TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Министрите на ДПА ја напуштија владината седница

А1 - 16.03.2008

И во таканаречената малцинска Влада партнерите ги нарушија односите. Денеска министрите на ДПА ја напуштија владината седница. Му се налутија на Премиерот поради неговото интервју за МИА каде тој, меѓу другото, повикувајќи се на експертски анализи, не ја исклучува можноста ДПА да ја напуштила ...

ВМРО-ДПМНЕ и ДПА избрале погрешно време за расчистување на сметките

Канал5 - 16.03.2008

Одлуката на ДПА да ги повлече министрите засега нема влијание врз функционирањето на малцинската влада. Министрите на ДПА се во функција, се додека собранието не ги констатира нивните оставки. Независно од потегот на ДПА, малцинската влада го има мандатот се до оној момент додека постои согласност ...

Министрите и функционерите на ДПА ниту формално нема да функционираат во владата на Груевски

Канал5 - 16.03.2008

Нов политички земјотрес ја потресе владата на Никола Груевски. Само ден по договорот за малцинска влада , министрите на ДПА најавија дека нема да учествуваат во работата на владата. Ваквата одлуката ќе ја почитуваат и нивните функционери од вториот и третиот ешалон на власта.

Тачи доби поддршка од Бериша

А1 - 15.03.2008

Мендух Тачи, коалицискиот партнер во власта што ги предизвика политичките турбуленции во Македонија, доби поддршка од албанскиот премиер Бериша за барањата што неговата ДПА му ги испостави на премиерот Груевски. „Најдовме разбирање за одлуката на оваа партија да ја поддржи без колебање одлучноста ...

Малцинска Влада до април, што потоа?

А1 - 15.03.2008

До априлскиот Самит на НАТО, Македонија ќе има малцинска Влада, според договорот што синоќа го постигнаа лидерите на големата четворка. Опозицијата најави дека ќе води конструктивна политика и ќе ја поддржува Владата, за да не се испушти шансата за НАТО.

Владата на Македонија паѓа поради Косово?

Време - 15.03.2008

АНАЛИЗИ НА СВЕТСКИ МЕДИУМИ Поради Косово, покрај српската, пред паѓање е и македонската влада, оцени вчера Би-Би-Си во извештај за излегувањето на ДПА од Владата. Би-Би-Си наведува дека лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на Груевски му поставил повеќе услови за останување во коалицијата, меѓу другото и ...

Груевски не знае што да прави

Вест - 15.03.2008

Премиерот Никола Груевски вчера не кажа како мисли да ја надмине владината криза, откако завчера ДПА одлучи да излезе од власта. По престојот во Брисел каде што присуствуваше на состанокот на европските десни партии и по молкот од неколку дена откако неговата влада ја изгуби подршката од партијата ...

Груевски војува со „штетни сценарија“

Време - 15.03.2008

НЕМА РЕШЕНИЕ ЗА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА Ана Велјановска Македонија функционира со техничка или со малцинска влада. ДПА ја исполни заканата и дефинитивно ја напушти владината коалиција. Министрите од оваа партија немаат поднесено оставки и, најверојатно, тоа нема да го сторат во наредните неколку дена, но ...

Трескавична потрага за излез од кризата

Утрински - 15.03.2008

До Самитот на НАТО во Букурешт македонската Влада ќе функционира како малцинска Влада Web Update 15.03.2008 До Самитот на НАТО во Букурешт македонската Влада ќе функционира како малцинска Влада со целосен капацитет. Ова е крајниот исход од синоќешната лидерска средба на која присуствуваа премиерот ...

Три опции_ малцинска, техничка или експертска влада

Утрински - 15.03.2008

Малцинска, техничка, експертска влада се опциите што се споменуваат во експертските кругови за премостување на периодот до самитот на НАТО во Букурешт откако Мендух Тачи одлучи да ја повлече неговата ДПА од Владата само три недели пред клучниот самит на Алијансата.

Македонија пред голем испит

Утрински - 15.03.2008

ЕДИТОРИЈАЛ Соња Крамарска Тешко може да се најдат зборови да се опише состојбата во која моментно се наоѓа Македонија. Бродот се ниша како да е без кормилар, патниците се во паника, а капетанот час го има час го нема. Политичката криза во Македонија можеше да почека и подобри денови наместо да ...

ДПА со аплаузи ја формализира одлуката

Утрински - 15.03.2008

ДУИ вчера одржа итна седница на партиското претседателство, по што Ахмети замина на лидерска средба ДПА формално веќе е надвор од владината коалиција, но министрите и функционерите од редовите на партијата на Мендух Тачи се' уште официјално немаат поднесено оставки.

Со или без влада, НАТО ги отвора портите

Утрински - 15.03.2008

Политичките партии целосно потфрлија во процените колку Тачи е сериозен во намерата да ја напушти власта Гордана Дувњак Одлуката на ДПА за напуштање на власта предизвика вистински политички земјотрес во Македонија. Заканата на Мендух Тачи за излегување од владината коалиција беше комплетно ...

Лидерот на ДПА на иста линија со шефот на државата

Дневник - 15.03.2008

Шефот на државата Бранко Црвенковски и неговиот кабинет не ја коментираат изјавата на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, дека тие двајцата имаат исто видување за сериозноста на ситуацијата во која е државата и за начинот како да се надмине.

Ветото на Тачи

Дневник - 15.03.2008

Каква е разликата меѓу ДПА и ДУИ и дали постои барем нешто, освен вулгарната нетрпеливост меѓу нив, што ги одвојува? Ако беше поинаку, тогаш секако денес во Тачи нема да го препознававме Ахмети и ќе моравме да забележиме разлика меѓу постојаните антимакедонски барања на ДУИ и сегашниве уцени на ДПА ...

Груевски нема концепт за излез од кризата

Дневник - 15.03.2008

Премиерот порача дека Македонија ќе се справи со предизвиците со мудрост, разум, гордост и патриотизам Македонија има капацитет да се справи со сите предизвици, со мудрост и со разум, со гордост и со достоинство, со одговорност и со патриотизам, им порача вчера на граѓаните премиерот Никола ...

Груевски: ДПА се одлучи да изврши уцена

Канал5 - 15.03.2008

ДПА се одлучи да изврши уцена го коментира во интервју за МИА премиерот Груевски потегот на Тачи на 20-тина денови пред самитот на НАТО неговата партија да ја напушти владината коалиција. ДПА се одлучи да изврши уцена го коментира во интервју за МИА премиерот Груевски потегот на Тачи на 20-тина ...

Тачи $ Тачи

Вечер Прес - 15.03.2008

Пишува: Владимир ТУЛЕВСКИ Акцијата за пошумување заврши успешно. Добра вест. Сега се поставува прашањето дали Македонија може да насади толку дрвја колку што можат ајдуците да исечат и да ги продаваат под носот на полицијата и онаа специјализираната шумска и онаа градската што знае да работи само ...

Груевски: Македонија има капацитети да се справи со предизвиците

Вечер Прес - 15.03.2008

Сакам да им порачам на сите граѓани на Македонија дека нема да дозволам, ниту еден политичар и ниту една политичка партија со разни сценарија да им наштетат на интересите на државата, порача Груевски по средбата со партнерите од коалицијата "За подобра Македонија" Премиерот Никола Груевски вчера, ...

Груевски ќе бара поддршка за малцинска Влада

А1 - 14.03.2008

Премиерот Груевски ги информирал помалите партии од коалицијата „За Македонија“ дека ќе бара поддршка за малцинска Влада од СДСМ, ДУИ и ДПА, за да може да се премости периодот до поканата за прием на Македонија во НАТО. Станало збор и за развојот на настаните околу името и за средбата со грчката ...

ДУИ: Македонија е во длабока политичка криза

А1 - 14.03.2008

Длабока политичка криза, Влада без легитимитет. Ова е ставот на претседателството на ДУИ, по седницата на најтесното партиско претседателство попладнево. „Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА е нелегитимна и таа нема кредибилитет за да носи какви било политички одлуки“, изјави Ермира Мехмети, портпарол на ...

Владата паѓа, нема кој да ја потпре

Време - 14.03.2008

СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА ИЗЛЕЗ ОД ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА Весна Тодоровска Ана Велјановска Македонската политичка сцена е во тотален хаос по одлуката на ДПА за напуштање на владината коалиција. Сите се согласни дека цврстиот став на Мендух Тачи за излегување од Владата ја воведе државава во политичка криза на ...

Да се почека Букурешт, па предвремени избори

Време - 14.03.2008

ШТО ПО ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА ДПА ОД ВЛАДАТА? Игор Чавески Владата може и треба да функционира како малцинска и по излегувањето на ДПА од владината коалиција, барем до самитот на НАТО во Букурешт, а за предвремени избори треба да се размислува дури по самитот, сметаат експерти и независни аналитичари.

Партиите го повикуваат Груевски да каже дали има Влада

Утрински - 14.03.2008

Груевски вчера беше во Брисел, а во ВМРО-ДПМНЕ владее молк за заминувањето на ДПА Оливера Војновска По политичкиот земјотрес што го направи лидерот на ДПА Мендух Тачи, вчера сите го повикуваа премиерот Никола Груевски да го прекине молкот и да и' каже на јавноста дали има влада, што се случува со ...

ДПА го верификува напуштањето на Владата

Утрински - 14.03.2008

Светлана Унковска Гојко Ефтоски Демократската партија на Албанците на синоќешната седница на Централниот одбор на партијата во Сарај, со која раководи почесниот претседател Арбен Џафери, требаше да ја потврди одлуката на партиското Претседателство за напуштање на владината коалиција.

Груевски да излезе од глувчешка дупка

Дневник - 14.03.2008

Македонија има големи шанси да добие покана за НАТО освен ако во меѓувреме не направи голема глупост. На ваквата добронамерна порака на дипломати од Брисел пред неколку месеци, македонските власти побрзаа да покажат дека можат да направат не една, туку повеќе глупости.

Широка коалиција и избори не се решение

Дневник - 14.03.2008

Непосредно пред почетокот на седницата на Централното претседателство на ДПА Тачи изјави: Сто отсто ќе биде верификувана одлуката на Централното претседателство за излегување на ДПА од Владата. Се согласувам со Црвенковски дека широката коалиција и предвремените избори не се решение за проблемот.

Црвенковски ќе ги смирува Груевски и Тачи

Дневник - 14.03.2008

Премиерот и вчера не даде никаква изјава за повлекувањето на ДПА, иако и неговите помали партнери и опозицијата го повикаа да каже како Македонија ќе ја надмине кризата до одржувањето на самитот на НАТО во Букурешт Претседателот Бранко Црвенковски ќе закаже итна лидерска средба на која очекува да ...

Македонија со малцинска Влада до Самитот во Букурешт

Канал5 - 14.03.2008

Владата на Груевски која остана без ДПА ќе функционира со поддршка од другите партии во Парламентот до самитот на НАТО. Министрите и функционерите на ДПА во оставка ќе останат да ги извршуваат своите функции до април – државно владиниот врв успеа да застане зад заедничко решение, малцинска влада, ...

И во Македонија следат вонредни избори?!

Вечер Прес - 14.03.2008

ДПА вели - излегуваме од Владата заради барања за кои и во ДПА знаат дека се пред реализација. Зошто тогаш ДПА излегува од Владата и ја пропушта историската шанса за признавање на Косово и ризикува откази за партиските вработувања.

СДСМ се согласиле за промена на името

Вечер Прес - 14.03.2008

СДСМ се согласила да се промени уставното име, доколку партијата биде поканета да биде дел од широка владина коалиција, дознава ВЕЧЕР од дипломатски извори. Според нив, сценариото било разработено минативе две недели со интензивни преговори на дел од амбасадорите во земјава со една невладина ...

Централното собрание го потврди напуштањето на Владата

А1 - 13.03.2008

ДПА формално излезе од владината коалиција. Одлуката е донесена едногласно од членовите на централниот одбор на партијата, по три часовниот состанок во Сарај. Присутните одлуката ја поздравиле со аплауз. Причина за тоа е одбивањето на шесте барања на ДПА, за кои Тачи вели дека се услов за влез на ...

Тачи за првпат со позитивна оценка за Црвенковски

А1 - 13.03.2008

Лидерот на ДПА за првпат во неговата политичка кариера со позитивна оценка за претседателот Црвенковски. Со неговите коментари за политичката криза, Црвенковски, според Тачи, покажал дека е единствениот што сериозно ја сфаќа ситуацијата во која се наоѓа државата.

Црвенковски: Македонија е во сериозна политичка криза

А1 - 13.03.2008

Македонија е во сериозна политичка криза во најтешкиот момент за земјава. Ова е оценката на претседателот Бранко Црвенковски, по најавата на ДПА дека ќе ја напушти власта. На само 20 денови до самитот во Букурешт, каде очекуваме да ја добиеме поканата за членство во НАТО, но и во решавачката фаза ...

Паѓа Владата?

Вест - 13.03.2008

ДПА УШТЕ ЕДНАШ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ГО НАПУШТА ГРУЕВСКИ Лидерот на ДПА Мендух Тачи тврди дека не сака неговата партија да биде дел од несериозното функционирање на државните институции пред самитот во Букурешт Лидерот на ДПА Мендух Тачи вчера ја повтори заканата дека ја напушта Владата на премиерот ...

Тачи заминува, Владата виси на конец

Време - 13.03.2008

КРИЗА ВО ВЛАДЕЈАЧКОТО МНОЗИНСТВО Демократската партија на Албанците си заминува од Владата. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по вчерашната средба во американската амбасада уверено истапи дека претседателството на партијата ќе го прифати неговото барање за истапување од владејачката коалиција.

ДПА и демократскиот легитимитет за власт

Утрински - 13.03.2008

Мислења Ермира Мехмети Може ли губитник на изборите да биде претставник на граѓаните? Сега овој хендикеп на ДПА доаѓа до израз Само три недели пред одржувањето на самитот на НАТО во Букурешт, кога се очекува да биде донесена историска одлука за Македонија, Демократската партија на Албанците се ...

Странските дипломати во мисија за спас на кабинетот на Груевски

Утрински - 13.03.2008

Македонската политичка елита не гледа сериозно на последните закани на Тачи Оливера Војновска Додека премиерот Никола Груевски садеше дрвца во скопско Миладиновци, давајќи личен пример на поддршка на акцијата „Денот на дрвото“, американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ и евродипломатот Ерван ...

Последни часови на Владата

Утрински - 13.03.2008

ДПА на синоќешната седница на Централното претседателство, одлучи да ја напушти владината коалиција Web update> 8:41 ДПА на синоќешната седница на Централното претседателство, која траеше повеќе од два часа, донесе одлука да ја напушти владината коалиција.

ДПА ја напушта Владата

Дневник - 13.03.2008

Неофицијално, ДУИ би влегла во широка владина коалиција до самитот на НАТО,но само под услов и ДПА да биде дел од Владата Во прашање се часови, а не денови за ДПА да излезе од Владата, изјави лидерот на ДПА, Мендуха Тачи, по вчерашната средба со претставници на американската амбасада.

Нема отстапки – ДПА ќе ја напушти Владата

Канал5 - 13.03.2008

Нема отстапки – ДПА ќе ја напушти Владата – лидерот Тачи е револтиран е од игнорантскиот однос на премиерот. Предупредува дека коалицискиот проблем проблемот може да има етнички последици. - Барањата се барања на Нуланд и на Советот на Европа, некој се прави наудрен - изјави лидерот на ДПА Мендух ...

Тачи излегува од Владата

Канал5 - 13.03.2008

Тачи соопшти дека излегува од Владата. Во клучни моменти за земјата не функционираат државните институции изјави лидерот на ДПА – вели дека не сака да биде меѓу одговорните за таквата ситуација и затоа одлучил да ја напушти коалицијата со Груевски.

Сите се за предвремени избори, само СДСМ е против

Вечер Прес - 13.03.2008

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи ќе пропушти историска шанса да биде запаметен како лидер на Албанците во Македонија, во чие време ќе биде признаено Косово. Очигледно таа привилегија може да му припадне на друг Лидерот на ДПА Мендух Тачи вчера по средба со амбасадорката на САД, Џилиен Миловановиќ најави ...

Тачи излегува, Ахмети бара Влада на широка коалиција

А1 - 12.03.2008

По денешните интензивни активности на американските и европските дипломати со албанскиот политички блок, ќе дојде ли до разврска на политичката сцена во државата. Тачи излегува од Владата, а Ахмети бара Влада на широка коалиција и веднаш по НАТО одржување на предвремени избори.

Силјановска: Неисториски чин на ДПА

А1 - 12.03.2008

Излегувањето, во овој момент, од владината коалиција, покрај повторувањето дека влегувањето во НАТО е историски чин, е неисториско однесување, вели во интервјуто за А1 проф. Гордана Силјановска. Што ќе се случи доколку вечерва ДПА потврди дека излегува од Владата? Има разни сценарија, од широка ...

Претседателството на ДПА ја потврди одлуката

А1 - 12.03.2008

Партиското претседателство на ДПА вечерва ја потврди одлуката на лидерот Мендух Тачи да се напушти владината коалиција. Останува одлуката утре да ја верифицира централниот одбор на ДПА, што според Тачи ќе биде потврда на вечерашната одлука на претседателството.

ДПА ја напушта владата

А1 - 12.03.2008

Нема отстапување, лидерот на ДПА ја потврди неговата решеност за напуштање на владината коалиција. „Ако мене ме прашате таа работа веќе е завршена, јас вечерва ќе излезам со предлог пред централното претседателство. Уверен сум дека тој предлог ќе се прифати“, рече Мендух Тачи, претседател на ДПА.

Миловановиќ ќе го омекнува Тачи

Време - 12.03.2008

ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА ПУКА ПО СИТЕ РАБОВИ Ана Велјановска Демократската партија на Албанците на Мендух Тачи ја одложи најавената седница на партиското претседателство, на која требаше да се решава дали по серијата закани ДПА дефинитивно ќе излезе од Владата.

По Петковски, сега и Тачи ја ниша Владата

Утрински - 12.03.2008

Можеби тоа е маневар на ДПА, но кабинетот на Груевски е на најголеми искушенија Светлана Унковска Владината коалиција влегува во уште подлабока криза по уцените на лидерот на ДПА за излегување од власта, како и незадоволството на НСДП поради прелетот на нивни сопартијци во редовите на најголемата ...

Владата падна во криза

Утрински - 12.03.2008

ЕДИТОРИЈАЛ Соња Крамарска Ситуацијата во Владата драматично е влошена откако ДПА му испорача барања на Груевски и се закани дека ќе ја напушти владината коалиција. Барањата се помалку или повеќе познати: да се регулира употребата на албанскиот јазик во државата и да добијат специјален статус ...

Уцената на ДПА со последици штетни за земјава

Дневник - 12.03.2008

Во НСДП не ги коментираа најавите на Тачи, но рекоа дека тие нема да ја напуштат Владата до самитот на НАТО Класична уцена и крајно штетни за земјава се најавите на НСДП и ДПА за напуштање на Владата дадени 20 дена пред одлуката за влез на Македонија во НАТО.

Боцевски: Не ги коментираме најавите на Тачи дека ќе излезат од Владата

Канал5 - 12.03.2008

Владиниот портпарол Ивица Боцевски денеска рече дека нема да ги коментира најавите на лидерот на ДПА Мендух Тачи дека ќе излезат од Владата. Миладиновци, Скопско, 12 март (МИА) - Владиниот портпарол Ивица Боцевски денеска рече дека нема да ги коментира најавите на лидерот на ДПА Мендух Тачи дека ќе ...

Тачи до крајот на денот ќе поднесе барање до партиските органи за излегување од владината коалиција

Канал5 - 12.03.2008

Лидерот на ДПА Мендух Тачи денеска изјави дека до крајот на денот ќе поднесе барање до органите на партијата за излегување од владејачката коалиција. - Според предлогот што ќе го поднесам пред партиските органи вечерва оваа работа е завршена.

Ако ДПА ја потврди одлуката можни се две варијанти - предвремени избори или широка коалициона влада

Канал5 - 12.03.2008

По одлуката на Тачи да ја напушти Владата и чувствителноста на моментот само неколку недели пред клучниот самит на НАТО – во политичките кругови се наметнуваат две опции како излез – широка коалиција или предвремени избори. Иако никој официјално не ги потврдува ваквите информации се дознава дека ...

СДСМ се плаши од предвремени избори?!

Вечер Прес - 12.03.2008

По сите превирања на политичката сцена станува очигледно дека единствено социјал-демократите не се подготвени да утврдат дали и колкава доверба уживаат кај граѓаните Испразнетите министерски и заменички места во неколку владини ресори ќе се пополнат до крајот на месецов.

ДПА нема да има состанок вечерва

А1 - 11.03.2008

Партиските тела на ДПА нема да се состанат вечерва за да ја разгледаат одлуката на нивниот лидер за напуштање на Владата. Велат дека Тачи е во Косово, во посета на најблиските луѓе од семејствата на Адем Јашари, Рамуш Харадинај и поранешниот претседател на Косово, Ибрахим Ругова.

Бучковски: Тачи ќе го изолира Груевски и дома

Вест - 11.03.2008

ОПОЗИЦИЈАТА ТВРДИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е ВО ПОЛИТИЧКА КРИЗА Ако Македонија не добие покана за НАТО, албанските партии ќе излезат со нов пакет барања, смета експремиерот Владо Бучковски Парламентарната опозиција вчера излезе со став дека Македонија е во длабока политичка криза по изјавите од владејачката ...

Опозицијата тврди дека државата е во криза

Време - 11.03.2008

ПО БАРАЊАТА НА ДПА Државата се наоѓа во сериозна политичка криза, во која премиерот Никола Груевски не се снаоѓа најдобро, е оценката на опозицијата по последните превирања во владината коалиција. Владиниот кабинет и коалициските партнери, пак, не сакаат да ги коментираат последните заканувања од ...

Мајскиот договор му се удира од глава на Груевски, тврди опозицијата

Утрински - 11.03.2008

Меѓународниот фактор како краен датум за постигнување консензус го постави крајот на овој месец Светлана Унковска Обврските од мајскиот договор го ставија премиерот Никола Груевски меѓу два огна. Од една страна, коалицискиот партнер во власта ДПА почна да му поставува услови за решавање на двете ...

Тачи вторпат најавува излез од Владата

Дневник - 11.03.2008

ДПА на премиерот Никола Груевски му поставила шест барања како услов партијата да остане во коалицијата Владината коалиција влезе во нова криза откако ДПА најави дека ќе излезе од Владата поради одбивањето на премиерот Никола Груевски да ги прифати шесте барања на лидерот Мендух Тачи.

Каква игра игра Тачи?

Канал5 - 11.03.2008

Чудни потези на владините партнери - по вчерашниот остар тон на Тачи во кој со шест барања до премиерот, лидерот на ДПА го условува останувањето во коалицијата, денеска министрите на коалициските партнери, рамо до рамо заедно и насмеани садеа дрвја пред Владата.

ДПА пак најавува излез од Владата

А1 - 10.03.2008

На 20 дена пред самитот на НАТО во Букурешт, ДПА ја напушта Владата на Груевски. Оваа одлука ја донел лично претседателот на ДПА Мендух Тачи, информираат високи извори од оваа партија. Тие додаваат дека денеска во Владата Тачи имал средба со Груевски, на која лидерот на ДПА, излегол со шест барања, ...

Пратениците на ДПА чекаат инструкции од врвот

А1 - 10.03.2008

Тачи денеска по вторпат најави дека ќе го напушти Груевски. Неговите пратеници не сакаа ништо да коментираат. И вториот коалиционен партнер Тито Петковски откако најави дека ќе излезе од Владата, уште чека премиерот Груевски да ги пополни нивните испразнети места.

Кризата - увертира во предвремени избори

Време - 10.03.2008

КАРАНИЦИ ВО ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА ЗА ПОДОБРИ ПОЗИЦИИ ВО ВЛАСТА НСДП и ДПА го зголемуваат притисокот врз премиерот Никола Груевски да седнат на заедничка маса и да ги решат проблемите во владината коалиција. Двете партии во изминативе неколку дена јавно му ја испорачаа сметката на премиерот, која ...

ДУИ_ Кочничарот на мајскиот договор сега условува со него

Утрински - 10.03.2008

Апсурдно е политичка партија која е во власта да бара нешто да спроведе Владата Светлана Унковска ДПА упорно се обидува да го заземе приматот на ДУИ како главен преговарач со ВМРО-ДПМНЕ за прашањата кои Ахмети ги постави на листата на таканаречениот мајски договор.