TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бучковски ја загрози независноста на медиумите

Дневник - 26.11.2005

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕМИЕРОТ Премиерот Владо Бучковски веднаш да поднесе оставка бидејќи директно се обиде да урне еден од столбовите на демократијата - независноста на медиумите, побара вчера ВМРО-ДПМНЕ. Партијата реагира на тврдењата на премиерот дека МВР има информации оти новинари ...

Бучковски ги поканил Чесите да конкурираат на тендерот за ЕСМ

Утрински - 26.11.2005

Премиерот на Самитот на земјите од ЦЕИ во Словачка ПиеШЧани - Премиерот Владо Бучковски во Словачка договорил учество на чешки фирми во тендерот за продажба на дистрибуцијата на ЕСМ и поголеми квоти за извоз на преспанските јаболка во Бугарија.

Бучко пушти бубачка и се скри

Вест - 26.11.2005

ПРЕМИЕРОТ ОБВИНИ ДЕКА НОВИНАРИТЕ СЕ КОРУМПИРАНИ И ЗАМИНА НА ПАТ Владата вчера немаше коментар околу обвинувањето на премиерот дека некои новинари зеле пари за да пишуваат за тендерот за изработка на новите пасоши, а Здружението на новинари не реагира со официјално соопштение туку со изјави бара ...

Поддршка и од Словачка и од Чешка

Време - 26.11.2005

СОСТАНОК НА ЦЕИ Словачка и Чешка ќе го поддржат предлогот на европската комисија Македонија во декември да добие статус на земја-кандидат за членство во ЕУ, порачале премиерите на двете земји Јиржи Пароубек и Микулаш Ѕуринда вчера во Словачка на средба со македонскиот премиер Владо Бучковски.

МВР: Обвинувањата за "дилот" со пасошите треба да се докажат

Утрински - 26.11.2005

Новинарот Зоран Божиновски бара истрага дали Комисијата во МВР и посредникот на "ГиД" ќе поделат по 200 илјади евра ЗНМ бара средба со Бучковски околу наводите за корумпираност на новинарите ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА Обвинувањата и жестоките напади околу вториот тендер за изработка на патните исправи не ...

Загреб и Скопје ќе разговараат за случајот "Генерал Стојановски"

Дневник - 26.11.2005

БУЧКОВСКИ НА САМИТОТ НА ЦЕИ Загреб и Скопје во вторник ќе го разгледаат случајот "Генерал Мирослав Стојановски", кој неодамна го отворија хрватските медиуми, најави премиерот Владо Бучковски во Братислава, каде што присуствува на самит на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).

Бучковски ги замолчува медиумите

Вечер Прес - 26.11.2005

ВМРО-ДПМНЕ смета дека премиерот Владо Бучковски врши директен притисок и уцени врз медиумите, што е неприфатливо за македонскиот демократски модел и поради што треба да си поднесе неотповиклива оставка. Ваквата реакција следи откако Бучковски на последниот брифинг за тендерот за пасоши, со ...

Кандидатскиот статус на Македонија е сигнал за целиот регион

Вечер Прес - 26.11.2005

“Со доделувањето статус држава-кандидат за членство во Европската унија за Македонија ќе се испрати уште посилен сигнал дека регионот својата иднина треба да ја гледа во Унијата. Тоа ќе ги обесхрабри ирационалните политички фактори кои се секогаш подготвени да ги злоупотребат етничките чувства за ...

На повидок војна меѓу премиерот и медиумите околу пасошите

Утрински - 25.11.2005

Фрчат обвинувања од сите страни за корумпираност по тендерот за јавните исправи „Можно ли е да бидат корумпирани и новинари од страна на оние што го изгубија тендерот", е хипотетичкото прашање што го постави првиот човек на Владата Даниела Трпчевска "Можно ли е да бидат корумпирани и новинари од ...

Бучковски да ги каже имињата на корумпираните новинари

Време - 25.11.2005

ЗДРУЖЕНИЕ НА НОВИНАРИ НА МАКЕДОНИЈА Емил Зафировски Здружението на новинари на Македонија ќе побара од премиерот Владо Бучковски да ги посочи имињата на новинарите или медиумите за кои тврдеше дека биле поткупени од фирмите-учеснички во тендерот за пасоши.

Бучковски не кажува на кои новинари им нуделе пари за пасошите

А1 - 24.11.2005

Два дена по обвинувањето, премиерот Бучковски молчи. Не кажува јавно на кои новинари одбиените фирми на пасошкиот тендер им нуделе пари. Во неговиот кабинет и во Владата велат дека Премиерот останува на прексиноќешниот став искажан пред повеќе уредници дека на крајот од тендерот ќе се знае каков ...

Премиерот Бучковски ги обвини новинарите за поткуп

Дневник - 24.11.2005

по НАПИСИТЕ ЗА ТЕНДЕРОТ ЗА ПАСОШИ Видни бизнисмени шетале по редакции, веројатно за да ја поделат со нив легалната провизија од вакви зделки, вели премиерот Македонскиот премиер Владо Бучковски обвини "некои медиуми и некои новинари" дека се "злоупотребени и платени да пишуваат пристрасно и ...

Ахмети и Пенов му ги врзаа рацете на Бучковски

Утрински - 24.11.2005

Анализа Ова е вторпат премиерот да најавува реконструкција, а коалициските партнери да го спречат Соња Крамарска Премиерот Бучковски како никогаш досега ги почувствува лошите страни на коалициското владеење, откако партнерите Ахмети и Пенов по втор пат му рекоа "не" за владина реконструкција.

Бучковски ветил брз пристап до тајните документи

Дневник - 24.11.2005

СЛУЧАЈ "ЉУБОТЕН" Премиерот Владо Бучковски ветил дека ќе се забрза процедурата за добивање на строго доверливите документи неопходни за подготвувањето на одбраната на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски пред Хашкиот суд за случајот "Љуботен".

Бучковски ги поучи пратениците како да дискутираат за Уставот

Време - 23.11.2005

СДСМ УРИВА ТАБУА СО ЈАВНА КООРДИНАЦИЈА Александра М. Митевска Министрите веројатно ќе останат без имунитет бидејќи Владата е спремна на компромис со опозицијата во име на консензусот за уставните измени. Така, согласно со препораките на ГРЕКО, специјално тело на Советот на Европа за борба против ...

Бучковски ветува враќање на црковните имоти

Утрински - 23.11.2005

Работна средба на премиерот со Синодот на МПЦ Богословскиот факултет ќе се вклучи на Скопскиот универзитет Премиерот Владо Бучковски на владиците на МПЦ вчера им вети дека државата ќе ги врати црковните имоти и оти Владата ќе го разгледа и предложи законот за вклучување на Богословскиот факултет на ...

Премиерот ја повика опозицијата да гласа за уставните измени

Утрински - 23.11.2005

Пред седницата за корекција на Уставот во делот на правосудството Бучковски во малата собраниска сала имаше полчасовно експозе пред неговите сопартијци ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Пред седницата за уставните измени премиерот Владо Бучковски, вчера ја повика опозицијата "да ги надрасне дневната политика, ...

Богословскиот факултет станува државен

Вест - 23.11.2005

ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ РУЧАШЕ СО ВЛАДИЦИТЕ ВО МАНАСТИРОТ СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН Богословскиот факултет од учебната 2006-2007 година ќе биде вклучен во државниот универзитет" Свети Кирил и Методиј", е договорено на вчерашната средба на премиерот Владо Бучковски и поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.

Бучковски се шири, наука во поткровје

Време - 23.11.2005

ВЛАДАТА ГО ЗАЗЕДЕ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА НАУКА Муса Џафери со неговата постава од Владата и поголем дел од кабинетот на премиерот Владо Бучковски зел два ката од просториите на Министерството за наука, а дел вработени во Министерството биле потиснати на последниот кат од зградата.

Министрите ќе останат без имунитет

Дневник - 23.11.2005

ПРЕМИЕРОТ СЕ СРЕТНА СО ПРАТЕНИЦИТЕ ОД СДСМ Ќе им се одземе имунитетот на министрите и на Јавниот обвинител и таква заштита ќе уживаат само претседателот на државата, премиерот и пратениците, соопшти вчера премиерот Владо Бучковски.

Богословскиот факултет под државна капа

Вечер Прес - 23.11.2005

Православниот богословски факултет од наредната учебна година ќе функционира во рамките на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј". Ова го договориле премиерот Владо Бучковски и полниот состав на Синодот на МПЦ на вчерашната средба во манастирскиот комплекс "Св. Пантелејмон" на Водно.

Бучко координираше, пратениците слушаа

Вечер Прес - 23.11.2005

Јавната координација на СДСМ, одржана вчера во Собранието на РМ, според зборовите на лидерот Владо Бучковски, требаше да ја разбие перцепцијата на народот дека пратениците се гласачка машинерија на извршната власт. Но, на едночасовниот собир, на кој присуствуваа високи партиски и државни ...

Бучковски бара конструктивност за уставните измени

А1 - 22.11.2005

Владиното мнозинство има сигурни 74 пратеници, до потребното двотретинско на Владата и требаат и гласовите на опозицијата за да ги изгласа уставните измени на судството. Социјалдемократите за денеска најавија координација на пратеничката група, на која Премиерот доби шанса јавно да амортизира дел ...

СДСМ ќе гласа за амандманите на опозицијата

Канал5 - 22.11.2005

Пратениците на СДСМ ќе гласаат за амандманите на опозицијата - членовите на Судскиот совет сами да го избираат својот претседател,наместо тоа да биде претседателот на Врховниот суд. Ќе се прифати и барањето претседателот на државата да не именува двајца членови во советот , а ќе им се одземе и ...

Г. г. Стефан: Нема пазар со афтокефалноста на МПЦ

Канал5 - 22.11.2005

Премиерот Владо Бучковски пак се сретна со врвот на МПЦ, наспроти забелешките на Европската комисија за премногу блиските релации на Владата со црквата. Премиерот Владо Бучковски пак се сретна со врвот на МПЦ, наспроти забелешките на Европската комисија за премногу блиските релации на Владата со ...

Бучковски на работен ручек со Синодот на МПЦ

Утрински - 22.11.2005

НАЈАВА Премиерот Владо Бучковски денеска ќе ја продолжи практиката за среќавање со црковниот врв на МПЦ. Владиците на Македонската православна црква и претседателот на Владата ќе имаат работен ручек во некој од скопските ресторани.

Бучковски: Нема реконструкција

Вечер Прес - 22.11.2005

Декемвриска реконструкција на владиниот кабинет ќе нема. Ова вчера за нашиот весник го потврди премиерот Владо Бучковски. Со ова тој сака да го затвори прашањето за подновување на министерскиот состав што беше најавено за крајот на годинава, а која деновиве беше форсирана од одредени медиуми.

Груевски: Бучковски си тера по старо

А1 - 21.11.2005

Заврши еуфоријата на Бучковски и неговите министри, пак си се вратија на старо - ставот на лидерот на најголемата опозициска партија, Никола Груевски. Груевски денеска побара одговор од Бучковски - зошто ги заборави препораките на Европската комисија во позитивното мислење да се справи со сивата ...

Бучковски побара од иселениците да се вклучат во развојот на Македонија

Утрински - 21.11.2005

Премиерот на голем собир на македонски иселеници во Швацарија "Потребно е поактивно вклучување на нашите иселеници во инвестициските вложувања во нашата земја со предлагање конкретни мерки и стимулации за поволни можности за учество на иселениците во економскиот развој на државата, како на пример ...

Инвестирајте и лобирајте за Македонија

Дневник - 21.11.2005

БУЧКОВСКИ ВО ЛОЗАНА СЕ СРЕТНА СО ИСЕЛЕНИЦИТЕ Премиерот Владо Бучковски ги повика македонските иселеници во Швајцарија да инвестираат во земјава и да лобираат низ Европа за да ја поддржат економската стабилизација на Македонија.

Поактивно во вложувањата

Вечер Прес - 21.11.2005

Лозана, 20 ноември (МИА) - "Потребно е поактивно вклучување на нашите иселеници во инвестиционите вложувања во нашата земја со предлагање конкретни мерки и стимулации за поволни можности за учество на иселениците во економскиот развој на државата, како на пример обезбедување поволности за ...

Ахмети го смирува Бучковски

Вечер Прес - 21.11.2005

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не ги дава своите министри во евентуална реконструкција што за декември ја најави премиерот Владо Бучковски. "Имаме многу посериозни работи отколку да размислуваме за некакви смени или реконстриукции или, пак, за предвремени парламентарни избори", вели Ахмети.