TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Неготинските лозари се уште ги чекаат парите за грозјето

А1 - 14.05.2006

Неготинските лозари без пари за предаденото грозје. Некој од нив велат дека освен што не можат да работат на нива, тие едвај и преживуваат. Секојдневно се борат за гола живеачка. „Ништо нема. Што да јадеме? Компири? Ни компири не можеме да си купиме.

Лозарите блокираа шлепери со вино за Словенија

Дневник - 13.05.2006

Незадоволните лозари од Неготинско вчера не дозволија излез од „Повардарие“ на два шлепера натоварени со по 25 тони вино за Словенија. Превозниците залудно разговараа по мобилен со газдата од Америка, лозарите што си ги бараат своите пари за грозјето не попуштија.

Неготинските лозари очекуваат конкретна владина помош за исплата на грозјето

А1 - 11.05.2006

Неготинските лозари очекуваат конкретна владина помош за исплата на парите за грозјето, а не само на збор бидејќи во државата пари има. Откако излегоа на протест, масовно здружени сите лозари, со поддршката која ја добија, го премислија Премиерот.

Лозарите немоќни да ги почнат редовните земјоделски активности

А1 - 10.05.2006

Во неготинско најголем дел од лозјата, иако почнаа земјоделските работи, седат неизорани. Лозарите без пари, немоќни да ги почнат редовните земјоделски активности. Во посета на Тиквешијата денес беше премиерот Бучковски. Иако мина крај тиквешките полиња, не успеа да ги забележи необработените ...

Или исплата на грозјето или блокада на Неготино

Време - 10.05.2006

ЛОЗАРИТЕ СО НОВИ ЗАКАНИ Лозарите од Неготино се заканија дека ако во рок од три дена Владата не ги прифати нивните барања, целосно ќе го парализираат градот. Децата нема да одат на училиште, ќе се затворат дуќаните и ќе се блокираат сите приоди кон општината и на автопатот.

За лозарите се бара помош и од американската амбасада

Дневник - 10.05.2006

Советот на Општината Неготино вчера ја поддржа идејата на лозарите Владата со пари од државните резерви да им ги плати грозјето што во минатата година го предадоа во „Повардарие“. Советниците бараат и надлежните државни органи да извршат контрола на работењето на винарската визба, а „Повардарие“ да ...

Советот на Неготино ја поштеди власта од одговорност пред лозарите

А1 - 09.05.2006

По седум месеци чекање, советниците од општинскиот совет вчера на итна седницасе зафатија со решавање на проблемот на неготинските лозари и веднаш со одбрана на власта - не може Владата да помогне. „И тогаш и сега велам: не можам да одам на барикадите пред капијата на „Повардарие“ бидејќи ...

Лозарите бараат пари за грозјето од државните резерви

Дневник - 09.05.2006

Ако за три дена не ги добијат парите за ланското грозје што го предадоа во „Повардарие“, лозарите од Неготино ќе преземат порадикални мерки. Овој ултиматум тие вчера и' го поставија на Владата. Лозарите писмено побараа од премиерот Владо Бучковски да издвои 1,8 милион евра од државните резерви за ...

Неготинските лозари на протести пред „Повардарие“

А1 - 08.05.2006

Неготинските трактори наместо да ораат лозја, денеска седеа на блокадите пред винарската визба „Повардарие“. Неготинските лозари масовно протестираа внатре во кругот на визбата. На протестот го повикаа и Велија Рамковски. „Во моментов на жиро-сметка, но во странски банки, има милијарда и пол ...

Протести на лозарите во Кавадарци

Канал5 - 08.05.2006

Уморни од чекање да ги добијат парите од „Тиквеш“ за грозјето што го предадоа пред неколку месеци лозарите во Кавадарци излегоа на протест. Доста им било од игнорирање и потценување, пет до дванаесет е, велат за да кажеме дека сме свесни оти сме изманипулирани, излажани и искористени.