TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во Сингапур над 2.400 лица ставени во карантин заради САРС

А1 - 20.04.2003

Над 2.400 лица кои купувале на еден пазар во Сингапур се ставени во десетдневен карантин поради соменение дека биле изложени на вирусот САРС, соопштија денеска локалните власти. Пазарот на големо што обезбедува 70% од зеленчукот за овој град-држава, е затворен вчера откако кај еден од вработените е ...

Нови 12 смртни случаи од САРС

А1 - 19.04.2003

Во Хонгконг се регистрирани нови 12 смртни случаи од атипичната пневмонија САРС, како и уште 31 новозаболени лица од таа заразна болест. Како што соопштија денеска локалните власти, вкупно 81 лице починале од САРС во овој повеќемилионски град во Југоисточна Азија, во кој болеста се појави пред шест ...

300 души во карантин поради САРС во Квебек

Вест - 19.04.2003

Монтреал, 19 април - Околу 300 луѓе во канадската провинција Квебек се ставени во карантин затоа што за време на еден конгрес во Монтреал биле во контакт со лице кај кое се појавиле симптоми на "тешкиот акутен респираторен синдром" (САРС), соопштија здравствените власти во Монтреал.

300 лица ставени во карантин поради закана од САРС

А1 - 18.04.2003

Околу 300 луѓе во канадската провинција Квебек се ставени во карантин затоа што за време на еден конгрес во Монтреал биле во контакт со лице кај кое се појавиле симптоми на САРС, соопштија канадските здравствени власти. Се стравува дека велигденскиот викенд би можел да придонесе за ширење на САРС ...

Сомневања за САРС и во Албанија

А1 - 18.04.2003

Седум Албанци и пет Кинези се под силна болничка контрола во Тирана, поради медицински испитувања за евентуално присуство на вирусот САРС, извести денеска албанското Министерство за здравство. Лицата престојувале во подрачја во Кина загрозени од овој атипичен вирус, поради што албанските ...

САРС е нов вирус, природно настанат

Вест - 17.04.2003

ЛОНДОН, 17 април (АП) - Здравствените научници го потврдија идентитетот на вирусот кој го предизвикува САРС-от кој првпат се појави во Азија. Во експериментите, коишто биле изведени во Универзитетот "Ерасмус" во Ротердам, Холандија, научниците ги инфицирале мајмуните со короновирусот за којшто се ...

Експерти на СЗО посетија кинески воени болници

Утрински - 17.04.2003

За да помогнат во справувањето со смртоносниот вирус САРС ПЕКИНГ - Експерти на Светската здравствена организација, кои го испитуваат вирусот САРС во епицентарот во Кина, посетија две воени болници, додека владата презема мерки согласно со притисокот да биде поотворена околу оваа смртоносна болест.

Откриен причинителот на САРС

А1 - 16.04.2003

„Новиот патоген агенс, коронавирус никогаш што досега не бил откриен кај човекот, е причина за тешката атипична пневмонија САРС“, соопшти денеска Светската здравствена организација. Тоа е потврдено со анализите направени во 13 лаборатории во 10 земји.

Кина со репка се бори против САРС

Вест - 16.04.2003

ПЕКИНГ (Ројтерс) - Многумина во главниот град на Кина веруваат дека репката е вистинскиот лек против САРС-от. Поради ова во Пекинг нагло пораснаа цените на репките кои се користат како главна состојка во напитокот кој се зема за превентива од смртоносната атипична пневмонија.

Над 62.000 грипосани во Хрватска

А1 - 15.04.2003

Над 62.000 лица во Хрватска за заболени од грип, но во земјата нема регистрирано случај на САРС, официјално е соопштено денеска во Загреб. Претставници на Хрватскиот завод за јавно здравство соопштија дека кај ниту еден од регистрирани болни од грип нема сомневање за присуство на тешкиот ...

Свештениците не исповедаат

Дневник - 15.04.2003

поради САРС Католичките свештеници во Сингапур престанаа со поединечно исповедување на верниците поради страв од зараза со атипичната пневмонија (САРС). Со одобрение на Ватикан, свештениците дотогаш ќе даваат групни простувања на гревовите на тие што ќе го побараат тоа.

САРС дневно убива над 10 лица

Вест - 14.04.2003

ХОНГ КОНГ , 14 април, (Ројтерс) - Властите во Хонг Конг сопштија дека од респираторниот вирус САРС починале уште пет лица, а нови 42 се заболени. Со тоа, бројката на инфицирани пациенти во Хонг Конг се искачи на 1.150. Мистериозната пневмонија досега само во Хонг Конг уби над 40 лица.

Нови 13 случаи на САРС во Канада

Дневник - 14.04.2003

МИСТЕРИОЗНАТА ПНЕВМОНИЈА НЕ ЗАПИРА Во Канада се регистрирани нови 13 случаи на атипичниот респираторен синдром САРС, со што во таа земја има 266 заболени од оваа мистериозна и смртоносна болест, јави МИА. Најмногу нови случаи се регистрирани во провинцијата Онтарио.