TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДУИ и официјално побара потпретседател на државата

Вест - 23.07.2005

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ТРГНАА ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА За СДСМ ставот е јасен: предлогот на пратениците на ДУИ за функцијата потпретседател не е прифатлив, како што не е ни предлогот на либералот Стојан Андов Собранието да избира претседател на државата.

ДУИ сака потпретседател, ПДП најмалку спикер!

Утрински - 23.07.2005

Изборот на претседател ја измести расправата за нацрт- амандманите во Уставната комисија ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Демократската унија за интеграции вчера на седницата на Уставната комисија се спротивстави на владиниот предлог за бришење на цензусот во вториот круг при избор на претседател, и остана цврсто ...

И ПДП бара потпретседател на државата

Време - 23.07.2005

УСТАВНА КОМИСИЈА Да се смени Уставот и државата, покрај претседателот, да има и потпретседател, побара вчера Партијата за демократски просперитет (ПДП), на седницата на собраниската уставна комисија, која расправаше за измените за реформи во судството.

ДУИ ќе добие потпретседател

Вечер Прес - 21.07.2005

ДУИ наскоро ќе го постави прашањето за потпретседател на државата и преку своите претставници во Владата. Партискиот потпретседател Рафиз Алити е убеден дека барањето ќе биде прифатено со разбирање кај нивните коалициони партнери, без оглед на лошите реакции на пратениците од СДСМ на завчерашната ...

ДУИ предлага непосредни избори и за потпретседател

Утрински - 20.07.2005

Партијата на Али Ахмети бара преговори за уставни измени ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Демократската унија за интеграции има сериозна намера да ја истурка идејата за потпретседател на државата, кој би се избирал на непосредни избори и истовремено со шефот на државата.

И граѓаните бараат потпретседател

Време - 20.07.2005

ДУИ ДУИ не се откажува од барањето да се воведе институција потпретседател на државата иако Владата уште веднаш го отфрли ова барање со образложение дека во Уставот ќе има измени само за реформите во судството и во изборното законодавство. - Нема да отстапиме од нашиот став.

ДУИ бара Албанец да биде потпретседател на државата

Утрински - 19.07.2005

Неочекувани ставови на парламентарци за некои уставни промени Партијата на Ахмети во пакет со уставните измени го реактуализира предлогот за потпретседател и се закани со протести пред Собранието ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Партијата на Али Ахмети вчера во Собранието го реактуализираше барањето Албанец да ...

ДУИ бара рамковен потпретседател

Време - 19.07.2005

УШТЕ ЕДНО БАРАЊЕ НА АХМЕТИ Сунчица Стојановска Да се воведе функција потпретседател на државата и тоа да се направи со измени во Уставот, заедно со измените за реформи во судството, побара Рафис Алити од ДУИ од името на неговата партија, на вчерашната седница на Комисијата за политички систем и ...

ДУИ бара потпретседател на државата

Дневник - 19.07.2005

СОБРАНИСКА РАСПРАВА ЗА ИЗМЕНИ НА УСТАВОТ Борис Кондарко од СДСМ му порача на Алити дека не е коректно да пушта пробни балони за политички маркетинг Потпретседател на државата, новото барање на партијата на Али Ахмети, вчера предизвика жестока расправа помеѓу коалициските партнери ДУИ и СДСМ.

ДУИ бара потпретседател на државата, СДСМ вели - не

Вест - 19.07.2005

ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА СО РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Координаторот на пратеничката група на ДУИ Рафиз Алити вчера го повтори барањето за воведување на функција потпретседател на државата, која ќе и припадне на албанската заедница.

Ахмети ненаситен

Вечер Прес - 19.07.2005

Албанец потпретседател на државата е најновото барање на ДУИ, пласирано само два дена по донесувањето на Законот за употреба на знамињата на заедниците. "Пробниот балон" го пушти Рафиз Алити на вчерашната седница на собраниската Комисија за политички систем, каде се разгледуваа нацрт- амандманите ...

ДУИ бара потпретседател на државата

А1 - 18.07.2005

ДУИ бара потпретседател на државата. Оваа стара идеја на ДПА, која бараше потпретседател по етнички клуч уште за време на охридските преговори за рамковниот, сега ја актуелизира Алити. Тој по партиска директива побара сега кога се менува уставот да се воведе и функцијата потпретседател.