TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Докиќ: Парите ми ги дадоа од пријателски побуди

Време - 15.09.2007

СУДЕЊЕ НА ПОЗНАТИОТ ПУЛМОЛОГ Д-р Дејан Докиќ само од пријателски побуди ги примил парите од двајца пациенти, а за кои пред Основниот суд Скопје 1 се води постапка против него по дело посредување. Вака тој вчера се бранеше во судот.

Му помогнав на пациент, ја почитував Хипократовата заклетва

Вест - 15.09.2007

ПРОФЕСОРОТ Д-Р ДЕЈАН ДОКИЌ СОСЛУШАН ВО ОСНОВНИОТ СУД 1 ВО СКОПЈЕ Професорот д-р Дејан Докиќ вчера во Основниот суд 1 во Скопје детаљно објасни од каде 48.875 денари се нашле на сметка на туристичка агенција за авионски билет на негово име, за што е обвинет - дека ги примил за услуга за пациент.

Професор Докиќ негира какво и да е посредништво

Утрински - 15.09.2007

Обвинетиот рече дека уплатата за авионскиот билет одела преку негов пријател кој инсистирал на тоа ЉУБИША СТАНКОВИЌ „Немаше никакво посредување“, изјави вчера на крајот од своето сведочење, поранешниот директор на Клиниката за пулмологија и алергологија, Дејан Докиќ, обвинет за противзаконито ...

Докиќ: Не сум примил награда

Дневник - 15.09.2007

Не сум примил награда од 48.000 денари како што пишува во обвинението, бидејќи авионската карта за која ме товарат не е подигната. Ова вчера во Основниот суд Скопје 1 го тврдеше поранешниот директор на Клиниката за пулмологија и алергологија, д-р Дејан Докиќ, кој беше притворен под сомнение дека ...

Докиќ негира дека примил 49.000 денари

А1 - 14.09.2007

Пулмологот Дејан Докиќ го смени исказот, негира дека примил награда од 49.000 денари уплатени за авионски билет до Торонто. Парите во туристичката агенција, според него, ги однел Аргетим Асани кој претходно барал од Докиќ посредничка услуга за лекување на неговата мајка.

Дејан Докиќ одговара за против законито посредување, 300-те евра мито за кои беше уапсен „испарија“

Канал5 - 14.09.2007

По денешниот исказ на обвинетиот Дејан Докиќ и Благица Велковска сведок од туристичката агенција на чија сметка биле уплатени над 48 илјади денари за една авионска карта за Канада, процесот против пулмологот добива нов тек. По денешниот исказ на обвинетиот Дејан Докиќ и Благица Велковска сведок од ...