TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

СФОР уапси близок соработник на Младиќ

А1 - 23.07.2004

Силите на НАТО за стабилизација во Босна и Херцеговина (СФОР) утрово во неговиот стан во Бјелина го уапсија Рајко Бандука, кој одржувал тесни врски со поранешниот командант на Војската на босанските Срби Ратко Младиќ, соопштија локалните медиуми.

Ратко Младиќ нема доброволно да се предаде

Дневник - 22.07.2004

СРПСКИ весник тврди Поранешниот генерал на војската на Република Српска Ратко Младиќ не ни размислува доброволно да му се предаде на Хашкиот суд, јави МИА. Белградскиот весник "Блиц", повикувајќи се на анонимен функционер од српската влада, тврди дека Белград преку посредници веќе неколку дена ...

Неуспешна акција за апсење на Караџиќ и Младиќ

А1 - 21.07.2004

Без успех заврши денешната операција на полицијата на Република Српска во реонот на источна Херцеговина.за апсење на „лица по кои е распишана хашка потерница“, соопштија официјални извори во Требиње. Според локалниот Центар за јавна безбедност, акцијата во која биле вклучени околу 200 полицајци ...

Блиц: „Владата на Србија преку посредници разговара со Младиќ“

А1 - 21.07.2004

Поранешниот началник на Генералштабот на војската на Република Српска Ратко Младиќ порачува дека не размислува доброволно да се предаде, објави белградскиот весник „Блиц“, повикувајќи се на висок функционер од српската Влада кој побарал да остане анонимен.

Србија ќе го уапси Младиќ и ќе го прати во Хаг

Дневник - 21.07.2004

ВЕТУВАЊЕ НА СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Претседателот на Србија Борис Тадиќ прексиноќа изјави дека Србија ќе соработува со Хашкиот суд и оти клучен фактор во таа соработка ќе бидат апсењето на поранешниот генерал на војската на Република Српска Ратко Младиќ и неговото испорачување на Хашкиот суд, јави МИА.

Америка ќе ги трампи другите обвиниети за Младиќ

Утрински - 21.07.2004

САД и понудија на Србија договор околу фаќањето и судењето на воените злосторници Доколку Србија го предаде Младиќ на Хаг, во замена ќе добие дозвола таа да им суди на други обвинети ВАШИНГТОН - Соединетите Американски Држави во понеделникот му понудија договор на новиот претседател на Србија да го ...

Тадиќ: „Ќе го уапсиме Младиќ и ќе го пратиме во Хаг“

А1 - 20.07.2004

Претседателот на Србија Борис Тадиќ изјави синоќа дека Србија ќе соработува со Хашкиот трибунал и оти клучен фактор во таа соработка претставува поранешниот лидер на босанските Срби Ратко Младиќ. Тадиќ во интервјуто за американската телевизија CNN прецизираше дека Србија без соменвање сака да ...

САД на Тадиќ му понудија договор за израчување на Младиќ

А1 - 20.07.2004

САД на новиот претседател на Србија Борис Тадиќ му понудија договор за израчување на поранешниот воен лидер на босанските Срби Ратко Младиќ на Хашкиот трибунал во замена за можноста за судење на некои осомничени воени злосторници во Србија.

Србија преговара со Младиќ

Време - 20.07.2004

НЕДЕЛНИК „ТАЈМ“ ТВРДИ Српската влада тајно преговара со поранешниот воен командант на босанските Срби Ратко Младиќ да му даде финансиска помош за одбрана пред Хашкиот трибунал во замена за негово предавање, тврди американското списание „Тајм“.

Белград го убедува Младиќ да му се предаде на Хаг

Дневник - 20.07.2004

АМЕРИКАНСКО СПИСАНИЕ ТВРДИ Српската влада му ветила на Ратко Младиќ финансиска помош за одбрана пред Хашкиот суд, ако тој доброволно му се предаде на Хаг, тврди американското списание "Тајм", јави МИА Магазинот, повикувајќи се на извори во српската влада, пишува дека Белград преговара со ...

Тајм: „Српската Влада преговара за предавање на Младиќ“

А1 - 19.07.2004

Српската Влада во тајни преговори му ветила на Ратко Младиќ финансиска помош за одбрана пред Хашкиот трибунал во замена за негово предавање, тврди американското списание „Тајм“. Во бројот што ќе биде издаден на 26 јули, во написот под наслов „Лов и убедување“, повикувајќи се на неименуван висок ...

Караџиќ и Младиќ сакаат да се засолнат во Русија

А1 - 19.07.2004

Поранешните лидери на босанските Срби, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ неодамна од своите националистички сојузници во Русија побарале помош да се засолнат во таа држава, тврдат западните агенции, повикувајќи се на извор во српската влада.