TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Хусеин преживеал напад со крстосувачки ракети

А1 - 23.03.2003

„Ирачкиот лидер Садам Хусеин најверојатно е повреден при напад со крстосувачки проектили врз командниот штаб во Багдад, но е пренесен со амбулантно возило“, изјави британскиот министер во Министерството за надворешни работи, Мајк О`Брајан за „ВСС“.

Хронологија од почетокот на војната во Ирак

А1 - 23.03.2003

Следува хронологија на настаните од почетокот на нападите врз Ирак. 17 март - 01:00 по Гринич - Американскиот претседател му даде 48-часовен ултиматум на ирачкиот претседател Садам Хусеин да го напушти Ирак или ќе се соочи со воена интервенција.

Десетина американски војници заробени во јужен Ирак

А1 - 23.03.2003

Пентагон денеска потврди дека десетина американски војници што се исчезнати во јужен Ирак се заробеници на ирачката армија, јави „CNN“. Информирањето на семејствата за заробениците почнало веднаш по емитувањето на снимките на „Ал Џезира“, каде беа прикажани неколкумина мажи и една жена, за кои се ...

Жртви од досегашните воени дејствија

А1 - 23.03.2003

Список на загинатите до моментов во воената кампања во Ирак. Американски војници : 20 март - американски маринец е првата жртва во судир. 21 март - втор маринец загина во Ирак. 23 март - еден американски војник е убиен во напад на воен камп во Кувајт во кој се повредени уште 12 војници.

САД дозволи Турција да се распореди во северен Ирак

А1 - 23.03.2003

„Турција доби согласност од САД турски воени сили да се распоредат во северен Ирак, откако Анкара го отвори воздушниот простор за потребите на американски авиони за воените интервенции врз Ирак“, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во интервјуто за американкиот весник „Њусвик“.

Околу 300.000 до 450.000 бегалци вo северозападен Ирак

А1 - 22.03.2003

Околу 300.000 до 450.000 лица ги напуштиле нивните домови во северозападен Ирак, соопштија денеска ОН во последниот извештај за ситуацијата во Ирак. Во извештајот се наведува дека ирачките цивили масовно ги напуштаат градовите Киркук, Ербил и Дахук и се упатуваат кон Сулајманија, на северозапад од ...

Данска му објави војна на Ирак

А1 - 22.03.2003

Данска му објави денеска војна на Ирак, јавија гласилата во Копенхаген, пренесувајќи соопштение на Министерство за одбрана дека земјата и официјално е во војна со Ирак. Парламентот во Копенхаген вчера ја потврди владината одлука, Данска активно да се вклучи воената операција против режимот во ...

Буш: „Војната би можела да потрае“

А1 - 22.03.2003

„Војната во Ирак можела да трае подолго отколку што предвидовме“, изјави денеска американскиот претседател Џорџ Буш. Рускиот шеф на дипломатијата Игор Иванов возврати: „На Ирак не му е потребна демократија донесена од крилата на `Томахавки`“.

Турската армија навлегла во Ирак

А1 - 22.03.2003

Единица на турската армија ја премина границата со Ирак, во нејзиниот северен дел, јави „CNN“. Турскиот генералштаб денеска ја демантираше оваа информација. Навлегувањето беше еден од условите кои турската влада им ги постави на САД за користење на воздушниот простор на Турција.

Сў уште нема бран бегалци од Ирак

Утрински - 22.03.2003

УНХЦР ЖЕНЕВА - Не се известува за голем бран бегалци од Ирак, но сите шест соседни земји ги имаат отворено своите граници, соопшти вчера Агенцијата за бегалци на ОН. Сирија се согласи да прими бегалци, изјави Крис Јановски, портпарол на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР).

ЦИА ја обезбедила точната адреса на Садам

Дневник - 22.03.2003

ПОСЛЕДНИТЕ МИНУТИ ПРЕД ВОЈНАТА Извори на весникот "Вашингтон пост" тврдат дека Садам Хусеин бил ранет или убиен уште во првиот напад, а дека лицето што подоцна се појави на телевизија е негов двојник, како што го потврдила и поранешна љубовница на Садам Војната против Ирак почнала кога директорот ...

САД и натаму сметаат на македонска поддршка

Утрински - 22.03.2003

Лоренс Батлер ги презентираше аргументите на САД околу Ирак Слободанка Јовановска Американскиот амбасадор во Скопје, Лорен Батлер, ги презентираше на форум аргументите на САД за почнување на воената интервенција во Ирак, изјавувајќи дека по 12 години напори за разоружување и по 16 резолуции на ...

Криволак - бегалски камп за Ирачаните?

Вест - 22.03.2003

МАКЕДОНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА УШТЕ ЕДНА ХУМАНИТАРНА КРИЗА Според некои проценки се очекува на Балканот да пристигнат околу 100.000 бегалци. Иако претседателот Трајковски вели дека Македонија се подготвува за можен бран бегалци, Владата нема изграден став, иако како по Шефот на македонската држава ...

Нашиот став за Ирак произлегува од македонските национални и државни интереси

Дневник - 22.03.2003

БОРИС ТРАЈКОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Ако Европа имаше изградено јасен став, Македонија ќе застанеше зад него, оти таму и припаѓа. Но, поделбите опстојуваат и во ЕУ и во НАТО, па никој не може да ја обвини Македонија за тоа што суштествува меѓу политичките елити на стариот континент ...

СИТЕ МАРШ НА ИРАК

Вест - 22.03.2003

ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Билјана Секуловска НИЕ ЛИ, НИЕ ВОЈУВАМЕ? Војната на Ирак ја објавивме со САД. Извештаите викаат дека сме напредувале на теренот. Секој има различен придонес. Американците со бомбардери, ние напредуваме со сателит- пред ТВ.

Хусеин ќе плаќа за секоја непријателска глава

Вест - 22.03.2003

БАГДАД, 22 март (Ројтерс) - Ирачкиот претседател Садам Хусеин ги преживеал вчерашните американски воздушни напади кои биле насочени кон неговите семејни куќи, соопшти министерот за информирање Мохамед Саид ал-Сахаф. "Ги гаѓаа куќите на Садам Хусеин и негово семејство, но тие се на безбедно.

Нов бран бомби за Садам и дружината

Дневник - 22.03.2003

Багдад и прексиноќа беше цел на напад со крстосувачки проектили, чија цел повторно беа ирачките лидери на чело со Садам Хусеин и неговите синови. Американски офицери истакнаа дека нападот со проектилите "томахок" бил обид за "обезглавување" на Ирак и оти допрва треба да се очекува најавуваната ...

Багдад кафе

Вест - 22.03.2003

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски ФИРОМ е членка на ОН, затоа Македонија им оди контра 1 Одвај чекам да заврши војната во Ирак. За да се покаже конечно силата на Македонија во светската антитеророристичка коалиција. На Ирачаните ќе сме им требале во постконфликтниот период.

Путин: "Војната може да се прошири"

Вест - 22.03.2003

МОСКВА, 22 март (Ројтерс) - Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека конфликтот во Ирак би можел да се прелее во околните региони, вклучувајќи ги тука и бившите советски држави со што ќе предизвика уште поголема нестабилност.

Се урна хеликоптер - загинаа 12 американски и британски војници

Утрински - 22.03.2003

Поради лоши временски услови, несреќа на сојузничките сили Осум британски и четири американски војници загинаа при уривањето на еден хеликоптер во почетокот на копнената инвазија во Ирак. Британските маринци од 3.специјална бригада загинаа кога американскиот хеликоптер "ЦХ-46 си најт" се урна во ...

Околу 3.000 ирачки бегалци се упатиле кон Иран

А1 - 21.03.2003

Околу 3.000 лица денеска од Ирак пребегаа во Иран, што е прв бран бегалци од почетокот на војната врз Ирак, изјави денеска во Женева, портпаролот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци Вивина Белмонте. Таа се повика на информации од иранската Влада која не посочува каде ирачките бегалци ја ...

Сенатот со резолуција едногласно го поддржа Буш

А1 - 21.03.2003

Американскиот Сенат синоќа едногласно изгласа Резолуција со која му даваат поддршка на претседателот Џорџ Буш и трупите ангажирани во војната против Ирак. „Ги поддржуваме напорите и водството на претседателот Буш како главен командант во судирите со Ирак“, се наведува во Резолуцијата усвоена во ...

Започна масовна офанзива врз Ирак

А1 - 21.03.2003

САД започнаа воздушна офанзива врз Ирак, изјави вечерва американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд. Тој нагласи дека во тек се жестоки бомбардирања на Багдад и други ирачки градови. На прес-конференцијата во Пентагон, Рамсфелд изјави дека „режимот на ирачкиот претседател Садам Хусеин почна ...

Повредени 37 цивили во нападите во Багдад

А1 - 21.03.2003

Во американско-британските напади врз Багдад минатата ноќ се повредени 37 цивили, јави денеска ирачката државна агенција ИНА, нагласувајќи дека цели на американските и британските бомбaрдери биле станбени објекти. „Врз домот на Садам Хусеин и неговото семејство било стрелано вчера, но благодартение ...

Хронологија на инспекциите на ОН во Ирак

А1 - 21.03.2003

Советот за безбедност на ОН воведе санкции кон Ирак во 1990 година по ирачката инвазија врз Кувајт. 24 февруари 1991 - Заврши војната во Заливот со ослободување на Кувајт. Ирак се согласи да стави крај на програмите за производство на оружје за масовно уништување и за тоа да поднесе извештај до ...

Турција предупредена да не презема еднострана акција

А1 - 21.03.2003

Вашингтон ја поздрави одлуката на турскиот Парламент за отворање на нејзиниот воздушен простор за американските воени авиони, но ја предупреди Анкара да не делува еднострано и да не „влегува“ во северен Ирак за да ги стави под надзор тамошните Курди.

Путин: „Војната во Ирак се заканува да се прошири“

А1 - 21.03.2003

Војната во Ирак се заканува да се прошири и на други региони, а можно е и дестабилизирање на ситуацијата во некои од поранешните републики на Советскиот Сојуз, предупреди денеска рускиот претседател Владмиир Путин. „Кризата веќе се прошири и не е само локален конфликт, таа денеска претставува ...

Силни детонации во Кувајт Сити

А1 - 21.03.2003

Во Кувајт Сити претпладнево повторно се огласија сирените за воздушна опасност, а во градот се слушаат силни детонации. Според кувајтски воени воени извори, детонациите најверојатно се од испалувањето на проектилите „Патриот“ кои се користат за пресретнување на ирачките ракети „Скад“.

Садам: Малиот Буш е криминалец

Утрински - 21.03.2003

Три часа откако САД ја почнаа војната, Садам Хусеин се појави на телевизија БАГДАД - Ирачкиот претседател Садам Хусеин, вчера се појави на државната телевизија, три часа откако САД ја почна војната за негово соборување и го обвини американскиот претседател Џорџ Буш дека врши криминал против ...

Американски проектили го гаѓаа Садам во Багдад

Дневник - 21.03.2003

ПОЧНА СОЈУЗНИЧКАТА ОПЕРАЦИЈА "СЛОБОДА ЗА ИРАК" Америка вчера рано изутрина ја почна долгонајавуваната војна против Ирак, која го доби името "Операција - слобода за Ирак ". Војната не почна со очекуваното жестоко бомбардирање, туку со прецизен проектилски напад за елиминирање на раководството во ...

Дожд од ракети врз Багдад

Утрински - 21.03.2003

Напад на Ирак ВАШИНГТОН - Американските сили ја почнаа војната против Ирак, со напади на Багдад, во кои цел беа претседателот Садам Хусеин и други високи ирачки претставници. Претседателот Буш издаде наредба за првите напади врз Багдад, откако беше известен од ЦИА дека е познато местото каде што се ...

Македонија е со САД, но не е во војна со Ирак

Дневник - 21.03.2003

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ ЗА "ДНЕВНИК" Нашата позиција во ирачката криза сега има само политичка димензија, вели Трајковски Република Македонија е рамноправна членка на глобалната антитерористичка коалиција против Садам Хусеин, но нејзината позиција сега има само политичка димензија.

Истрелани проектили "скад" врз Кувајт

Утрински - 21.03.2003

Ирак возврати на американските воздушни напади КУВАЈТ - Ирак вчера истрела проектили "скад" врз Кувајт, соопштија официјални лица, поради што американските војници брзо беа принудени да употребат заштитна облека од хемиски напад, а сирените за воздушен напад одекнуваа во градот Кувајт.

Путин бара од САД веднаш да ја прекинат војната

Дневник - 21.03.2003

ПО АМЕРИКАНСКИОТ НАПАД ВРЗ ИРАК Албанскиот премиер Фатос Нано изјави дека Албанија е горда што е со САД, а косовскиот премиер Бајрам Реџепи порача дека Косово целосно го поддржува американскиот напад врз Ирак Франција, Германија, Русија и Кина остро реагираа на американскиот напад врз Ирак велејќи ...

НАТО - најголема жртва на ирачката криза

Утрински - 21.03.2003

Денко Малески Конфликтот на Блискиот Исток е војна меѓу Америка, којашто троши 400 милијарди долари годишно на вооружување, и Ирак, кој троши 1,4 милијарди долари. Значи, односот на сили е близу 1:400. Но, иако моќта е крајниот арбитер во меѓународните односи, па победата на САД е несомнена, во ...

Трите цели на Хусеин

Вест - 21.03.2003

ВОЕНИОТ ПЛАН НА ИРАЧКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Првиот дел од нападот е со цел да забави напредувањето на сојузничкките сили, предизвикувајќи бран бегалци вклучувајќи и голем број воени дезертери во густо населените јужни провинции кои се граничат со ...

Војната почна

Вест - 21.03.2003

ОПЕРАЦИЈА "СЛОБОДА ЗА ИРАК" Во нападите пред изгрејсонце, САД вклучи четири американски крстосувачи и две подморници кои испукаа неколку проектили "томахавки" БАГДАД, 21 март (Ројтерс) - САД вчера пред изгрејсонце извршија напад врз Ирак со селективни воздушни напади врз Багдад.

Турција им дозволи прелетување на американските авиони?

Утрински - 21.03.2003

Турскиот претседател го критикуваше американскиот напад врз Ирак АНКАРА - Турскиот парламент го усвои предлогот американските авиони да го користат турскиот воздушен простор за војна против Ирак. Одлуката овластува и влез на турските сили во северен Ирак за да се спречи можниот бран бегалци да ...

Удај ги бодри специјалците

Дневник - 21.03.2003

Удај Хусеин, постариот син на ирачкиот претседател Садам, ги повика припадниците на специјалната единица Федајин да бидат подготвени да "се жртвуваат" против американската инвазија, јави МИА. - На овој ден ирачките мајки треба да не охрабрат како победоносни херои или како верни маченици - изјави ...

Американски проектили го гаѓаа Садам во Багдад ирачки "скадови" го биеја Кувајт

Дневник - 21.03.2003

ПОЧНА СОЈУЗНИЧКАТА ОПЕРАЦИЈА "СЛОБОДА ЗА ИРАК" Сојузнички воен командант во Кувајт изјавил дека обидите за егзекуција на ирачкото раководство ќе продолжат уште неколку дена и оти ќе прилегаат на вообичаените патроли во забранетите зони за летање, само што ќе бидат пожестоки Америка вчера рано ...

Садам - тиранинот од Ал-Авџа

Вест - 21.03.2003

Садам Хусеин е роден на 28 април 1937 година, во селото Ал-Авџа, кај градот Тикрит, 175 километри северно од Багдад. Член е на БААС партијата од своите 20 години, а една година по симнувањето на монархијата, во 1959 година, учествува во заговорот против претседателот Абдул Карим Касем.

Се урна хеликоптер со американски специјалци, сите спасени

Дневник - 21.03.2003

Американски хеликоптер што превезувал специјалци се урнал во јужен Ирак неколку часа пред да почне проектилскиот напад врз Багдад, а екипажот и специјалците биле спасени, јави Ројтерс. Се претпоставува дека хеликоптерот што се урнал носел специјалци на тајна мисија внатре во Ирак.

САД ја потиснале настрана Британија во првиот напад врз Багдад?

Утрински - 21.03.2003

Американците го извршиле првиот напад врз Ирак без британско учество ЛОНДОН - Велика Британија вчера соопшти дека нејзините единици се подготвени за брза ескалација во војната против Ирак, и негираше дека САД го потиснале настрана главниот сојузник со првиот, унилатерален напад врз Багдад.

Трајковски: Македонија е во Коалицијата предводена од САД

Дневник - 21.03.2003

РЕАКЦИЈА НА ДРЖАВНИОТ ВРВ По почетокот на воените операции во Ирак, претседателот Борис Трајковски вчера изјави дека Република Македонија "уште еднаш ја потврдува припадноста и поддршката" на Коалицијата предводена од САД и Обединетото Кралство за разоружување на режимот на Садам Хусеин.

ЦИА знае каде е Садам Хусеин

А1 - 20.03.2003

Директорот на Американската разузнавачка служба Џорџ Тенет неколку часови пред првиот напад врз Ирак го информирал претседателот Џорџ Буш дека ЦИА знае каде се наоѓа ирачкиот претседател Садам Хусеин, соопшти денеска „Вашинтон пост“.

САД го нападнаа Ирак

А1 - 20.03.2003

Во 3 часот изутрината САД го нападнаа Ирак, само 90 минути по истекот на ултиматумот на претседателот Џорџ Буш ирачкиот лидер Садам Хусеин да ја напушти земјата. Меѓународниот црвен крст соопшти дека во првите воздушни напади е убиено едно, а се повредени 14 лица.

Почеток на нов светскиот поредок

А1 - 20.03.2003

Американскиот претседател Џорџ Буш, со подршка на британскиот премиер Тони Блер, започнувајќи ја за денеска најавената војна за уривање на режимот на ирачкиот лидер Садам Хусеин, означи почеток на крупни промени во светскиот поредок.

САД под засилена заштита од тероризам

А1 - 20.03.2003

Американскиот претседател Џорџ Буш изутрината ја извести нацијата дека започна воената интервенција против Ирак, а низ целата држава забележливо е значително зголемено присуство на полицијата поради стравот од можни терористички напади.

Кој е Садам Хусеин?

А1 - 20.03.2003

Садам Хусеин е роден на 28 април 1937 година, во селото Ал-Авџа, кај градот Тикрит, 175 километри северно од Багдад. Член е на БААС партијата од своите 20 години, а една година по симнувањето на монархијата, во 1959 година, учествувал во заговорот против претседателот Абдул Карим Касем.

Садам Хусеин: „Ирак ќе победи“

А1 - 20.03.2003

Ирачкиот претседател Садaм Хусеин во денешното обраќање до нацијата повика на отпор против војната што ја започна САД и најави победа. Облечен во воена униформа и црна беретка Садам изјави: „Вие ќе бидете победници против нашите непријатели. Ќе им се спротивставиме на окупаторите.

МНР жали за неуспехот на дипломатијата околу Ирак

А1 - 20.03.2003

МНР, по повод започнувањето на војната во Ирак, „со жалење констатира дека сите напори на меѓународната заедница за мирно решавање на ирачката криза се покажаа како неуспешни“. „Изразуваме надеж дека воената операција за разоружување и уништување на средствата за масовно уништување на режимот на ...

Батлер пред македонските политичари го бранеше нападот врз Ирак

А1 - 20.03.2003

Американскиот амбасадор во Македонија Лоренс Батлер вечерва пред дел од македонските политичари ги презентираше американските аргументи за нападот врз Ирак. „Садам Хуесин е прв кој употреби хемиско оружје против својот народ.

Трајковски ја потврди поддршката за војната во Ирак

А1 - 20.03.2003

Претседателот Борис Трајковски, во првата официјална реакција во Македонија на почетокот на нападите врз Ирак, ја потврди „припадноста и поддршката на Република Македонија“ на коалицијата предводена од САД и Велика Британија во акцијата за разоружување на режимот на Садам Хусеин.

Реакции по почетокот на војната во Ирак

А1 - 20.03.2003

Разочараност, жалење, „сериозна политичка грешка“, се дел од реакциите во светот за почетокот на војната во Ирак, повикувајќи ги САД да ги запрат нападите. Некои од државите отворено ја поддржаа воената операција. ООН : Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан денеска ги повика двете ...

Ракетирана резиденција на Садам Хусеин

А1 - 20.03.2003

Американски проектили вечерва ја погодиле резиденцијата на ирачкиот претседател Садам Хусеин во Багдад, каде тој живее со неговиот син Удај и семејството. Никој не е повреден, јавува ирачкото радио. Багдад вечерва е изложен на интензивно бомбардирање и во градот се слушаат силни експлозии и оган од ...

Иран и Ирак си разменија заробеници

Вест - 20.03.2003

Ирачките воени заробеници чекаат на ред на граничкиот премин за влез во Ирак ТЕХЕРАН, 20 март (Ројтерс) - Ирак соопшти дека вчера заврши првата фаза од големата размена на заробеници со соседен Иран во која се вклучени 1.200 осуденици меѓу кои има и стотина кои биле заробениво Иранско-ирачката ...

Македонија во војна со Ирак со уставното име

Вест - 20.03.2003

САД НИ НАПРАВИЈА ЧЕСТ Стејт депратментот го објави списокот на земји што го поддржуваат Вашингтон во војната против Ирак Македонија ќе учествува во војната со Ирак под своето уставно име. Таа се најде на конечната листа на земји што ги поддржуваат САД, и тоа не под името БЈРМ туку како Република ...

Македонските дипломати ќе бараат дополнителна заштита во странство

Утрински - 20.03.2003

МНР Македонските дипломати во странство ќе бараат дополнителна заштита од земјите во кои се акредитирани, поради опасноста за нивната безбедност по очекуваната воена интервенција врз Ирак. Ваквата препорака е упатена вчера до македонските амбасади во странство од страна на Министерството за ...

Садам го притворил синот Удај

Дневник - 20.03.2003

КУВАЈТСКИ ВЕСНИК Кувајтскиот весник "Ал хабас" тврди дека Садам Хусеин го ставил во домашен притвор својот син Удај откако дознал дека тој побарал азил од јорданските власти, јави МИА. Според весникот, Удај се решил да побара засолниште во Јордан бидејќи бил незадоволен од тоа што неговиот брат ...

Фрлени два милиона летоци врз Ирак

Утрински - 20.03.2003

Британско-американска воздушна акција ВАШИНГТОН - Британските и американските авиони вчера фрлија речиси два милиона летоци врз Ирак, во 29 воени и цивилни локации во југоисточниот дел на земјата, соопшти американската војска.

Ирачката војна е многу веројатно да се случи за два дена

Утрински - 20.03.2003

Според главниот американски поморски командант во Заливот Главниот американски поморски командант во Заливот, вчера ги извести морнарите дека војната со Ирак е "многу веројатно" да се случи за неколку дена. "Не знам сигурно дека ќе заминете.

МНР формира кризен штаб за војната во Ирак

Вест - 20.03.2003

Министерство за надворешни работи, формира кризен штаб за следење на настаните поврзани со Ирак. Во координација со дипломатско-конзуларните претставништва, Кризниот штаб ќе ги следи евентуалните безбедносни, политички и економски последици од таквите настани, можноста од бран бегалци, а ќе работи ...

Сојузниците ја најавуваат најжестоката пиротехничка претстава во историјата

Дневник - 20.03.2003

ВОЕНИ ПЛАНОВИ ЗА БОМБАРДИРАЊЕ И ИНВАЗИЈА НА ИРАК Врз одлуката за напад ќе влијае и временската прогноза, особено откако пустинска луња завчера ги запраши американските инвазиски сили распоредени на кувајтско-ирачката граница Војната против Ирак ќе почне за ден-два "на спектакуларен начин, без ...

Турција не ја дава територијата за авионите бомбардери

Вест - 20.03.2003

Анкара, 20 март (АП) - Американските и британските воени авиони што ќе полетуваат од турската воена база "Инџирлик" во рамките на евентуалната воена интервенција против Багдад, нема да им биде дозволено да бомбардираат цели во ...

МНР формира кризен штаб за следење на ситуацијата со Ирак

Утрински - 20.03.2003

ПОДГОТОВКИ Во македонското Министерство за надворешни работи е формиран Кризен штаб за следење на настаните поврзани со Ирак. Во координација со дипломатско-конзуларните претставништва, Кризниот штаб ќе ги следи евентуалните безбедносни, политички и економски последици од таквите настани, можноста ...

Спремни сме за акција

Капитал - 20.03.2003

Кондолиза Рајс, советничката на Џорџ Буш за национална безбедностСпремни сме за акцијаНафтата и другите ирачки богатства им припаѓаат на Ирачаните. Меѓутоа, промените ќе се состојат во тоа што огромните приходи кои се остваруваат од продажбата на нафтата нема, како досега, да се користат за градење ...

Ирачкиот Парламент го одби американскиот ултиматумот

А1 - 19.03.2003

Ирачкиот Парламент денеска едногласно го одби американскиот ултиматум за напуштање на државата на ирачкиот претседател само неколку часа пред истекот на времето дадено со ултиматумот. „Заминувањето на Садам во егзил нема никогаш да се случи.

Садам Хусеин - синови и соработници

А1 - 19.03.2003

Биофграфските подароци за Садам Хусеин и неговото семејство многу тешко се наоѓаат. Официјална биграфија на ирачкиот претседател не постои, а скудни се и информациите за неговите блиски соработници. Садам Хусеин, цело име Садам Хусеин ал-Тикрити, е роден на 28 април 1937 година во ирачкиот регион ...

Турција забрани од нејзина територија да се напаѓа Ирак

А1 - 19.03.2003

На американските и британските воени авиони што ќе полетуваат од турската воена база „Инџирлик“ во рамките на евентуалната воена интервенција против Багдад, нема да им биде дозволено да бомбардираат цели во Ирак, изјави за западни медиуми неименуван извор близок до Владата во Анкара.

Ирачката републиканска гарда - елитните трупи на Садам Хусеин

А1 - 19.03.2003

Ирачката републиканска гарда е најефикасната воена единица на Блискиот Исток, од аспект на воениот морал и нејзината техничка опременост. Речиси 75-те илјади припадници на оваа формација се опремени со модерно оружје, со посебни услови за сместување отколку преостанатите 380 илјади ирачки војници.

Војната против Ирак ќе започне за два дена

А1 - 19.03.2003

Војната против Ирак ќе почне најверојатно за два дена, јавија денеска дел од западните медиуми, пренесувајќи го тврдењето кое денеска на екипажот на „Кити Хоук“ им го пренел вицеадмиралот Тимоти Кијтинг. Американски трупи денеска навлегоа во демилитаризираната зона долж границата меѓу Кувајт и ...

Кризен штаб во МНР за следење на настаните во Ирак

А1 - 19.03.2003

Во Министерството за надворешни работи е формиран Кризен штаб за следење на настаните поврзани со Ирак. Штабот го води државниот секретар Ристо Никовски, а сотавен е од државните советници на министерството. Во координација со дипломатско-конзуларните претставништва, Кризниот штаб ќе ги следи ...

Американски „блицкриг“ против Ирак

А1 - 19.03.2003

Американските гласила деновиве се преплавени со анализи за војната со Ирак, откакао стана јасно дека нема назад по ултиматумот што претседателот на САД Џорџ Буш му го постави на ирачкиот лидер Садам Хусеин да ја напушти својата земја до утре во еден часот изутрина.

Поважни факти за Ирак

А1 - 19.03.2003

Ирак зафаќа површина од 437.000 квадратни километри и во него живеат 23 милиони жители (урбаната популација опфаќа 70 отсто). Главен град на Ирак е Багдад, населен со 5 милиони луѓе. Во државата живеат неколку етнички групи меѓу кои 80 отсто се Арапи, 16 отсто се Курди, а 4 отсто се Ерменци, ...

Одбројувањето за Садам запира в четврток во 2.15 часот

Дневник - 19.03.2003

Дводневниот ултиматум за Садам да ја напушти власта или да се соочи со инвазија завршува во четврток рано наутро. Буш го постави ултиматумот во вторникот во 2.15 часот според наше време (понеделник 20.15 часот во Вашингтон, односно вторник 4.15 часот во Багдад).

Американските војници ги вршат последните подготовки за напад врз Ирак

Утрински - 19.03.2003

Кувајтска Пустина СЕВЕРЕН КУВАЈТ - Американските единици во Кувајтската Пустина вчера изутрина се преместуваа на нови позиции и вршеа последни подготовки за инвазија врз Ирак, додека американскиот претседател Џорџ Буш му даде на Багдад ултиматум за војна од 48 часа.

Кофи Анан му нареди на персоналот на ОН да го напушти Ирак

Утрински - 19.03.2003

Откако САД, Британија и Шпанија се откажаа од напорите да добијат поддршка од ОН за воена акција ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Генералниот секретар на Обединетите нации, Кофи Анан, во понеделникот му нареди на персоналот на ОН да го напушти Ирак откако САД, Британија и Шпанија се откажаа од напорите да добијат ...

Синот на Хусеин не го прифаќа американскиот рок

Вест - 19.03.2003

БАГДАД, 19 март (Ројтерс) - Најстариот син на Садам Хусеин вчера го отфрли американскиот ултиматум поставен за ирачкиот лидер и неговите синови да заминат во егзил или да се соочат со војна, и изјави дека американските сили ако извршат инвазија ќе се соочат со крвави борби.

Буш почна да одбројува

Вест - 19.03.2003

48 - ЧАСОВНИОТ УЛТИМАТУМ ЗА ИРАЧАНИТЕ ИСТЕКУВА УТРЕ ВАШИНГТОН, 19 март (Ројтерс) - Со својот ултиматум од 48 часа американскиот претседател Џорџ Буш му постави рок на ирачкиот претседател Садам Хусени да си замине од власт до утревечер.

Легитиметот на ОН е намален - силата се стави над правдата

Утрински - 19.03.2003

Светот се подели по ултиматумот на Џорџ Буш ЛОНДОН - По ултиматумот кој американскиот претседател Џорџ Буш му го упати на ирачкиот претседател Садам Хусеин, по повлекувањето на Предлог-резолуцијата за Ирак во Советот за безбедност, опозицијата во Франција и во Германија која се противи на војната, ...

Садам Хусеин го одби ултиматумот на Џорџ Буш

Утрински - 19.03.2003

Американскиот претседател му постави 48-часовен ултиматум на ирачкиот претседател за војна БАГДАД/ВАШИНГТОН- Ирачкиот претседател, Садам Хусеин, го отфрли американскиот ултиматум да замине во егзил или да се соочи со војна, откако американскиот претседател Џорџ Буш во понеделникот му даде улиматум ...

Нема да има војна ако се предаде Садам утре сабајле

Дневник - 19.03.2003

ПОСЛЕДНА ЗАКАНА ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БУШ Садам вчера го отфрли ултиматумот, а неговиот син Удај на Американците им се закани со крвава борба за секоја педа од Ирак Американскиот претседател Џорџ В. Буш вчера им порача на ирачкиот лидер Садам Хусеин и на неговите синови дека имаат рок од 48 ...

Македонските граѓани веднаш да го напуштат Ирак

А1 - 18.03.2003

Македонските граѓани кои по различна основа се наоѓаат во Ирак или во земјите во неговото непосредно соседство, а чие присуство не е неопходно, веднаш да го напуштат блискоисточниот регион, препорача денеска МНР. Имајќи ги предвид актуелните состојби, МНР веќе ги извести македонските граѓани во ...

Војната се’ поизвесна до крајот на неделава

А1 - 18.03.2003

Американскиот претседател Џорџ Буш му даде ултиматум на ирачкиот лидер Садам Хусеин и неговите синови да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, ако сака да ја избегне војната. Ирачкото раководство го одби ултиматумот, најавувајќи победа на Ирак врз САД во „ирачката последна битка“.

Бомбардерите ги загреваат моторите

Дневник - 18.03.2003

ВО СЕКОЈ МОМЕНТ СЕ ОЧЕКУВА ДА ПОЧНЕ НОВАТА ЗАЛИВСКА ВОЈНА Буш подготви говор во кој бара од ирачкиот лидер Садам Хусеин да го напушти Ирак за да избегне војна Инспекторите за оружје на Обединетите нации вчера добија наредба итно да се повлечат од Ирак, што се толкува како знак дека сојузничките ...

Ирак ќе се брани со герила и со тероризам

Дневник - 18.03.2003

ОЧЕКУВАЈЌИ ИНВАЗИЈА Аналитичарите предвидуваат дека мали и мобилни единици на Револуционерната гарда ќе се прикријат на очекуваниот пат на непријателите и ќе отвораат оган врз конвоите Ирачките единици ќе се обидат со партизанско војување што е можно повеќе да ја забават очекуваната инвазија на ...

Македонските граѓани ќе се повлекуваат до Кувајт?

Дневник - 18.03.2003

МНР Министерството за надворешни работи наредниве денови, доколку се процени дека има потреба, ќе ги повика македонските граѓани да се повлечат од регионот околу Ирак. Засега останува препораката македонските граѓани да се обраќаат до Амбасадата на Србија и Црна Гора во Кувајт за евентуална ...

За Париз, Берлин и за Москва војната ќе биде грешка

Утрински - 18.03.2003

Големите европски сили и членки на Советот за безбедност цврсто остануваат на својот став Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера изјави дека ирачката криза треба да се разреши по мирен пат и дека секој друг приод ќе биде грешка.

Светот го напушта Ирак

Вест - 18.03.2003

НА САДАМ ХУСЕИН МУ СЕ ОДБРОЈУВААТ МИНУТИТЕ ЗА ВОЈНА Инспекторите на ОН добиле предупредување од САД дека е време да си одат од Багдад, а тоа веќе го стори речиси сиот дипломатски персонал во Ирак ВИЕНА, 18 март (Ројтерс) - Главниот инспектор за нуклеарно оружје на ОН Мохамед Ел Барадеи вчера изјави ...

Војна без амин ќе ги разниша ОН

Утрински - 18.03.2003

Експертите за меѓународно право со спротивставени гледишта за војната во Заливот Велика Британија и САД може многу брзо да се најдат во војна со Ирак иако се уште е присутна дилемата - дали таа ќе биде легална или не? Експертите за меѓународно право имаат спротивставени гледишта во врска со тоа што ...

Буш вечерва ќе најави војна против Ирак

А1 - 17.03.2003

Американскиот претседател Џорџ Буш вечерва ќе и се обрати на нацијата со ултиматум до ирачкиот претседател Садам Хусеин да ја напушти земјата, со што и практично ќе ја најави воената операција против Ирак. Белата куќа денеска соопшти дека обидите за разоружување на Ирак по дипломатски пат се ...

Садам Хусеин организира одбрана од очекуваната инвазија

Дневник - 17.03.2003

БАГДАД Ирачкиот претседател Садам Хусеин завчера со декрет ја подели земјата на четири воени зони под негова команда и им нареди на силите за безбедност да ги уништат сите непријателски сили при евентуална инвазија од САД и нивните сојузници, јави Ројтерс.

Буш, Блер и Азнар бараат нова тактика да го убедат светот да го нападне Ирак

Утрински - 17.03.2003

Вонредна средба за ирачката криза меѓу САД, Велика Британија и Шпанија ЛОНДОН - Велика Британија вчера инсистираше дека самитот со САД и Шпанија не е совет за војна и дека ќе бидат разгледани неколку опции, меѓу кои и можното мировно решение на ирачката криза.

САД се задоволни од поддршката на Македонија

Утрински - 17.03.2003

Оцена на американскиот амбасадор во Скопје "Задоволен сум од силната поддршка на претседателот Трајковски и Владата", во саботата рече американскиот амбасадорот во Македонија, Лоренс Батлер, и прецизира дека с? уште се водат разговори и за можноста за испраќање македонски војници во Ирак.

Во северен Ирак може да се судрат Турците и Американците

Утрински - 17.03.2003

САД ја предупредуваат Турција АНКАРА - Претседателот на САД Џорџ Буш деновите испратил писмо до новиот премиер на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во кое го предупредува дека евентуалната едностарана воена интервенција на Анкара во северен Ирак може да доведе до судири меѓу турските и американските ...

Војната против Ирак за сојузниците ќе биде легитимна и без резолуција од ОН

Дневник - 17.03.2003

ДИПЛОМАТСКА ПРЕСМЕТКА СПРОТИ ОЧЕКУВАНАТА ВОЈНА ВО ИРАК Шпанскиот премиер вчера изјави дека САД и сојузниците имаат легитимна основа да го нападнат Ирак и без нова резолуција од Советот за безбедност на Обединетите нации, јави Ројтерс. - Нова резолуција од ОН е пожелна, но не е правно неопходна.

Нема потреба од нова резолуција за Ирак

Вест - 17.03.2003

Лондон/Париз 17 март (АП) - Одобрувањето нова резолуција за Ирак во Советот за безбедност на ОН е политички пожелен, но не и неопходен чекор за решавање на ирачката криза, тврди шпанскиот премиер Хозе Марија Азнар. Тој вчера на Азорските острови се сретна со американскиот претседател Џорџ Буш и ...