"Руската и Српската црква потврдија дека проблемот не е црковен, туку политички", неофицијално реагираат од Македонската православна црква и се надеваат: "Времето работи за нас. Особено откако САД ја признаа нашата држава под уставното име".
МОСКВА, 16 НОЕМВРИ. - Српската православна црква (СПЦ) од највисоко место првпат вчера јавно призна дека нејзините одлуки во однос на Македонската православна црква (МПЦ) зависат од Грците, а слична конотација на проблемот му даде и Руската православна црква.
По истапот на митрополитот г. Тимотеј во рамките на неодамнешното заседание на Архиепископскиот црковнонароден собор на МПЦ, што се одржа во манастирот "Пресвета Богородица" кај Калишта, Струшко, при што тој на новинарите им се обрати со зборовите "вие сте невоспитани, шпиони, ја прислушкувате ...
Архиепископскиот црковно- народен собор (АЦНС), како највисоко законодавно тело на Македонската православна црква, по дводневното заседание во манастирскиот комплекс Калишта кај Струга, во петокот вечерта донесе Резолуција со која се повикуваат Македонците на духовно и национално единство.