TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Отфрлена кривичната пријава против Дивац

Вест - 19.11.2005

Белград, 19 ноември - Белградското Окружно јавно обвинителство вчера ја отфрли кривичната пријава што против кошаркарот Владе Дивац ја поднесе Војската на Србија и Црна Гора поради "неотповикување на покана" и "избегнување на отслужување на воениот рок".

Отфрлена кривичната пријава против Владе Дивац

А1 - 18.11.2005

Белградското Окружно јавно обвинителство денеска ја отфрли кривичната пријава што против кошаркарот Владе Дивац ја поднесе Војската на Србија и Црна Гора поради „неотповикување на покана“ и „избегнување на отслужување на воениот рок“.

Дивац бегал од војска?

Дневник - 18.11.2005

кошарка Белградското Окружно обвинителство активира кривична пријава против кошаркарот Владе Дивац, поради нејавување на покана и избегнување на служењето на шестмесечната воена обврска. Дивац има 37 години, а воените обврзници од СЦГ што живеат во странство, мора да служат војска до 35-тата година ...

Дивац се соочува со казна затвор до една година

Утрински - 18.11.2005

Поради ескивирање на воената обврска Обвинителството во Белград подигна кривична пријава против поранешниот кошаркар Владе Дивац (37) поради ескивирање на поканата и избегнување на служење на воената обврска. Дивац цели 16 години настапуваше во НБА лигата за екипите на Лос Анџелес Лејкерс, ...

Дивац на суд оти не сакал да оди во војска

Вест - 17.11.2005

Белград, 17 ноември - На предлог на Војската на Србија и Црна Гора, белградското Јавно обвинителство покрена кривична пријава против кошаркарот Владе Дивац, поради "неотповикување на покана" и "избегнување на отслужување на воениот рок".

Обвинение против Владе Дивац зошто не сакал да оди во војска

А1 - 16.11.2005

На предлог на Војската на Србија и Црна Гора, белградското Јавно обвинителство покрена кривична пријава против кошаркарот Владе Дивац, поради „неотповикување на покана“ и „избегнување на отслужување на воениот рок“. Како што објавува во денешниот број белградскиот весник „Вечерње Новости“, ...