TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Сега се сетил дека го видел Љубе во Љуботен

Вечер Прес - 12.05.2007

Првиот заштитен сведок на Хашкото обвинителство за случајот "Љуботен" тврди дека при полициската акција во селото го видел екс-министерот Љубе Бошкоски, иако тоа го немал споменато во исказите кои непосредно по настанот ги дал пред македонски суд, претставници на ОБСЕ и на Меѓународниот црвен крст.

Адвокатите опоменати зошто испрашувале детално

Вечер Прес - 11.05.2007

Реагирањето на адвокатите на Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски за конфузното и контрадикторно сведочење на родителите на загинатиот Рами Јусуфи од Љуботен Одбраната на Љубе Бошкоски и на Јохан Тарчуловски на крајот од третиот ден на судењето за Љуботен доби прва опомена за нелогичност при ...

Продолжи испрашувањето на сведокот Јусуфи за Љуботен

Макфакс - 09.05.2007

Скопје, Хаг Сведокот Елмаз Јусуфи и денеска опишуваше под кои околности загинал неговиот син, Рами Јусуфи, за кого хашкото обвинителство тврди дека бил прва жртва на нападот на македонската полиција вo селото Љуботен во 2001 година.

Рами Јусуфи бил ранет и умрел, ама од што ?!

Вечер Прес - 09.05.2007

Во Хашкиот трибунал вчера попладне продолжи судењето на Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски со сослушување на првиот сведок Зејнеп Јусуфи, мајка на Рами Јусуфи, загинат за време на акцијата во скопското село Љуботен. Адвокатот на Јохан Тарчулоски, Антонио Апостолски ја праша Зејнеп Јусуфи кој бил ...

Првиот сведок на Oбвинителството не знае кој интервенирал во Љуботен

Макфакс - 07.05.2007

Хаг Мајката на убиениот Рами Јусуфи, Зенап Јусуфи е првиот сведок со кој денеска во Хаг продолжи судскиот процес против Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски. Таа, на прашањето на Обвинителството да каже дали македонската полиција го убила нејзиниот син, не можеше да потврди дали тоа било полиција или ...

Прв сведок на хашкиот процес за Љуботен

Макфакс - 07.05.2007

Скопје Хашкиот процес „Љуботен“ против Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски, по тринеделна пауза, продолжува со вкрстено испрашување на првиот сведок на Обвинителството. Според најавите, покрај исказот на сведокот, чиј идентитет досега не е објавен, обвинителот Ден Саксон ќе изнесе и доказен материјал ...

Одбраната ја докажува невиноста

Вечер Прес - 07.05.2007

Денеска во Хашкиот Трибунал продолжува судењето на меѓународниот Трибунал против Јохан Тарчуловски и Љубе Бошкоски, за случајот Љуботен со испитување на сведоците на обвинителството. Се предвидува три до четири месеци за изведување на доказите на Обвинителството.