TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Оставка на египетскиот министер за сообраќај по несреќата со запалениот воз

Вест - 23.02.2002

КАИРО, 23 февруари (Ројтерс) - Египетскиот претседатл Хосни Мубарак ја прифати оставката на министерот за сообраќај откако 332 лица загинаа живи горејќи во запалениот воз, во најстрашната сообраќајка на државната железница во Египет.

Загинаа 373 лица во пожарот во воз

А1 - 21.02.2002

Според последните податоци 373 лица загинаа во пожарот кој изби вчера во патнички воз во близината на египетскиот град Ал Ајат, соопштија официјални претставници, не наведувајќи го бројот на повредените. Причината за пожарот во кој се запалија седум од 16 вагони, се уште не позната, а се ...

Во запалениот воз изгореа 300 лица

Утрински - 21.02.2002

Во најсмртоносната железничка несреќа за 150 години во Египет АЛ-АЈАТ - Во пожарот кој вчера избувнал во преполниот патнички воз во близината на Каиро животот го загубиле најмалку 300 лица, чии јагленосани тела биле пронајдени во вагоните на возот.

Во запален воз изгореа над 370 патници во Египет

Вест - 21.02.2002

Дел од јагленосаните тела на загинатите патници во возот РЕКА АЛ-ГАРБИЈА, Египет, 21 февруари (АП) - Во силниот пожар што го зафати еден патнички воз вчера изутрина загинаа 373 лица меѓу кои имало и такви кои загинале скокајќи од запалениот воз шо се движел со голема брзина.

Триста луѓе изгореа во запален воз

Дневник - 21.02.2002

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ Најмалку 299 луѓе живи изгореа заробени во запален патнички воз вчера во Египет, јави Ројтерс. Тоа е најтрагичната сообраќајна несреќа во Египет, земја со 150-годишна железничка традиција. Според првичните резултати од истрагата, пожарот бил предизвикан од еден патник што ...

Железничка несреќа во Египет

А1 - 20.02.2002

Најмалку 174 лица загинаа во текот на ноќта во пожар што избувна во воз во близината на египетскиот град Ал Ајат, соопштија пожарникарите. Неколку вагони на возот, кој сообраќаше на линијата Каиро - Луксор се запалија во близината на Ал Ајат.