TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Матераци беше на сослушување кај ФИФА

Време - 15.07.2006

СЛУЧАЈ „ЗИДАН-МАТЕРАЦИ“ Италијанскиот фудбалер Марко Матераци вчера ја даде својата официјална изјава пред дисциплинската комисија на ФИФА, во врска со инцидентот во финалето на СП, во неделата, кога францускиот капитен Зинедин Зидан го удри Матераци со глава, за што доби црвен картон.

Матераци сослушан во седиштето на ФИФА во Цирих

Утрински - 15.07.2006

Според „Газета дело спорт", казната нема да биде поголема од два меча суспензија Дефанзивецот на Италија Марко Матераци вчера на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и ја даде својата верзија за инцидентот со Французинот Зинедин Зидан, во финалето на СП во Германија.

Мајката на Зидан го оправдува за бранењето на честа

Дневник - 15.07.2006

Зинедин Зидан остана таинствен, не откривајќи со што точно бил навреден од Матераци за да реагира бурно во 110. минута од финалето на мундијалот во Германија. - Подобро би примил удар во брадата, отколку да слушнам такви навреди - изјави Зидан, одбегнувајќи да ги каже „вистинските зборови“, кои ...

Зидан ја бранел честа на мајка си

Вест - 14.07.2006

ФРАНЦУСКИОТ КАПИТЕН ИЗЛЕЗЕ ВО ЈАВНОСТ Мистеријата околу Зинедин Зидан се уште не е комплетно разрешена. Во своите први, многу очекувани коментари, француската фудбалска sвезда само делумно објасни што го предизвикало да избувне и брутално да го Мистеријата околу Зинедин Зидан се уште не е комплетно ...

Матераци: Зидан ја заслужува „златната топка“

Време - 14.07.2006

СМИРУВАЊЕ НА СИТУАЦИЈАТА Отсекогаш му се восхитував на Зидан, изјави италијанскиот репрезентативец Марко Матераци. - Внимателно го чувам дресот што го добив од него по средбата Јувентус - Перуџа пред неколку години. Мислам дека ја заслужи наградата за најдобар фудбалер на Светското првенство, затоа ...

Зидан: Ги навредуваше мајка ми и сестра ми

Време - 14.07.2006

ФРАНЦУСКИОТ КАПИТЕН ЗА ИНЦИДЕНТОТ СО МАТЕРАЦИ Францускиот капитен и најдобар фудбалер на 18. Светско првенство во Франција, Зинедин Зидан, и се извини на фудбалската јавност за својот „глупав и непромислен потег“ во финалето на Мундијалот, но изјави дека Марко Матераци, италијанскиот дефанзивец, ...

Адвокат бара преигрување на мечот Италија-Франција

Утрински - 14.07.2006

Еден французин ќе се обиди да изнуди повторно одигрување на финалето на Светското првенство во фудбал во Германија, оваа вест се наоѓа на насловната страница на регионалниот весник Париз-Нормандија. Имено, еден адвокат од Руан ќе поднесе тужба, бидејќи смета дека било противзаконски користена видео ...

Зидан изјави дека немал избор, било навредено неговото семејство

Утрински - 14.07.2006

Според Зидан, Матераци неколку пати тешко ги навредил неговата сестра и мајка Од нашиот дописник ТОНИ ГЛАМЧЕВСКИ Стразбур - Зинедин Зидан во ексклузивното интервју за француската телевизија Канал + и ТФ1, во средата вечерта изјави дека ударот со главата во градите на Марко Матерцаи бил испровоциран ...

Зидан: „Ги навредуваше мајка ми и сестра ми“

Дневник - 14.07.2006

Сакам да ги научам моите деца да ги почитуваат сите луѓе, но дека и тие треба да бидат респектирани - вели Зидан, чија мајка неколку дека пред финалето била пренесена во болница „Ги навредуваше мајка ми и сестра ми и затоа така реагирав“, вели поранешниот најдобар фудбалер во светот, Французинот ...

Зидан во Македонија

Дневник - 14.07.2006

Истите кандидати за водење сериозни државни функции, во стилот на италијанскиот репрезентативец Матераци постојано го провоцираа својот Зидан, небаре ќе го принудат да ги загуби нервите и да го зададе фаталниот удар, запечатувајќи си ја на тој начин политичката кариера.Провокациите не успеаја.

Зидан се извини, но не жали

Вечер Прес - 14.07.2006

Капитенот на француската репрезентација, Зинедин Зидан во средата навечер преку францускиот телевизиски "Канал плус" и се извини на домашната спортска јавност, со цел да објасни зошто на неспортски начин реагирал во 110 минута од финалето на СП.

Зидан: Се извинувам, ама не жалам

А1 - 13.07.2006

Капитенот на француската фудбалска репрезентација Зинедин Зидан се извини затоа што во финалниот натпревар на Светскиот шампионат во Германија против Италија, со глава во градите удри противнички фудбалер. На прашањето што точно му рекол италијанскиот фудбалер Марко Матераци, триесет и четири ...

И покрај изјавата на Зидан цела Италија е зад Матераци

А1 - 13.07.2006

Италијанските фудбалски челници потврдија дека светската титула на нивната селекција нема да влијае на пресудата за четирите клуба вклучени во скандалот со наместени натпревари. Но, по трофејот на светското првенство сите на чизмата се зад Марко Матераци, без оглед на верзијата за инцидентот во ...

Француски адвокат бара финалето да биде поништено

А1 - 13.07.2006

Еден француски адвокат ќе поднесе барање до Суд за поништување на финалниот меч од светското фудбалско првенство, во кое Италија на пенали ја совлада Франција. Според адвокатот, ова барање се базира врз незаконското исклучување на францускиот капитен Зинедин Зидан, кое можеби влијаело врз крајниот ...

Техеран: Зидан е исламска гордост

Време - 13.07.2006

ИРАН Истакнат ирански пратеник го прогласи потегот на францускиот фудбалски ас Зинедин Зидан, кој за време на финалето на светското фудбалско првенство со глава го удри италијанскиот играч Матераци, за гордост на исламот, јави новинската агенција ИСНА.

ФИФА ќе поведе истрага за случајот „Зидан - Матераци“

Време - 13.07.2006

ФУДБАЛ ФИФА ќе почне дисциплинска постапка за случајот „Зидан - Матераци“, за да испита што се случило пред францускиот капитен Зинедин Зидан да го удри со глава италијанскиот репрезентативец Марко Матераци во финалето на Светското првенство, на 9 јули.

Зидан може да остане без Златната топка

Дневник - 13.07.2006

Капитенот на француската репрезентација Зинедин Зидан може да остане без трофејот наменет за најдобриот играч на Светското првенство во Германија, најави претседателот на ФИФА, Сеп Блатер. Дисциплинската комисија на ФИФА отвори постапка против Зидан за инцидентот на финалниот меч против Италија.

Зидан може да остане без признанието за најдобар фудбалер

А1 - 12.07.2006

Капитенот на репрезентацијата на Франција Зинедин Зидан може да остане без признанието за најдобар фудбалер на мундијалот, откако ФИФА најави истрага за околностите под кои тој беше исклучен на финалето. Зидан реши да го прекине молкот и вечерва во интервју за француската телевизија се очекува да ...

Матераци: Го навредив Зидан!

Време - 12.07.2006

ИТАЛИЈАНЕЦОТ ПРОЗБОРЕ, ФРАНЦУЗИНОТ СЕ УШТЕ МОЛЧИ Се почна кога го држев за дресот само неколку секунди. Се сврте кон мене, ме погледна од главата до петиците и со голема ароганција ми рече: „Ако навистина го сакаш мојот дрес, ќе ти го дадам по натпреварот“.

Прв пат со ТВ-снимка против најдобриот играч на СП

Утрински - 12.07.2006

ФИФА долго време се бори против воведувањето на снимките Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека капитенот на Франција добил црвен картон во финалето на СП, по интервенцијата на четвртиот судија, Шпанецот Луис Медина Канталехо.

Болна провокација што го налути Зидан

Утрински - 12.07.2006

„Мислиме дека Матераци го нарекол или терорист или син на харкис", изјави еден од роднините на Зидан Зинедин Зидан го удри со глава Италијанецот на финалниот натпревар на СП поради одвратна клевета за неговата болна мајка Малика, се тврдеше синоќа.

Матераци вели дека Зидан бил исклучително арогантен

Утрински - 12.07.2006

Дефанзивецот на Италија призна дека неговите деца доаѓале дома плачејќи бидејќи другарите им велеле дека татко им е чудовиште. Италијанскиот одбранбен играч Марко Матераци призна дека го навредил францускиот напаѓач Зинедин Зидан поради неговата исклучителна арогантност за време на финалето на СП, ...

Бразилци од усните на Италијанецот читаат: „Сестра ти е проститутка“

Дневник - 12.07.2006

Најдобриот фудбалер на Светско првенство во Германија, Французинот Зинедин Зидан, за неколку дена ќе излезе пред јавноста и ќе ги соопшти „магичните“ зборови што му ги упати италијанскиот репрезентативец Марко Матераци Најдобриот фудбалер на Светско првенство во Германија, Французинот Зинедин ...

Терорист или проститутка го испровоцира ЗиЗу

Вечер Прес - 12.07.2006

Засега се уште е тајна што му рече Италијанецот Марко Матераци на Зинедин Зидан, што толку многу го налути капитенот на Триколорите за да го удри со глава во градите и да биде исклучен во 110 минути од финалето на Светското првенство, во кое Азурите победија на пенали.

Матераци вели дека Зидан бил исклучително арогантен

А1 - 11.07.2006

Италијанскиот одбранбен играч Марко Матераци призна дека го навредил францускиот напаѓач Зинедин Зидан поради неговата исклучителна арогантност за време на финалето од светскиот куп во фудбал, објави денеска „Ла газета дело спорт“.

Матераци го нарекол Зидан „син на проститутка терорист“

А1 - 11.07.2006

Експерти за читање од усни тврдат дека италијанскиот репрезентативец Марко Матераци го навредил капитенот на француската репрезентација Зинедин Зидан нарекувајќи го „син на проститутка терорист “ „Сите знаеме дека ти си син на проститутка терорист“, биле зборовите упатени кон Зидан, тврдат ...

Матераци проговори за инцидентот со Зидан

А1 - 11.07.2006

Два дена по 18-тото мундијалско финале, проговори италијанскиот репрезентативец Марко Матераци за инцидентот со Зинедин Зидан. Матераци на медиумите им призна дека го навредил, според него, арогантниот Зидан. „Го држев неговиот дрес неколку секунди, а тој ме погледна од глава до пети и ми рече, ако ...

Матераци му рекол на Зидан - терорист?!

Време - 11.07.2006

НЕСЛАВЕН КРАЈ НА ГОЛЕМИОТ ФУДБАЛЕР ЗИНЕДИН ЗИДАН Што можеше толку да го изнервира Зинедин Зидан за така да изреагира на финалето? Ова е првото прашање што си го поставуваат секој фудбалски навивач, па дури и легендите на оваа игра, поранешните соиграчи и дел од актуелните.

Италија светски првак по четврти пат

Вест - 11.07.2006

ЗАВРШИ СВЕТСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО Италија си ја врати загубената слава со четвртата и тешко освоена мундијалска титула, истовремено, одвлекувајќи го вниманието од најголемиот скандал во историјата на италијанскиот фудбал. Фановите сла Италија си ја врати загубената слава со четвртата и тешко ...

Зидан е прогласен за најдобар фудбалер на СП 2006

Време - 11.07.2006

И ПОКРАЈ ЦРВЕНИОТ КАРТОН Трикратниот освојувач на наградата најдобар светски играч, Французинот Зинедин Зидан е прогласен за најдобар фудбалер на 18. Светско првенство во Германија, и покрај тоа што „триколорите“ го загубија финалето, а тој патем заработи исклучување на завчерашното затворање на ...

Италија четврти пат стана светски првак

Време - 11.07.2006

ФИНАЛЕ НА 18. СП ВО ГЕРМАНИЈА: ИТАЛИЈА - ФРАНЦИЈА 1-1 (5-3 НА ПЕНАЛИ) Златко Крстевски Италија е новиот светски фудбалски првак. По 24 години „аѕурите“ одново се искачија на врвот на фудбалскиот Монт Еверест, сега по победата над Франција со 5-3 на пенали (1-1 по 120 минути игра) во драматичното ...

Доменех: Матераци е играч на мечот

Време - 11.07.2006

ФРАНЦУСКИОТ СЕЛЕКТОР ГО БРАНИ ЗИДАН Зинедин Зидан, трикратниот најдобар светски фудбалер, светски и европски првак, замина на најлош начин во легендите - со исклучување. Зизу во 110. минута, по еден дуел со Марко Матераци и неколкуте разменети зборови, со глава го удри в гради италијанскиот ...

Pourquoi, Зидан, pourquoi?

Утрински - 11.07.2006

Лошиот гест на Зидан и црвениот картон не наидуваат на разбирање кај францускиот печат, ниту кај Французите Од нашиот дописник Тони Гламчевски Стразбур - Солзи и многу жалење за пропуштеното. Насловната страница на „Франс суар" без ниту еден збор, освен фотографијата на една млада девојка во солзи ...

Италија го освои фудбалскиот Олимп

Утрински - 11.07.2006

За новиот првак одлучуваа пеналите. Промаши Трезеге, а јунак повторно беше Гросо Историјата се повторува со ѓаволска точност! По цели 24 години по последната светска титула Италија повторно ликува. И повторно во Европа по големиот скандал за корупција и местење натпревари во домашното првенство.

„Златната топка", сепак, за Зидан

Утрински - 11.07.2006

Иако, малку кој очекуваше дека играчот чиј последен потег во величенствената кариера беше удирање со глава на дефанзивецот на Италија, Матераци, ќе биде прогласен за најдобар фудбалер на СП, токму тоа се случи. Имено, новинарите кои гласаа за нај играч одлучија да му прогледаат низ прсти на ...

Момент на лудило на големиот Зидан

Утрински - 11.07.2006

По 108 меча и 31 гол во дресот на националната селекција Зидан се прости на најлош начин Требаше тоа да биде негово првенство. Простување од фудбалската кариера какво што само може да се посака. Меѓународната фудбалска федерација го прогласи за играч број еден на турнирот, но моментот на „лудило" ...

Матераци го нарекол Зидан терорист

Утрински - 11.07.2006

Францускиот телевизиски канал „Ел Се И" во текот на вчерашниот ден ја разоткри главната причина поради која најдобриот фудбалер на Франција Зинедин Зидан по кратката вербална пресметка со дефанзивецот на Италија Марко Матераци во 109 минута, едноставно речено излезе од контрола и со глава во ...

Што му рече Матераци на Зидан?

Утрински - 11.07.2006

„Индепендент" потстетува на грубоста на Зидан на мечот со Саудиска Арабија во Марсеј во 1998 година Од нашиот дописник ТОМИСЛАВ ИВАНОВСКИ ЛОНДОН - Британски медиуми се едногласни во оценката дека инцидентот меѓу италијанскиот одбранбенн играч Матераци и француската ѕвезда Зидан, во финишот на ...

Пенал-рулетот ги качи Аѕурите на врвот

Дневник - 11.07.2006

Италија ја освои 4. титула светски шампион откако по 120 минути надмудрување со Франција завршија без победник (1-1), а во пенал-серијата промаши Трезеге Италија е новиот светски фудбалски првак. “Римското царство” по 4. пат владее со светскиот фудбал, откако по едномесечната борба “аѕурите” ...

Зидан му донесе 23 милиони евра на „Адидас“

Дневник - 11.07.2006

Продажбата на дресовите на француската репрезентација со името и бројот на Зинедин Зидан му донесе дополнителни 23 милиони евра заработка на “Адидас”, компанијата за спортска опрема која е долгогодишен официјален спонзор на “триколорите”.

Исклучувањето не му ја зеде титулата најдобар

Дневник - 11.07.2006

Иако не успеа да го крене победничкиот трофеј, Зинедин Зидан е прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Германија. Во гласањето на медиумите популарниот Зизу доби 2.012 гласови и за малку го победи капитенот на Италија, Фабио Канаваро, кој на крајот собра 1.977 гласови.

Расистичка навреда или обвинување за допинг го разлутило Зизу

Дневник - 11.07.2006

Некоректниот потег не го забележаа ниту еден од тројцата судии што беа на теренот Еден од најдобрите фудбалери во историјата на најважната споредна работа на светот, Зинедин Зидан, зацрвенет ја заврши кариерата. Иако во 12-годишната репрезентативна кариера (108 меча) имаше многу блескави моменти, ...

Матераци го нарече Зидан терорист

Вечер Прес - 11.07.2006

Најголем трагичар на финалниот натпревар помеѓу Италија и Франција е Зинедин Зидан, кој во 110 минута доби црвен картон откако намерно го удри Марко Матераци со глава во градниот кош. Тажен крај за еден од најголемите играчи во историјата на фудбалската игра.

Златната топка за Зидан

Вечер Прес - 11.07.2006

За најдобар играч на 18. Светско фудбалско првенство е прогласен францускиот репрезентативец Зинедин Зидан. Иако беше исклучен во финалето на Мундијалот, Зидан од страна на новинарите кои го следеа турнирот доби 2012 гласови и ја освои "Златната топка", пред второпласираниот член на шампионскиот ...

Дарко Панчев: Убавината во фудбалот го губи сјајот

А1 - 10.07.2006

„Сметам дека репрезентацијата на Германија ќе биде во наредните четири години таа што ќе доминира“, изјави во интервјуто за А1 Дарко Панчев, поранешен фудбалер. Македонскиот фудбалер на векот за текот на светското првенство во фудбал, смета ли дека изненадување е шампионската титула на Италија? Па ...

Липи ја пронајде комбинацијата за 25 дуели без пораз

А1 - 10.07.2006

Како во римско царство, Италија слави во својата престолнина која во овие моменти еуфоријата ја продолжија дома. 24-години аѕурите ја сонуваа драгоценоста на трофејот Жил Риме што го поседува само светскиот фудбалски шампион.

Зидан најдобар играч на Мундијалот 2006

А1 - 10.07.2006

Зинедин Зидан, капитенот на француската репрезентација е прогласен за најдобар играч на Светското фудбалско првенство Германија 2006. Ова денеска го соопшти Светската фудбалска федерација ФИФА, која го одбра Зидан без оглед на црвениот картон што го доби вчера во финалниот натпревар меѓу Франција и ...

Италија е светски фудбалски првак

А1 - 10.07.2006

Италија ја освои титулата светски првак во фудбал откако синоќа во Берлин во финалето ја совлада Франција по изведувањето пенали со 5-3. По регуларните 90 минути натпреварот заврши 1-1, а стрелци на головите беа Матераци во 19 за Италија и Зидан во 7 минута од пенал за Франција.

Зидан во олстар-тимот на пушачи!

Време - 10.07.2006

НЕОБИЧЕН ТИМ Во здраво тело - здрав дух. Уште од старите Грци, па наваму, со оваа девиза му се полни главата на секој спортист. Дали баш сите го послушале советот на своите учители? Два дена пред полуфиналето фоторепортерите го фатиле насмеан, со цигара во устата.