TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонија се уште нема амбасадор во Кина

А1 - 17.04.2005

Што прави македонската дипломатија во време на студена војна објавена од страна на Грција? Грчкото лобирање и дипломатска офанзива за името се засилува. Грција ќе работи на неколку фронта. Не само што се пишуваат писма до американскиот претседател, се купуваат борбени авиони за да се докаже ...

Ќе биде тешко, но ќе победиме!

Време - 16.04.2005

БУЧКОВСКИ ЗА СПОРОТ СО ИМЕТО Премиерот Владо Бучковски вчера ја пофали иницијативата на Групата на зелените, кои пред Европскиот парламент завчера поднесоа амандман да се признае уставното име на Македонија. - Европскиот парламент почесто ќе биде сведок на вакви иницијативи, какви што завчера ...

Солана не не притиска за името

Утрински - 16.04.2005

Според премиерот Владо Бучковски „Солана не врши притисок врз Македонија и нема амбиција да кажува во кој правец ќе оди решението на спорот околу името со Грција" - изјави вчера премиерот Владо Бучковски пред новинарите во врска со неговата последна средба во Брисел со високиот претставник за ...

Илоски нов потпретседател на СДСМ

Утрински - 16.04.2005

Промени во СДСМ Илија Илоски ќе ја прифати евентуалната понуда за испразнетото потпретседателско место во СДСМ. Актуелниот директор на Царинската управа, Илоски, вели дека досега не добил официјална понуда да биде именуван за еден од тројцата потпретседатели на најголемата владејачка партија, но ...

Бучковски ќе го екипира партискиот врв

Дневник - 16.04.2005

ПРОМЕНИ ВО сдсм Најдоцна до средина на мај Централниот одбор на СДСМ ќе избере нови функционери во најтесниот партиски врв, дознава "Дневник". Според информациите, прво ќе следи пополнувањето на две упразнети места во партиското Претседателство по заминувањето на Елеонора Петрова на амбасадорската ...

Бучковски: „Борбата за името ќе биде тешка, но ќе победиме“

А1 - 15.04.2005

За Бучковски не е пораз вчерашното отфрлање на амандманите на зелените за употреба на уставното име во европскиот парламент. Се почесто членовите на парламентот ќе бидат сведоци на вакви иницијативи, вели Бучковски. Тој денеска најави нова дипломатска тактика.

Бучковски не прифаќа делегитимизација на власта

А1 - 15.04.2005

Социјалдемократскиот сојуз извлече максимум од локалните избори, лидерот Бучковски кој овие избори ги најави како прв тест за новата функција е задоволен од учинокот. Очекувано е за секоја владеачка партија на средината на мандатот да нема позиција на фаворит, вели Бучковски и не прифаќа дека ...

Премиерот владо бучковски е оптимист дека македонија ќе излезе како победник во дипломатската војна со грција

Канал5 - 15.04.2005

За премиерот не е пораз вчерашното отфрлање во европскиот парламент на амандманот на групата на зелените, во кој беше побарано унијата да го признае уставното име на република македонија.. Според бучковски, не може да се очекува дека европарламентот ќе ст За премиерот не е пораз вчерашното отфрлање ...

Бучковски го форсира Илоски за потпретседател во СДСМ

А1 - 14.04.2005

Формалното единство кое раководството на СДСМ го манифестираше на локалните избори по конгресниот потрес и разединувањето на првите тројца партиски луѓе Бучковски, Поповски и Шеќеринска, уште еднаш е доведено во прашање, со најавите дека лидерот Бучковски е подготвен Ило Илоски да го постави за ...

Напредок на патот кон НАТО

Време - 14.04.2005

СРЕДБА БУЧКОВСКИ-ШЕФЕР Македонија напредува во одбраната на патот кон НАТО и продолжува активно да учествува во мировни операции, оценија на вчерашната средба во Брисел македонскиот премиер Владо Бучковски и генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер, јавува МИА.

Фаворити Илоски и Ивановски

Време - 14.04.2005

СДСМ бира нов потпретседател Игор Ивановски, советник на претседателот Бранко Црвенковски, и Илија Илоски, директор на Царинската управа, се меѓу посериозните кандидати за нов потпретседател на СДСМ. Еден од нив има шанси да го заземе потпретседателското место, откако Владо Бучковски стана лидер на ...

ЕУ се вмешува во проблемот со името на Македонија?

Утрински - 14.04.2005

Дали изјавата на Хавиер Солана навестува лоши сигнали од Брисел Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, изјави вчера дека е запозна со предлогот на Метју Нимиц за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција за името и дека очекува тој да има продолжение.

Шефер знае за предлогот на Нимиц и очекува да продолжат разговорите

Утрински - 14.04.2005

Спорот со Грција за името влезе и во НАТО Шефер не е запознат со никакви грчки закани дека Атина ќе го блокира приемот на Македонија во НАТО Брисел - Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, изјави вчера дека е запозна со предлогот на Метју Нимиц за решавање на спорот меѓу Македонија и ...

Брисел бара брзо да се реши спорот за името

Дневник - 14.04.2005

ШТО МУ ПОРАЧАА ЕУ И НАТО НА БУЧКОВСКИ ЕУ и НАТО овој пат и прогледаа низ прсти на Македонија за изборите и побараа што побрзо да го реши проблемот со Грција. Премиерот Владо Бучковски во Брисел цврсто ветил дека грешките нема да се повторат и дека на парламентарните избори во 2006 година Македонија ...

НАТО загрижен за нерегуларностите на локалните избори

А1 - 13.04.2005

НАТО е загрижен за нерегуларностите на локалните избори и истите ќе бидат простени само ако тие во иднина не се повторат. На земја која претендира за членство во НАТО несмеат да и се случуваат такви инциденти, му порача денеска генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер на премиерот Бучковски.

НАТО омекна со оцената за изборите

Утрински - 13.04.2005

Владо Бучковски на разговори во Брисел ОД НАШИОТ ИЗВЕСТУВАЧ СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА БРИСЕЛ: - Средбата со Солана беше последна од вчерашната агенда на Бучковски во Брисел, кој утрото разговараше со командантот на здружените сили на Алијансата за Европа, Џемс Џонс, и имаше брифинг во воената команда ...

Солана очекува решение за името за неколку месеци

Утрински - 13.04.2005

Невообичаени пораки на високиот претставник на ЕУ На Брисел му се брза да го затвори случајот со името по долгите години преговори Од нашиот известувач Слободанка Јовановска Брисел - Изјавата на високиот претставник за надворешна политика, Хавиер Солана, вчера Ј фрли мала сенка на посетата на ...

Солана: „Мора да се најде итно решение за името“

А1 - 12.04.2005

Метју Нимиц не треба да биде разочаран од македонското одбивање на последниот предлог за името, тоа беше добар обид без конкретен резултат, а ние остануваме да бараме заедничко прифатливо решение, изјави по средбата со Хавиер Солана премиерот Владо Бучковски.

Бучковски ќе вети нови закони за подобри избори

Време - 12.04.2005

ДЕНЕСКА И УТРЕ ВО БРИСЕЛ Реформи во изборното законодавство и завршување на сите постапки против предизвикувачите на инцидентите и нерегуларностите на изборите ќе најави македонскиот премиер Владо Бучковски на средбите со челниците на ЕУ и на НАТО денеска и утре во Брисел.

Ја поправивме оцената за изборите

Време - 12.04.2005

ПРЕМИЕРОТ ЗАДОВОЛЕН ОД гласањето Во споредба со првиот и со вториот круг, третото продолжение од локалните избори е урнек како Македонија треба да организира избори. Немавме ниту еден инцидент и покажавме дека можеме да ги исполниме сите демократски стандарди за една држава што се стреми да биде ...

Лошата порака на премиерот

Утрински - 12.04.2005

Оливера Војновска Премиерот Владо Бучковски во неделата не се појави на избирачкото место, а единствената причина поради која го игнорираше гласањето за новиот градоначалник на Скопје е тоа што СДСМ една недела претходно заклучи дека за нив изборите во главниот град се завршена работа.

Бучковски: Македонија покажа дека знае да организира избори

Утрински - 12.04.2005

Премиерот за неделното гласање за новите градоначалници Сметам дека третиот изборен круг беше урнек како Македонија понатаму треба да организира избори "Сметам дека третиот изборен круг, во споредба со првиот и вториот, беше урнек како понатаму Македонија треба да организира избори.

"Ако гласав, опозицијата ќе беше дополнително нервозна"

Дневник - 12.04.2005

БУЧКОВСКИ Ако Владо Бучковски или некој од првенците на СДСМ гласаше, ќе имаше дополнителна нервоза и страхување кај опозицијата дека има резервно сценарио - објасни премиерот Владо Бучковски зошто завчера не гласал на изборите за скопски градоначалник.

Бучковски: Последниот круг урнек како треба да се организираат избори

А1 - 11.04.2005

Премиерот очекува третиот изборен круг, кој поминал без инциденти, да ја ублажи лошата оценка што Македонија ја доби од меѓународните претставници за гласањето во март. Иако гласале повеќе од 650 илјади избирачи, и тоа токму на критичните гласачки места, изборите биле мирни и фер.

Владата повтори дека нема промени во ставот за името

А1 - 11.04.2005

Македонскиот државен врв е во исчекување, како точно ќе изгледа предлогот на Метју Нимиц вечерва, кој ќе му биде ставен на маса на Никола Димитров. Најавата е таа - Република Македонија - Скопје, на латиница, со кирилична транскрипција, значи како што се чита.

Бучковски и Јордановски не излегоа на гласање

Утрински - 11.04.2005

Македонскиот државен врв се подели околу вториот изборен круг Македонскиот државен врв вчера се подели околу гласањето за нов градоначалник на Скопје. Вториот изборен круг во главниот град го игнорираа премиерот Владо Бучковски и претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски, додека шефот на ...

Црвенковски гласаше попладне, Бучковски апстинираше

Дневник - 11.04.2005

ДРЖАВНИОТ ВРВ НА РАЗЛИЧЕН КОЛОСЕК Шефот на државата Бранко Црвенковски гласаше вчера во 17 часот, откако се врати во Скопје по престојот во внатрешноста на земјата. Ова е првпат еден шеф на држава да гласа само два часа пред да се затворат гласачките места.

Црвенковски прво на излет, па на гласање

Дневник - 11.04.2005

буЧковски и Јордановски апстинираа Шефот на државата Бранко Црвенковски гласаше вчера во 17 часот, откако се врати во Скопје по престојот во внатрешноста на земјата. Ова е првпат еден шеф на држава да гласа само два часа пред да се затворат гласачките места.