TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Монтепаски поведе против Види Вици

Дневник - 15.06.2007

ИТАЛИЈА: Монтепаски Сиена, чиј член е македонскиот кошаркарски репрезентативец Врбица Стефанов, поведе со 1-0 во финалето на италијанскиот плејоф против Види Вици Болоња, по победата од 81-71 на домашен терен. Стефанов не настапи за победничката екипа, а кај гостите, чиј тренер е Заре Марковски, ...

ВидиВичи го почна финалето со пораз

Вест - 15.06.2007

КОШАРКА - НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ Кошаркарите на ВидиВичи Болоња со пораз стартуваа во финалето на плеј-офот во италијанското првенство. Во првиот меч од серијата подобар од пет, екипата на нашиот тренер Заре Марковски загуби на гости од Монтепаски со 71:81.

Драма во Атина

Вечер Прес - 15.06.2007

Кошаркарите на актуелниот европски првак, Панатинаикос, во третиот финален натпревар за титулата во Грција, славеа против Олимпијакос во дополнителните пет минути (86:85) и поведоа со 2-1 во серијата од три победи. Во поразениот тим се појави натурализираниот Македонец, Рајан Стак, вообичаено имаше ...

Монтепаски ќе ја повлече „Четворката“ во чест на Стефанов

Време - 13.06.2007

ПО ИНИЦИЈАТИВА НА НАВИВАЧИТЕ Управата на италијанскиот кошаркарски прволигаш Монтепаски сериозно размислува на крајот од сезоната од употреба да го повлече дресот со број „4“, и тоа во чест на македонскиот репрезентативец Врбица Стефанов, дознава „Време“.

Врбица посакува Мекинтаер да се врати на паркетот

Дневник - 12.06.2007

Една од причините поради кои Врбица Стефанов беше вратен во Монтепаски Сиена, покрај добрите игри, беше и неговата човечност, а тој тоа го потврди и завчера со изјавата дека би сакал стартерот Терел Мекинтаер да се врати на паркетот, што би значело оти за нашиот плејмејкер би немало место во тимот.

ВидиВичи ќе се бори за титулата

Вест - 11.06.2007

НАШИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ Во својата прва сезона како тренер на ВидиВичи Болоња, Заре Марковски го однесе тимот во финалето на плеј-офот во кое ќе се бори за шампионската титула против Монтепаски Сиена. Во полуфиналето ВидиВичи го елиминираше Армани Џинс Милано со 3:1, победувајќи го на четвртиот меч со ...

Стефанов против Илиевски во големото финале на Италија

Утрински - 11.06.2007

Тимот на нашите кошаркарски гастербајтери Заре Марковски и Влатко Илиевски Види Вичи од Болоња по 2001 година повторно стигна во големото финале на италијанското кошаркарско првенство. Оваа екипа во полуфиналната пресметка беше подобра од тимот на Армани Милано и славеше со 3:1, по што болонезите ...