката го посветува на својот татко со зборовите: ...

Да престанат "убедувањата" со вработените

Вечер Прес - 16.06.2005

Состојбата во "Македонски телекомуникации" е сложена и напната, оценува синдикатот на Телеком по направените анализи, консултации и разговори со вработените во компанијата кои веќе два месеци се повикувани писмено или по телефон да се јават на разговор кај своите непосредни раководители.

"Младинците" со договор за дело

Вечер Прес - 16.06.2005

Статусот на хонорарците, кои се ангажирани во Клиничкиот центар преку младинските задруги, ќе се решава од идниот месец преку вработувања на определено време и договори за дело, а дефинитивниот модел за нивното евентуално вработување ќе се знае по донесувањето на Новиот закон за работни односи и ...

"Рамстор" во војна со "Веро"!

Вечер Прес - 16.06.2005

Не пројде ниту една недела од пуштањето на новиот трговски центар на турскиот газда Коч во Скопје и изби тепачка. Имено, Рамстор "се спука" со грчкиот Веро на сред Скопје и тоа преку бизнисот. Верувале или не, Рамстор не ги прима регуларните платежни картички ВИЗА и тоа исклучиво затоа што се ...

Гратис паркирање во "Рамстор" - само до недела

Вечер Прес - 16.06.2005

Новиот трговски центар "Рамстор", во моментов е едно од најинтересните и најпосетуваните места во градов. Тоа го докажува постојаниот метеж од луѓе и возила што се создава во пошироката околина. На улицата "Мито Хаџивасилев-Јасмин" има долги колони автомобили, а речиси во секој момент од денот се ...

"Кујтеса" со нелегална мрежа за интернет

Вечер Прес - 16.06.2005

Фирма "Кујтеса" масовно ја шири мрежата низ Скопје, а и кон други градови во земјава и нуди интернет-услуги по далеку пониски цени од оние што ги имаат провајдерите кои имаат концесиски договори. Фирмата не е регистрирана во Скопје, туку во Приштина и работи нелегално, без концесија, но тоа не и ...

"Ова е златникот на мојот весник"

Вечер Прес - 15.06.2005

Вечер, дефинитивно се чита во цела Македонија! За тоа е доказ и нашиот редовен читател Ирена Миладиноска од Мислешево, Струшко, која имаше среќа да го добие златникот, што "Вечер" преку својата наградна игра го доделува секој ден на своите најверни и најсреќни читатели.

Нападнат таксист кај последната постојка на "41"

Вечер Прес - 15.06.2005

Две непознати лица вчера четириесетина минути по полноќ, во Драчево, на улица "Герника", близу Туларницата, каде што е последната постојка на автобусот на ЈСП број 41, нападнаа и ограбија таксист. Случајот веднаш е пријавен в полиција.

Љубе го "предадоа" негови луѓе

Вечер Прес - 15.06.2005

Обвинението што Хашкиот суд за воени злосторства направени на просторите на поранешна Југославија го подготви против двајца Македонци, против некогашниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски и против Јохан Тарчуловски, се темели на изјави на двајца сведоци, дознава "Вечер".

"Финк Вихи" на Куба во распад

Вечер Прес - 15.06.2005

Куќата во која американскиот писател Ернест Хемингвеј живеел 20 години, при престојот во Куба, во која го напишал познатиот роман "Старецот и морето", од неодамна се наоѓа на списокот на 11. најзапоставени американски, историски, споменици.

Дел Пјеро го кажа судбоносното "да"

Вечер Прес - 15.06.2005

Алесандро и Соња Капитенот на репрезентацијата на Италија и на Јувентус, Алесандро дел Пјеро во неделата наутро тајно се ожени со долгогодишната придружничка Соња Аморузо. Дел Пјеро судбоносното "да" со Соња Аморузо, сестра на екс- дефанзивецот на Јуве Никола, го кажа во црквичката "Сан Грато" во ...

Паушалот го "јаде" истражувањето

Вечер Прес - 15.06.2005

Институтот за историја на уметност со археологија при Филозофскиот факултет со Музејот на Македонија потпишал договор за археолошко истражување, но одби да го уплати законскиот паушал (од 30 до 50 илјади денари) за конзервација на материјалот што ќе биде пронајден.

Дајте рамковен за "Рамстор"!

Вечер Прес - 14.06.2005

Новиот трговски центар "Рамстор Мол" веќе почна со поделба на наши и ваши. Не е ни чудно што поголем дел од објектите не се отворени. Многу македонски дуќанџии, во последен момент се откажале од изнајмување на објект во трговскиот.

Државата е "глупава" и старомодна"!

Вечер Прес - 14.06.2005

Граѓаните на СЦГ ја оценуваат сопствената држава како неуспешна, бавна, бесцелна и неуредна, а младите ја гледат како "глупава", покажуваат резултатите од истражувањето на компанија ГФК, една од петте најдобри во светот. Во истражувањето на граѓаните им е понудено за сопствената држава да ...

"Св. Јован Канео" наскоро со нов иконостас.

Вечер Прес - 14.06.2005

Црквата "Св. Јован Канео" која датира од крајот на 13 век, по која Охрид е препознатлив во светот, до крајот на годинава треба да добие нов иконостас. На распишаниот тендер, објавен на крајот на минатата година, изработката на иконостасот му е доверена на познатиот резбар од Охрид, Љупчо Џамбаз.

Ефремови се вадат на "сивата зона"

Вечер Прес - 14.06.2005

Не сум вработен во Италија, ама работам во Рим. Вака накусо е објаснувањето на Димитар Ефремов, како реакција на текстот објавен во "Вечер" со информации дека неговата сопруга Марија, која работи како втор човек во амбасадата во Рим, добива надоместок за "невработениот сопруг" иако тој работи во ...

Пилотите можат да "пијат"!

Вечер Прес - 14.06.2005

Додека возачите на автомобили во Хрватска не смеат да возат ниту со капка алкохол во крвта, на оние што управуваат со многу покомплицирани превозни средства и возат стотици луѓе, сепак тоа им е дозволено. Дозволена концентрација на алкохол во крвта за пилоти на цивилни авиони е 0,2 промили.

Не паѓаат даноците,ќе се "пеглаат" основиците

Вечер Прес - 14.06.2005

Персоналниот данок од доход и зафаќањата по основ на придонеси од плата ќе се коригираат. Ова е договорено во новиот тригодишен стенд бај аранжман, кој Македонија и официјално ќе го добие од ММФ, во август годинава. Владата и монетарците од Фондот се усогласиле дека мора да се направи хармонизација ...

Александра Паскалиду водителка на "Евросонг 2006"?

Вечер Прес - 14.06.2005

Грчката Радио-телевизиска куќа ЕРТ не го обнови договорот со Александра Паскалиду, која според многумина има најмногу шанси да биде водителка на Евросонг, наредната година. Паскалиду деновиве изјави дека не добила понуда од ЕРТ за обновување на договорот.

"Чардашот" не измеша

Вечер Прес - 14.06.2005

Македонија падна во првиот бараж натпревар за пласман на СП 2006 против силниот состав на Унгарија. Во "Кале" се случи унгарски "чардаш", и тоа на многу убедлив начин. Унгарците ни одржаа лекција по модерен ракомет, со брзи контри, гранитна одбрана и речиси стоотстотна реализација.

Пензионери во "офанзива"!

Вечер Прес - 14.06.2005

И пензионерите од Штип се вклучија во "офанзивата"- Парламентот да донесе закон, со кој ќе се овозможи осумте насто, кои, како што е најавено од овој месец, веќе нема да ги добиваат, да бидат вкалкулирани во основицата на пензиите.

Тајната за "кингерот"

Вечер Прес - 14.06.2005

Јавноста одново е вознемирена со најновото актуелизирање на авионската несреќа во која загинаа македонскиот претседател Борис Трајковски и членовите на делегацијата кои патуваа со него за Мостар. Изнесувањето на виделина на еден нов и досега непознат во истрагата документ, по се изгледа ќе го симне ...

"Мундијалот" во 2014 г. во Јужна Америка

Вечер Прес - 13.06.2005

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Јозеф Блатер изјави дека "мундијалот" во 2014 година ќе се одржи во Јужна Америка. "Зазедовме став во ФИФА дека СП 2014 година треба да се одржи во Јужна Америка", изјави Блатер на прес-конференцијата за светското фудбалско првенство за играчи ...

Булеварот "Србија" ќе ја чека проценката

Вечер Прес - 13.06.2005

Изградбата на северниот коловоз на булеварот "Србија", на потегот од булеварот "Јане Сандански" до улицата "Првомајска", ќе зависи од финансиската проценка што ќе ја направи Градот. Според надлежните, во моментов тече јавна набавка за нејзино проектирање и тоа во вкупна должина од 1.300 метри.

Приведени осум илегални "пејачки"

Вечер Прес - 13.06.2005

Инспектори од МВР, од Единицата за борба против трговијата со луѓе, вчераноќ во Гостивар, во два угостителски објекта, откриле и привеле осум девојки. Четири девојки, од кои една скопјанка и по една од Албанија, Косово и од Србија се откриени во "Приштина", а другите четири, една од нив Србинка, а ...

Кампања "Заедно против дрогата"

Вечер Прес - 13.06.2005

Состојбата со зависност од дрога кај младите е алармантна. Имаме шест илјади регистрирани зависници, а голем е бројот и на оние кои што не се евидентирани. Месечно во Македонија влегуваат 70 килограми хероин, а се поприсутна е и новата дрога крек.

Мостар "на удар" на туристите

Вечер Прес - 13.06.2005

Откако е реновиран Стариот мост, градот на Неретва годинава доживува вистински туристички бум. Иако официјалниот почеток на туристичката сезона беше на 1 јуни, веќе последниве месеци туристичките агенции имаат полни раце работа. Само во мај, Мостар го посетиле 6.000 туристи.

Гран при за Благица и "Здравје Боже дај"

Вечер Прес - 13.06.2005

На фолк фестивалот "Филиграни 2005", во петокот вечерта во Домот на армијата во Скопје, Гран прито го освои Благица Павловска со песната "Здравје Боже дај". Првата награда од публиката и припадна на групата "Деница" - "Ајде мешај не се чешај", втората на Сузана Гавазова - "Поарно порано" и третата ...