TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Прв противник Маритим Валенсија

Утрински - 07.09.2005

Кометал ЃП продолжува со контролни дуели во Шпанија По освојувањето на второто место на 45. “Зика куппи во Бад Урах минатиов викенд, ракометарките на Кометал Ѓорче Петров неделава продолжуваат со контролни натпревари во Шпанија, каде што утре прв противник ќе им биде Маритим Валенсија.

Кометал ЃП вторпат поразен во финалето

Дневник - 06.09.2005

РАКОМЕТ - ЗИКА-КУП Ракометарките на Кометал ЃП не успеаја да триумфираат во финалето на Зика-купот во Германија откако беа поразени од руска Лада Тољати со 17-20. Ова е вторпат скопјанки да бидат поразени во финале, и тоа пак од руска екипа.

Русинките повторно кобни за Кометал

Вест - 06.09.2005

РАКОМЕТ - ТУРНИР "ЗИКА КУП" Кометал Ѓорче Петров повторно не успеа да го освои меѓународниот ракометен турнир "Зика куп", што викендов се одржа во германскиот град Бад Урах. Кобни за ѓорчепетровки и овој пат, како и пред четири години, беа Русинки, тогаш АКВА, а во неделата Лада.

Финалето пак баксузно за Кометал

Време - 06.09.2005

РАКОМЕТ - ВЕСТИ Ракометарките на Кометал ЃП не успеаја да го освојат првото место на турнирот „Зика куп“ што се одржа во Бад Урах, Германија, откако во финалето загубија од Лада Тољати со 17-20. За европскиот вицешампион ова е втор пораз во финалните дуели на овој турнир.

Кометал ЃП вторпат втор во Бад Урах

Утрински - 06.09.2005

По поразот од Лада од 17:20 во финалето на 45. "Зика куп" Кометал Ѓорче Петров ни во своето седмо учество не успеа да триумфира на “Зика куппи во германскиот град Бад Урах, кој годинава прославува 45-годишен јубилеј. Како и пред четири години, и овојпат ѓорчепетровки во финалето не успеаја против ...

Кометал Ѓ. Петров втор во Бад Урах

Вечер Прес - 06.09.2005

Најтрофејниот македонски женски ракометен клуб и актуелен европски вице-шампион Кометал Ѓ.Петров на силниот меѓународен турнир "Зика Куп", што 45. пат се одржа во германскиот град Бад Урах го освои второто место. Во финалето, во борбата за победничкиот трофеј, ѓорчепетровки се поразени од рускиот ...

Второ финале за Кометал

Вест - 05.09.2005

РАКОМЕТ - ТУРНИР "ЗИКА КУП" Кометал Ѓорче Петров по втор пат се избори за финалето на меѓународниот турнир "Зика куп", што во изминативе три дена се одржуваше во германскиот град Бад Урах. Во мечот за титулата, ѓорчепетровки вчера попладне се сретнаа со рускиот шампион Лада.

Кометалки вторпат во финалето

Дневник - 05.09.2005

РАКОМЕТ - ЗИКА-КУП ВО ГЕРМАНИЈА Олга Колесник и Алегра Охоланга најзабележителни во редовите на скопјанки Руски тим повторно ќе биде последна пречка за ракометарките на Кометал ЃП на традиционалниот Зика-куп во Германија, кои вторпат ќе се борат за трофејот, овој пат против Лада Тољати.

Кометал синоќа играше во финалето

Време - 05.09.2005

„ЗИКА КУП“ Македонскиот женски шампион Кометал ЃП вчера попладне играше против Лада Тољати од Русија во финалето на силниот ракометен турнир „Зика куп“, кој викендов се одржа во германското гратче Бад Урах. До завршната пресметка „кометалки“ стигнаа со триумфот во полуфиналето над Сагунто Валенсија ...

Второ финале за ѓорчепетровки на турнирот во Бад Урах

Утрински - 05.09.2005

Кометал ЃП синоќа против Лада решаваше за победникот на 44. Зика куп Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров синоќа вторпат во своето седмо учество играа во финалето на 44. Зика куп во Бад Урах, Германија, каде што противник им беше стариот познаник Лада Толјати.