TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јас сум војник, а не злосторник!

Време - 03.12.2005

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ НА ГЕНЕРАЛОТ МИРОСЛАВ СТОЈАНОВСКИ ЗА „НЕДЕЛНО ВРЕМЕ“ Со полна морална и секаква друга одговорност тврдам дека со своите постапки и со постапките на своите потчинети, во битката за Вуковар, не сум направил ништо што може да се окарактеризира како злосторство против човештвото и ...

Без коментар за "случајот Стојановски"

Утрински - 03.12.2005

РЕАКЦИЈА Хрватската шефица на дипломатијата, Колинда Грабар-Китаровиќ, избегна да ја коментира истрагата околу македонскиот началник на ГШ, Мирослав Стојановски, кого хрватските медиуми и јавноста го обвинија за воени злосторства, Според неа, тоа е судско, а не политичко прашање, така што мора да ...

Манасиевски: Ќе го заштитиме генералот Стојановски

А1 - 02.12.2005

Министерството за одбрана и Владата ќе направат се за да го заштитат достоинството и угледот на началникот на АРМ Мирослав Стојановски. Ова денеска од Прилеп го порача министерот Манасиевски. „Минатата година генералот Стојановски беше во Хрватска како началник и немаше реакции.

Вуковарската полиција собира информации за „случајот Стојановски"

Утрински - 01.12.2005

Во Хрватска се сослушуваат сведоци за Вуковар Вуковарската полиција во вторникот ги започнала информативните разговори со лицата за кои се претпоставува дека имаат информации за улогата на сегашниот началник на Генералштабот на АРМ, генерал Мирослав Стојановски во борбите за Вуковар во 1991 година.

ПОЛИЦИСКИ ИНФОРМАТИВНИ РАЗГОВОРИ ЗА "СТОЈАНОВСКИ"

Вечер Прес - 01.12.2005

Загреб - Полициската управа на Вуковарско-сремската жупанија вчера почнала информативни разговори со лицата за кои се претпоставува дека имаат информации за улогата на началникот на ГШ на АРМ, генералот Мирослав Стојановски, во борбите за Вуковар во 1991 година, пренесоа загребските медиуми.

Генералот Стојановски на отчет кај Црвенковски

А1 - 30.11.2005

На отчет кај Претседателот. Генералот Стојановски еден час со Црвенковски разговараше за обвиненијата од Хрватска дека учествувал во агресијата на Вуковар како офицер на ЈНА. Од кабинетот молчат, Генералот сигурен во себе. „Не, јас не се плашам од ништо.

Со Стојановски ќе се занимава судот, а не владите

Време - 30.11.2005

БУЧКОВСКИ И САНАДЕР СО ПОРАКА Случајот со началникот на Генералштабот на АРМ, Мирослав Стојановски, против кого хрватското обвинителство покрена истрага за наводни воени злосторства, треба да го реши судот, а владите на Македонија и на Хрватска не треба да се мешаат во тоа.

Хрватска и Македонија ќе чекаат судска одлука за Стојановски

Утрински - 30.11.2005

Македонскиот и хрватскиот премиер разговараа за началникот на ГШ на АРМ Санадер изјави дека "случајот Стојановски" не е тема на извршната власт во Хрватска Хрватска и Македонија нема да дозволат случајот со началникот на ГШ на АРМ, генерал Мирослав Стојановски, да им ги наруши добрите односи, се ...

До каде е истрагата за Стојановски во Хрватска

Канал5 - 30.11.2005

Досега најмалку петмина хрватски воени ветерани дале изјави пред полиција за учеството на генералот Мирослав Стојановски во случувањата кај Вуковар. Досега најмалку петмина хрватски воени ветерани дале изјави пред полиција за учеството на генералот Мирослав Стојановски во случувањата кај Вуковар.

Стојановски не треба да ги наруши добрите односите

Вечер Прес - 30.11.2005

Загреб, 29 ноември (МИА). - "Хрватска и Македонија имаат пријателски односи и нема да дозволиме ништо да ги наруши", изјави хрватскиот премиер Иво Санадер по потпишувањето на заедничката декларација на денешниот Самит на ЦЕФТА во Загреб. "Случајот Стојановски не е тема на извршната власт.

Санадер: Нема да ги расипеме пријателските односи

А1 - 29.11.2005

Бучковски и Санадер се сретнаа - како пријатели. Санадер се дистанцира од истрагата за македонскиот Генерал, Бучковски бара презумција на невиност. „Ние очекуваме да завршат што е можно побрзо пред истражните дејствија. Претпочитаме презумција на невиност, но ако вистината покаже нешто друго, тогаш ...

Стојановски: Не поднесувам оставка

Време - 29.11.2005

ПО БАРАЊАТА НА ОПОЗИЦИЈАТА И РЕАКЦИИТЕ ВО ХРВАТСКА Боби Христов Нема да поднесам оставка, бидејќи со своите активности не сум ја нарушил професионалната етика, порача вчера од Софија началникот на Генералштабот на АРМ, генералот Мирослав Стојановски.

Генерал Стојановски: Немам намера да поднесам оставка

Вест - 29.11.2005

Началникот на Генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски нема намера да поднесе оставка на функцијата началник на Генералштабот на АРМ по поведената истрага во Хрватска за неговото учество во наводни воени злосторства во Вуковар во 1991 година.

Стојановски не мисли на оставка

Утрински - 29.11.2005

Началникот на ГШ на АРМ вели дека не ја нарушил професионалната етика во војната во Хрватска Премиерот бара да се почитува пресумпцијата на невиност БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал Мирослав Стојановски, нема намера да поднесе оставка на функцијата, откако во Хрватска ...

Генерал Стојановски нема да поднесе оставка

Дневник - 29.11.2005

ИСТРАГА ВО ХРВАТСКА Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Мирослав Стојановски, вчера во Софија изјави дека нема да поднесе оставка поради случувањата во Вуковар. Премиерот Владо Бучковски од Хрватска ќе побара дополнителни информации за истрагата за учеството на Стојановски во борбите ...

Кој го намести Стојановски на годишнината од Вуковар да биде во Загреб

Канал5 - 29.11.2005

Македонија инсистира што е можно побрзо да заврши предистражната постапка што се води во Хрватска за учеството на генералот Мирослав Стојановски во вуковарските настани во 1991-та. Македонија инсистира што е можно побрзо да заврши предистражната постапка што се води во Хрватска за учеството на ...

Не поднесувам оставка

Вечер Прес - 29.11.2005

"Не ги прекршив принципите на професионалната етика и нема да поднесам оставка", изјави вчера началникот на ГШ на АРМ, генерал Мирослав Стојановски. Неговата прва официјална изјава, по десетдневната хајка од хрватските медиуми и отворањето истрага во жупаниското обвинителство на Вуковар, генералот ...

Мирослав Стојановски: Не поднесувам оставка

А1 - 28.11.2005

Генералот Стојановски не поднесува оставка. Денеска ова го порача од Софија, одговарајќи на обвинувањата од Хрватска и барањата на македонската опозиција. Не сум ја нарушил професионалната етика, вели началникот на Генералштабот на АРМ.

Генералот Стојановски е зрел за оставка

Време - 28.11.2005

ВМРО-НП Генералот Мирослав Стојановски да поднесе оставка и да не ја заложува Македонија. Тој има темни дамки во неговата кариера што можат да го нарушат безбедносниот систем на државата, побара ВМРО-народна партија на вчерашната конференција за печатот.

И Борис не го сакаше Стојановски

Вест - 28.11.2005

ХРВАТСКИ СЛУЧАЈ: ВУКОВАРСКОТО МИНАТО НА МАКЕДОНСКИОТ ГЕНЕРАЛ Генералот Стојановски беше предмет на караница во македонскиот државен врв во почетокот на 2004 година кога тогашниот претседател Трајковски беше против неговото именување за началник на Генералштабот на АРМ со образложение дека е близок ...

Груевски го повикува Стојановски да размисли за оставка

Утрински - 28.11.2005

Медиумите во Хрватска го сецираат началникот на ГШ на АРМ, реагира опозицијата во земјава Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски го повика началникот на Генералштабот на АРМ, генералот Мирослав Стојановски да си поднесе оставка на функцијата, како морален чин, доколку се докаже дека е виновен за ...

Хрватското обвинителство почна истрага против генерал Стојановски

Дневник - 28.11.2005

ПО ОБВИНУВАЊАТА ОД здруЖението на ХРВАТСКИТЕ ЛОГОРАШИ Хрватското обвинителство почнало предистражна постапка за да ги провери наводите дека началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Мирослав Стојановски учествувал во воени злосторства во Вуковар во 1991 година.

Генералот Стојановски да си поднесе оставка

Дневник - 28.11.2005

ВМРО-НАРОДНА ПАРТИЈА Началникот на Генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски треба да си поднесе оставка поради обвинувањата за извршени злосторства во војната во Хрватска, рече вчера Јован Андоновски, генерален секретар на ВМРО-Народна.

Стојановски: Не давам оставка

Канал5 - 28.11.2005

Генералот Мирослав Стојановски нема да поднесе оставка. Началникот на Генералштабот на АРМ го кажа своето една седмица по отворањето на прашањето за неговото учество во вуковарските настани од 1991 – та. Генералот Мирослав Стојановски нема да поднесе оставка.

ВМРО ДПМНЕ И ВМРО Народна за Мирослав Стојановски

Канал5 - 28.11.2005

Оставка од началникот на генералштабот на АРМ Стојановски – бара партијата на Георгиевски. Велат има темни дамки во кариерата на генералот. Оставка од началникот на генералштабот на АРМ Стојановски бара партијата на Георгиевски. Велат има темни дамки во кариерата на генералот.

Народна бара оставка, ВМРО-ДПМНЕ внимателна

Вечер Прес - 28.11.2005

ВМРО-Народна бара од генералот Мирослав Стојановски "да не ја заложува Македонија и да си поднесе оставка". Ако тоа самиот не го стори, да биде разрешен од претседателот Бранко Црвенковски. - Минатото на Стојановски не е непознато ниту за државните органи во Македонија, ниту за граѓаните.

Стојановски може да добие забрана за влез во Хрватска!?

Вечер Прес - 28.11.2005

Загреб - Ако против началникот на ГШ на АРМ генералот Мирослав Стојановски бидат покренати предистражни дејствија поради сомнение дека учествувал во воените злосторства во Вуковар во 1991 година, веќе нема да го примаме во Хрватска", изјави викендов во Загреб, министерот за одбрана Берислав ...