Вежбите на НАТО во Грузија не придонесуваат за обновување на односите меѓу Русија и САД, изјави рускиот премиер Владимир Путин, во денешното интервју за јапонските медиуми.
Грузиската опозиција за денеска попладне најавува голем протест во Тбилиси, откако пропаднаа преговорите со владата, јавуваат медиумите.
Додик додаде дека е против секакво учество на босанските војници во вежбите во Грузија и оти за него е најважно одржувањето на добрите односи на Република Српска со Русија Премиерот на Република Српска, ...
Грузија повторно е сведок на политички тензии по судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Тбилиси на стартот од контроверзните воени вежби на НАТО, кои ја разгневија соседна Русија.
Според грузиското МВР во безредијата што избија во Тбилиси се повредени 29 лица, а шестмина од нив се полицајци Во најголемата болница во Тбилиси прексиноќа се примени 17 активисти на опозицијата, повредени во ...
Во Грузија вчера почнаа едномесечните воени вежби на НАТО, кои Русија ги оцени како отворена провокација. Односите меѓу НАТО и Русија дополнително се влошија по одлуката на руските власти да протераат двајца ...
Првите воени единици со 212 војници од земјите членки и НАТО и нивните држави-партнери пристигнаа во грузиската воена база Визиани, каде ќе учествуваат во маневрите на Алијансата.
Грузиските власти вчера соопштиле дека успеале на мирен начин да го спречат обидот за воен удар, кој бил организиран во воената база Мухровани, од страна на тамошниот тенковски баталјон.
Хеликоптери и колони воени транспортери на грузиската војска се упатиле денеска кон воената база Мухровани, каде што утрината тенковскиот баталјон одби да извршува наредби, јавуваат очевидци.
Бунтот во воената база во Грузија е „сериозна закана“, но во моментот тој е под контрола, изјави грузискиот претседател Михаил Саакашвили.
Грузиските власти денеска ја обвинија Русија дека се обидела да организира воен удар во Грузија, откако припадници на тенковскиот баталјон на грузиската војска денеска одбија да исполнуваат команди.