TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Русевски се радуваше и на Мерцедес опен

А1 - 17.06.2007

Предраг Русевски ја продолжи успешната серија триумфи на ИТФ фјучерс тениските турнири. Славеше на седми пат сезонава, двапати по ред во Скопје. Победник е на Мерцедес опен. Во завршната пресметка како и пред една недела беше подобар со 2:0 од бугаринот Ивајло Трајков.

Русевски и Магдинчев во дубл го освоија Мерцедес Опен

А1 - 16.06.2007

Нашите Дејвис куп репрезентативци Предраг Русевски и Лазар Магдинчев во дубл го освоија тенискиот Фјучерс Мерцедес Опен во Скопје, а Русевски како прв фаворит во сингл обезбеди финале против Бугаринот Ивајло Трајков. Најголемите фаворити на турнирот во дубл Русевски и Магдинчев денеска на ...

Мартиновски заврши со настапот

Дневник - 16.06.2007

Македонија остана со еден претставник во сингл на вториот фјучрс турнир што се одржува во Скопје на терените на ТК Југ. Вчера Илија Мартиноски загуби во четврт-финалето од Давид Савиќ со 5-7, 7-5, 4-6. Русевски кој е 1. носител вчера попладне играше против Бугаринот Јордан Канев (7.

Мартиноски запрен во Скопје по голема борба

Утрински - 16.06.2007

Најпријатното изненадување на тенискиот фјучерс од 10.000 американски долари во Скопје, Илија Мартиноски, потклекна по голема борба во четврт-финалето против петтиот носител Давид Савиќ (662.) од Србија. Најдобриот македонски јуниор речиси четири часа „војуваше“ со Србинот на црвеницата на Југ пред ...

Мартиноски запрен во четврт-финалето

Вест - 16.06.2007

ТЕНИС - МЕРЦЕДЕС ОПЕН Петтиот носител Давид Савиќ славеше со 7:5, 5:7, 6:4 над Илија Мартиноски во четврт-финалето на фјучерс турнирот Мерцедес опен, што се одржува на терените на ТК Југ во Скопје. Седумнаесетгодишниот Мартиноски во претходното коло го елиминираше третиот носител Лазар Магдинчев.

Русевски во полуфиналето на ИТФ

А1 - 15.06.2007

Нашиот најдобар тенисер Предраг Русевски ќе биде единствен македонски претставник во полуфиналето на ИТФ, Фјучерс турнирот Мерцедес Опен, што неделава се одржува на терените на Југ во Скопје. Предраг Русевски е на добар пат да го освои седмиот фјучерс трофеј во осмиот настап годинава.

Мартиноски го елиминира Магдинчев во Скопје!

Утрински - 15.06.2007

Најдобриот македонски јуниор Илија Мартиноски го приреди најголемото изненадување во второто коло на тенискиот фјучерс „Мерцедес опен 2007“ во Скопје, со награден фонд од 10.000 американски долари, елиминирајќи го третиот носител Лазар Магдинчев (525. на АТП-листата) со 7-5, 6-4.

Русевски и Мартиноски обезбедија четвртфинале

А1 - 14.06.2007

Двајца македонки тенисери ќе играат во 1/4-финалето на Фјучрс турнирот што се одржува на терените на клубот Југ во градскиот парк. Првиот носител Предраг Русевски кој заедно со Лазар Магдинчев обезбеди место меѓу 4-те најдобри двојки и нашата тениска надеж Илија Мартиноски.

Русевски го совлада Мектиќ на Мерцедес опен

А1 - 13.06.2007

На Мерцедес опен тенискиот фјучерс турнир во Скопје, денеска комплетирано стартното коло. Првата пречка на терените на Југ во градскиот парк, ја минаа тројца македонски играчи, кои утре ќе продолжат со настапите во наредната рунда.

Русевски стартува против Мектиќ

Утрински - 13.06.2007

Првиот носител Предраг Русевски, кој беше 351. на АТП-листата кога се затвори списокот на учесници на тенискиот фјучерс „Мерцедес опен 2007“ во Скопје, својот настап треба да го почне денеска против Никола Мектиќ (1006.) од Хрватска. Третиот носител Лазар Магдинчев (521.

Русевски повторно прв фаворит

Вест - 12.06.2007

ТЕНИС - МЕРЦЕДЕС БЕНЦ ОПЕН По пауза од седум години во Македонија ќе се одржат два фјучерс тениски турнири, и тоа во рок од само две недели. Веднаш по завршувањето на Стопанска банка опен, денеска почнува главниот дел од турнирот Мерцедес бенц опен, кој, исто така, ќе се одржи на терените на ТК Југ ...

Можно е македонско финале

Дневник - 12.06.2007

Македонскиот тенисер Предраг Русевски е прв фаворит на „Мерцедес опен 2007“ фјучерс-турнирот, кој од денеска до крајот на неделава ќе се игра во Скопје. По пауза од 7 години, лани се одржа првиот ваков турнир на терените на „Југ“, а со годинашниов турнир се најавува дека тој ќе стане традиционален.

Русевски сонува Грен Слем

Вечер Прес - 12.06.2007

Тој моментно е меѓу 250-то и 270-то место на АТП листата во поединечна конкуренција, но негов најголем предизвик е влезот во првите 100 на АТП листата Предраг Русевски епитетот најдобар македонски тенисер во моментот го потврди со победата на Фјучерс турнирот Стопанска Банка Опен.

Русевски фаворит на Мерцедес опен

А1 - 11.06.2007

Мерцедес опен е вториот по ред Фјучерс што ќе го предизвика вниманието на тениската јавност оваа недела. Во речиси идентична конкуренција на 32-ца тенисери, како и на претходниот Фјучерс во Скопје, нашиот Предраг Русевски е најголем фаворит за титулата, нови 12 АТП бодови и парична награда од 1.120 ...

Русевски го освои ИТФ- турнирот во Скопје

Утрински - 11.06.2007

Македонскиот тенисер Предраг Русевски го освои ИТФ фјучерсот "Стопанска банка" кој вчера заврши во Скопје. Русевски во финалето го совлада Бугаринот Ивајло Трајков со 2:0 во сетови (6:3, 6:4) и стигна до вредната парична награда која ја обезбеди главниот спонзор на турнирот Стопанска банка.

Пецко без загубен сет до трофејот

Вест - 11.06.2007

ТЕНИС - СТОПАНСКА БАНКА ОПЕН Првиот носител Предраг Русевски го освои фјучерс турнирот Стопанска банка опен, откако во вчерашното финале го совлада бугарскиот тенисер Ивајло Трајков со 6:3, 6:4. Најдобриот македонски тенисер во моментов стигна до пехарот без загубен сет во петте дуели.

Русевски му се одмазди на Трајков

Вечер Прес - 11.06.2007

Во финалето тој успеа првпат да го победи Бугаринот со 6:3, 6:4 во нивната четврта меѓусебна средба и да ја освои шестата титула година, четврта во низа Најдобриот македонски тенисе Предраг Русевски триумфираше на Фјучарс турнирот Стопанска банка Опен вреден 10.000 долари.